Јохан Тарчуловски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Биографија: дополнување
Ред 38: Ред 38:
== Биографија ==
== Биографија ==


Основното образование Јохан Тарчуловски го завршил во основното училиште „Петар Здравковски - Пенко“. Средното образование го продолжил во земјоделското средно училиште „Браќа Миладиновци“. По завршувањето на средното училиште во 1993 до 1994 година заминал на отслужување на воениот рок во касарната Илинден во [[Скопје]]. Во 2004 година се запишал на студии на Правниот Факултет на ФОН.
Основното образование Јохан Тарчуловски го завршил во основното [[училиште]] „[[Петар Здравковски - Пенко]]“. Средното образование го продолжил во земјоделското средно училиште „[[Браќа Миладиновци]]“. По завршувањето на средното училиште во [[1993]] до [[1994]] година заминал на отслужување на воениот рок во касарната „Илинден“ во [[Скопје]]. Во младоста, тој бил познат како водач на „Комитите“, навивачката група на [[ФК Вардар|ФК „Вардар“]].<ref>Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, ''Фокус'', број 1110, 4 ноември 2016, стр. 20-23.</ref> Во [[2004]] година се запишал на студии на Правниот Факултет на [[Универзитет ФОН|ФОН]].


Јохан е член на [[ВМРО-ДПМНЕ]] и член на првиот иницијативен одбор за формирање на унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 станал Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чаир. По победата на ВМРО-ДПМНЕ во [[1998]] година стапил во обезбедувањето на премиерот [[Љубчо Георгиевски]]. Во 1999 година на лично барање на претседателот [[Борис Трајковски]] станал негово лично обезбедување. На оваа функција се задржал до смртта на претседателот.
Тарчуловски е член на [[ВМРО-ДПМНЕ]] и член на првиот иницијативен одбор за формирање на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 станал претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за [[општина Чаир]]. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во [[1998]] година стапил во обезбедувањето на премиерот [[Љубчо Георгиевски]]. Во [[1999]] година, на лично барање на претседателот [[Борис Трајковски]], станал негово лично обезбедување. На оваа функција се задржал до [[Смрт|смртта]] на претседателот.


Во 2005 година од страна на Хашкиот трибунал бил осуден на 12 години затвор. Според обвинението, полициската единица под команда на Јохан Тарчуловски влегла во селото [[Љуботен]] утрото на 12 август и застрелале и убиле шест невооружени етнички Албанци а десетмина од нив биле подложени на понатамошни тепања кај полицискиот контролен пункт на влезот од селото и подоцна во полициската станица Мирковци во Скопје. Како последица на ова еден од нив починал. Освен тоа припадниците на полициската единица намерно запалиле најмалку 14 куќи во селото што причинило сериозна штета на тие куќи. Истиот ден околу 90 етнички Албански мажи кои бегале од селото биле подложени на сурово постапување од други припадници на полицијата кај полицискиот контролен пункт во близина на селото, и подоцна во неколку полициски станици во Скопје, во Основен суд Скопје 2 и Градската болница во Скопје.
Во [[2005]] година од страна на Хашкиот трибунал бил осуден на 12 години [[затвор]]. Според обвинението, полициската единица под команда на Јохан Тарчуловски влегла во селото [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]], утрото на [[12 август]], и застрелале и убиле шест невооружени етнички [[Албанци]], а десетмина од нив биле подложени на понатамошни тепања кај [[Полиција|полицискиот]] контролен пункт на влезот од селото и подоцна во полициската станица „[[Мирковци]]“ во [[Скопје]]. Како последица на ова, еден од нив починал. Освен тоа, припадниците на полициската единица намерно запалиле најмалку 14 куќи во селото,<ref>Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, ''Фокус'', број 1110, 4 ноември 2016, стр. 20-23.</ref> што причинило сериозна штета на тие куќи. Истиот ден, околу 90 етнички Албански мажи кои бегале од селото биле подложени на сурово постапување од други припадници на полицијата кај полицискиот контролен пункт во близина на селото, и подоцна во неколку полициски станици во Скопје, во Основен суд Скопје 2 и Градската болница во Скопје.


Бил екстрадиран во [[Хаг]] на [[16 март]] [[2005]] година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ се покренала на [[15 март]] [[2005]] година, а јавната расправа започнала на [[16 август]] [[2007]] година.<ref>''Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)''</ref>
Тарчуловски бил екстрадиран во [[Хаг]] на [[16 март]] [[2005]] година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ бил поднесен на [[15 март]] [[2005]] година, а јавната расправа започнала на [[16 август]] [[2007]] година.<ref>''Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)''</ref> На судењето, Тарчуловски бил осуден на затворска казна во тарење од 12 години, која подоцна му била намалена на осум години. Притоа, тој отслужил шест години во затворот во [[Шевенинген]], а останатите две години во градот Диц, [[Германија]]. На [[10 април]] [[2013]] година, Тарчуловски бил ослободен од затворот. Притоа, при неговото враќање дома, на аеродромот го пречекале премиерот [[Никола Груевски]], највисоките раководители на ВМРО-ДПМНЕ, неговото [[семејство]] и илјадници поддржувачи, а прославата продолжила на плоштадот во Скопје. Исто така, премиерот Груевски и претседателот [[Ѓорге Иванов]] му приредиле официјален пречек во своите кабинети, оддавајќи му почит за жртвата што ја поднесол за својата татковина.<ref>Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, ''Фокус'', број 1110, 4 ноември 2016, стр. 20-23.</ref>


По враќањето во Македонија, Тарчуловски станал организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, тој дипломирал на Земјоделскиот факултет на [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]]. Според податоците од Централниот регистар, Тарчуловски е сопственик на [[Трговско друштво|трговското друштво]] „Мел-Ком транс“ [[Друштво со ограничена одговорност со едно лице|ДОЕЛ]], регистрирана со претежна дејност патен транспорт, а чиј управител е неговата сопруга Соња Тарчуловска. Фирмата била основана на [[21 јули]] [[2008]] година (додека Тарчуловски се наоѓал в затвор), а била регистрирана со почетен паричен влог од 10.000 [[Евро|евра]] и непаричен влог од 22.000 евра. Во 2014 година, фирмата остварила вкупен приход од 269.733 евра и вкупни расходи од 261.159 евра, додека во 2015 година, вкупните приходи изнесувале 343.729 евра, а вкупните расходи 336.192 евра.
Јохан Тарчуловски бил предвремено помилуван и пуштен од затворот во градот Диц во Германија на [[10 април]] [[2013]] година. Во Македонија беше пречекан од илјадници луѓе на плоштадот во Скопје.


Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка [[Соња Тарчуловска]] со која имаат две деца.
Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка [[Соња Тарчуловска]] со која имаат две деца.

Преработка од 15:09, 5 ноември 2016

Johan Tarculovski
Изворно имеЈохан Тарчуловски Предлошка:Mk icon
Роден17 ноември 1974
Љубанци, Македонија Македонија
Држава Македонија
Род МВР
Служба2001
Чин Генерал
ЕдиницаТигри
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001
Сопружник/циСоња Тарчуловска (2 деца)

Јохан Тарчуловски (Љубанци, 17 ноември 1974) е македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војната во Македонија во 2001 година, обвинет и осуден од обвинителството на Хашкиот трибунал за повреди на законите и обичаите на војувањето на 12 август 2001 година во село Љуботен (член 7/1 од Статутот на Трибуналот, за кривични дела наведени во член 3 – наредување, планирање, поттикнување, помагање или поддржување убиство, смислено уништување градови и села и сурово постапување).

Биографија

Основното образование Јохан Тарчуловски го завршил во основното училиштеПетар Здравковски - Пенко“. Средното образование го продолжил во земјоделското средно училиште „Браќа Миладиновци“. По завршувањето на средното училиште во 1993 до 1994 година заминал на отслужување на воениот рок во касарната „Илинден“ во Скопје. Во младоста, тој бил познат како водач на „Комитите“, навивачката група на ФК „Вардар“.[1] Во 2004 година се запишал на студии на Правниот Факултет на ФОН.

Тарчуловски е член на ВМРО-ДПМНЕ и член на првиот иницијативен одбор за формирање на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 станал претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чаир. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година стапил во обезбедувањето на премиерот Љубчо Георгиевски. Во 1999 година, на лично барање на претседателот Борис Трајковски, станал негово лично обезбедување. На оваа функција се задржал до смртта на претседателот.

Во 2005 година од страна на Хашкиот трибунал бил осуден на 12 години затвор. Според обвинението, полициската единица под команда на Јохан Тарчуловски влегла во селото Љуботен, утрото на 12 август, и застрелале и убиле шест невооружени етнички Албанци, а десетмина од нив биле подложени на понатамошни тепања кај полицискиот контролен пункт на влезот од селото и подоцна во полициската станица „Мирковци“ во Скопје. Како последица на ова, еден од нив починал. Освен тоа, припадниците на полициската единица намерно запалиле најмалку 14 куќи во селото,[2] што причинило сериозна штета на тие куќи. Истиот ден, околу 90 етнички Албански мажи кои бегале од селото биле подложени на сурово постапување од други припадници на полицијата кај полицискиот контролен пункт во близина на селото, и подоцна во неколку полициски станици во Скопје, во Основен суд Скопје 2 и Градската болница во Скопје.

Тарчуловски бил екстрадиран во Хаг на 16 март 2005 година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ бил поднесен на 15 март 2005 година, а јавната расправа започнала на 16 август 2007 година.[3] На судењето, Тарчуловски бил осуден на затворска казна во тарење од 12 години, која подоцна му била намалена на осум години. Притоа, тој отслужил шест години во затворот во Шевенинген, а останатите две години во градот Диц, Германија. На 10 април 2013 година, Тарчуловски бил ослободен од затворот. Притоа, при неговото враќање дома, на аеродромот го пречекале премиерот Никола Груевски, највисоките раководители на ВМРО-ДПМНЕ, неговото семејство и илјадници поддржувачи, а прославата продолжила на плоштадот во Скопје. Исто така, премиерот Груевски и претседателот Ѓорге Иванов му приредиле официјален пречек во своите кабинети, оддавајќи му почит за жртвата што ја поднесол за својата татковина.[4]

По враќањето во Македонија, Тарчуловски станал организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, тој дипломирал на Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според податоците од Централниот регистар, Тарчуловски е сопственик на трговското друштво „Мел-Ком транс“ ДОЕЛ, регистрирана со претежна дејност патен транспорт, а чиј управител е неговата сопруга Соња Тарчуловска. Фирмата била основана на 21 јули 2008 година (додека Тарчуловски се наоѓал в затвор), а била регистрирана со почетен паричен влог од 10.000 евра и непаричен влог од 22.000 евра. Во 2014 година, фирмата остварила вкупен приход од 269.733 евра и вкупни расходи од 261.159 евра, додека во 2015 година, вкупните приходи изнесувале 343.729 евра, а вкупните расходи 336.192 евра.

Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска со која имаат две деца.

Поврзано

Наводи

  1. Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, Фокус, број 1110, 4 ноември 2016, стр. 20-23.
  2. Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, Фокус, број 1110, 4 ноември 2016, стр. 20-23.
  3. Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)
  4. Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, Фокус, број 1110, 4 ноември 2016, стр. 20-23.