Кавал: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Медија:Sarplaninska ezgija.ogg|''Шарпланинска езгија'' за кавал во изведба на мајстор [[Миле Коларов]]]]

[[Слика:kaval.jpg|thumb|right|200px|Кавал]]
[[Слика:kaval.jpg|thumb|right|200px|Кавал]]
'''Кавалот''' е македонски народен [[дувачки инструмент]] отворен од двете страни, изделкан од едно [[јасен|јасеново]] парче и орнаментиран низ целата должина. Горниот крај на кавалот е малку стеснет и со остар раб. Овој инструмент има 7 дупки за прстите на лицето и една за палецот на опачината. Дупките се рамномерно распоредени (со 2 см раздалеченост), со тоа што шестата дупка е отприлика при средината на инструментот.

Преработка од 09:32, 24 март 2006

[[Медија:Sarplaninska ezgija.ogg|Шарпланинска езгија за кавал во изведба на мајстор Миле Коларов]]

Кавал

Кавалот е македонски народен дувачки инструмент отворен од двете страни, изделкан од едно јасеново парче и орнаментиран низ целата должина. Горниот крај на кавалот е малку стеснет и со остар раб. Овој инструмент има 7 дупки за прстите на лицето и една за палецот на опачината. Дупките се рамномерно распоредени (со 2 см раздалеченост), со тоа што шестата дупка е отприлика при средината на инструментот.

При свирење, кавалот се држи со двете раце под агол од околу 45° во однос на телото, со тоа што четири прста од едната рака работат со долните купки, а со горните три дупки и задната палечна дука работи другата. Устата покрива ~34 од крајот на кавалот. Промената на притисокот при дување во него го менува и висината на звукот.

Зависно од клучот (тоналитетот), кавалот може да биде во повисок регистар (C, C#), среден регистар (D, H) или низок регистар (A, B). Кавалот може да свири 215 октави од хроматичната скала. Звукот му е топол, меланхоличен и пријатен.

Додека во минатото ова бил овчарски инструмент, денеска се користи во народни песни и ора како дел од ансамбл или соло. Кавалот често се свири во парови. Првиот кавалџија (или водач) го води другиот (полагач), со тоа што кавалот е во истиот клуч, обично понизок, како C, C#, D, иако се користат и други клучеви. Калибарот на кавалот е 16мм, но постојат и кавали со калибар од 17mm кои се препорачуваат на поискусни кавалџии од изработувачот Стојанче Костовски.

Кавалот обично стои на дрвен држач (арбија), кој го штити од искривување и ја чува внатрешноста замастена.