Индиска книжевност: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sk:Indická literatúra
Ред 67: Ред 67:
[[hu:Indiai irodalom]]
[[hu:Indiai irodalom]]
[[pl:Literatury indyjskie]]
[[pl:Literatury indyjskie]]
[[sk:Indická literatúra]]
[[sv:Indisk litteratur]]
[[sv:Indisk litteratur]]
[[ta:இந்திய இலக்கியம்]]
[[ta:இந்திய இலக்கியம்]]

Преработка од 15:26, 8 август 2008


Историја на книжевноста
Античка книжевност
Арапска книжевност
Грчка книжевност
Египетска книжевност
Индиска книжевност
Јапонска книжевност
Кинеска книжевност
Македонска книжевност
Персиска книжевност
Римска книжевност

Индиската литература се развива на огромниот Индиски Полуостров, односно потконтинент со преку милијарда жители и култури стари илјадници години. На овој полуостров, различните народности зборуваат околу 800 јазици. Од 4 основни групи на јазици, високо е развиена литературата на индоевропските јазици (северна Индија) и на дравидските јазици (југот на Индија и источен Декан), додека помалку значајна е литературата на тибетско-бурманските јазици, додека на мунда-јазиците скоро и да не постои.

Индоевропската индиска литература се дели на неколку периоди од нејзиниот развиток.

Литературата на ведите

Најстарата индиска литература во вид на збирка од химни и различни религиозни записи е напишана на архајски санскрит. Се смета дека овие литературни творби се собирани во X век п.н.е. Збирката од химните и религиозните записи се состои од 4 книги: риг-веди, сама-веди, јаџур-веди и атхарва-веди. Најстари се риг-ведите и се верува дека тие настанале пред хомеровите спевови. Литературата на ведите со векови е пренесувана усмено.

Сутрите се најкасно создадени и припаѓаат на литературните облици од околу 400 год. п.н.е. Упанишадите (тајните науки), брахманите и аријанаките се прозни дела со философско-религиозен карактер.

Среден период

Овој период од развитокот на старата индиска литература опфаќа најразлични епови. Главни дела се Махабхарата и Рамајана, а покрај нив и делото Валмики.

Темата за Махабхаратата е земена од времето на индиската експанзија од север во централна Индија, додека темата за Рамајана е земена од времето на походот на Цејлон (денешна Шри Ланка). И двете дела се напишани на санскрит, како и делата наречени пурани, книги со религиозни и историски преданија.

Философските системи ги основале Махавира и Буда, а нивните следбеници ги запишале низ списи на јазикот пали и разни други дијалекти.

Златен период

Златниот период на веќе санскритската литература е поврзан со династијата Гупта од Канауџ. Тогаш особено се негувале драмите, кои обично се изведувале во дворците на владетелите, со две карактеристични лика: Видушака и Вита, односно будала и мрза. Писателот Судрака ја напишал една од најстарите класични драми - Мркчакатика (односно Глинена количка, драмата се вика така бидејќи накитот на главната хероина по низа перипетии е најден во детски глинени играчки). Историската драма Мудриот Ракшаса (или Ракшаса и неговиот прстен) се случува во дворот на владетелот Чандра од Гуптите. Најголем дострел од времето на Гуптите на полето на литературата е постигнат во делата на Калидасе, лиричар и драматичар. Од него останале драмите Љубовта на Маловика и Агни, Урваси и Сакунтала (Изгубениот прстен). Последното дело, Сакунтала, е ремек-дело на кое многу му се восхитувал и Гете. Калидаса ги напишал и еповите за Семејството Рагу, за Создавањето на богот на војните, Облакот на гласниците и други.

Освен драмите на Калидаса, прочуена е и драмата на Бхавабхутиј Последна приказна за Рами и ѓерданот. Најдобар претставник на подоцнежниот златен период е Џајадева (нарекуван и Кавираџ, поетот-кнез), а најдобро му е делото лирската драма Гитаговинда (Песна за кравјиот чопор), во кој ја слави љубовта на малиот Кришна и млекарката Радхе.

Прави историски записи не постоеле во овој период. Поетот Бана ја испеал Харшакарита, историска романска за животот на владетелот Харша (606-647), а во XII век од школата за летописци од Кашмир се истакнува Калхан, писател на историјата за кралевите.

Посебен литературен вид, особено негуван во Индија, се басните и приказните со морални и религиозни параболи и поуки. Најпознати дела од ваков вид се Панчатантра (Пет поглавја) и Хитопадеса (Книга со корисни совети). Од овие зборници, преку класичната грчка, а подоцна и арапска литература, многу мотиви преминале во приказните на европските народи. Констатирано е дека во езоповите басни, во средновековниот Геста романорум, во бокачовиот Декамерон, па се до Лафонтен, Браќата Грим и Вук Караџиќ, одделни мотиви се црпени од Панчатантра.

Има многубројни приказни во Илјада и една ноќ кои се со потекло од Индија. Многу се значајни и прочуените правни споменици Дхарма-састра, прописи за церемониите и кастовите обичаи, Мануовиот законик и Артха-састра, кој учи како кралевите треба да управуваат, односно некој вид на индиски Макијавели.

Литература на јазикот хинди

Почетокот на оваа етапа од развитокот на индиската литература ја сочинуваат еповите и баладите од Раџпутаните, во кои се опишуваат јуначките подвизи на хинди кралевите против муслиманските завојувачи. Пресврт означува едно големо дело - Притхви-раџ-Расо, кое го напишал Чанд Бардаи.

Вишнаистичките идеи повторно оживеале, а литературата од т.н. период Бхакти ја има за главна тема вербата во еден семоќен бог со човечки облик кој се бори против злото во светот. Во овој потпериод се истакнале поетите Кабир, кој основите на хиндуизмот и исламот ги прилагодил на својата философија; потоа Тулсидас, кој во VI и XVII век одново ја напишал "Рамајана" на стариот аватхи облик на источниот хинди јазик; поетесата Мирабаи од Раџастан испеала химна во божја слава со многу голем успех.

Помеѓу XVII и XIX век е напишана одлична лирска поезија која на почетокот на XIX век го изгубила својот висок квалитет. Со отворањето на печатниците и под влијание на англиската литература силно се развила прозата, достигнувајќи го својот врв во делата на Прем Чамд (кој пишувал на урду), а кој воедно ја вовел и кратката приповетка. Освен овој писател, други млади автори ги негуваат сите литературни облици.

Литература на бенгалски јазик

Еден од најпознатите бенгалски поети од XIV и XV век е Чандидас, кој пишувал одлични лирски песни, додека Кришандас Кавираџ ја дал одличната биографија на Чаитање, вишнуански религиозен реформатор. Ова дело е едно од најпознатите на бенгалската индиска литература.

Пишувани се и многу јуначки приповетки и романтични балади. Пред Рабиндранат Тагоре, за најистакнат писател на модерната бенгалска литература се смета Банким Чандра, додека голема популарност во Бенгал стекнал и Исварчандра Видјасагар. Мајкл Матхусудан пишувал на англиски и бенгалски успешни лирски песни. Рабиндранат Тагоре е најпознат и најголем бенгалски книжевник. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда и негова е заслугата што бенгалскиот јазик се претворил во виртуозен литературен јазик.

Асамска литература

Асамската индиска литература се состои главно од побожни списи. Од писателите во XV и XVI век се истакнува Санкардева, а важно место завземаат прозните историски записи наречени буранџис, настанати под влијание на сијамските хроничари.

Литература на јазикот маратхи

Оваа литература се пишувала во западниот дел на Индија, каде и се зборува маратхи јазикот. Инандава дал значаен коментар за Бхагавадгита, дел од "Махабхарата" во кој богот Кришна дава божествена санкција: да се употреби насилство во уништувањето на злото. Од низа на поети и реформатори, најпознат е Тукарам. Одредени делови од историјата на овие области на Индија се опишани во баладите или проповедите.

Основите на модерната проза ја наложиле есеистите од XIX век, пишувајќи за општествените и политичките реформи. Меѓу најпознатите есеисти треба да се споменат Чипланкара, Агаркара, Ранадеа и Тилака, додека романи со општествени мотиви пишувал Хари Нарајан Апте.

Модерна гуџаратска литература

Во оваа индиска литература, со своите прилози се истакнале Махатма Ганди и К.М. Мунши. Може да се каже дека модерните индиски писатели, за разлика од оние до крајот на Првата светска војна, се повеќе ја напуштаат темата за индиското минато и митологија, и како Прем Чанд, и Мулк Раџ Ананд наоѓа свежи извори во секојдневниот живот на селанецот и граѓанинот, во нивните проблеми, борби, во настанувањето на индиската работничка класа, која со индустријализацијата на земјиштето станува се побројна.