Физичка величина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Уредување од мобилен извршник
Ред 1: Ред 1:

[[Податотека:Messschieber.jpg|мини|десно|250п|[[Шублер]]от е направа за мерење на физичката величина [[должина]], единица мерка е [[милиметар]].]]
'''Физичката величина''' — количествена карактеристика на еден објект или појава во [[физика]]та, или, пак, резултат од некое мерење. Се изразува како производ од бројната вредност {M} и [[Единица мерка|мерната единица]] [M]
' количествена карактеристика на еден објект или појава во [[физика]]та, или, пак, резултат од некое мерење. Се изразува како производ од бројната вредност {M} и [[Единица мерка|мерната единица]] [M]


:::<math>M=\{M\}\;[M]</math>
:::<math>M=\{M\}\;[M]</math>
Ред 15: Ред 15:
:W — е ознаката за [[ват]], единица за моќност.
:W — е ознаката за [[ват]], единица за моќност.


Во овој случај, под „мерење“ се подразбира процедура, при која на физичката величина ѝ се придава бројна вредност, при што се прави споредба со соодветна на неа вредност, означена како стандардна ([[прамерка]] или [[еталон]]). Поради ова, многу е важно да се установат стандардните вредности на основните физички величини. Тоа може да биде по различни начини и прифаќањето на еден начин е прашање на согласност. Списокот од стандардни вредности се нарекува [[систем на мерни единици]].
Во овој случај, под „мерење“ се подразбира процедура, при која на физичката величина ѝ се придава бројна вредност, при што се прави споредба со соодветна на неа вредност, означена како стандардна ([[прамерка]] или [[еталон]]). Поради ова, многу е важно да се установат стандардните вредности на основните физички величини. Тоа може да биде по различни начини и прифаќањето на еден начин е прашање на согласност. Списокот од стандардни вредности се нарекува [[систем на мерни единици]].


== Видови физички величини ==
== Видови физички величини ==

Преработка од 14:54, 18 септември 2016

' количествена карактеристика на еден објект или појава во физиката, или, пак, резултат од некое мерење. Се изразува како производ од бројната вредност {M} и мерната единица [M]

На пример, доколку имаме некаква моќност зададена како:

P = 42,3 × 103 W = 42,3 kW,

тогаш во овој запис:

Р — е ознаката за величината „моќност“
42,3 × 103 — нејзината бројна̀ вредност
к — е ознака за десеткратната претставка „кило“, која одговара на 103
W — е ознаката за ват, единица за моќност.

Во овој случај, под „мерење“ се подразбира процедура, при која на физичката величина ѝ се придава бројна вредност, при што се прави споредба со соодветна на неа вредност, означена како стандардна (прамерка или еталон). Поради ова, многу е важно да се установат стандардните вредности на основните физички величини. Тоа може да биде по различни начини и прифаќањето на еден начин е прашање на согласност. Списокот од стандардни вредности се нарекува систем на мерни единици.

Видови физички величини

Табела со физичките величини
Називи за размерите на физичките величини

Во зависност од математичкиот апарат кој се користи од страна на набљудувачот за оценка и мерење на физичките величини, тие се делат на скаларни, векторни и тензорни:

  • скалари - се карактеризираат со фиксирана вредност (наречена уште и инваријант), без изразена насоченост и независни од набљудувачот. Пример за ваква величина е масата. Во класичната физика, масата, температурата, енергијата и густината на телата имаат постојана вредност за сите набљудувачи (за разлика од теоријата на веројатноста, каде енергијата и температурата зависат од набљудувачот, па затоа тие не се скалари);
  • вектори - се карактеризираат со фиксирана вредност и насока, како на пример брзина, забрзување, сила. Тие се изразуваат на различен начин во зависност од референтниот систем на набљудувачот и за да се изедначат мерењата на различните набљудувачи е неопходно да се извршат векторски трансформации. Во класичната физика, интензитетот на електростатското поле е вектор (за разлика од теоријата на веројатноста, каде тој е тензор);
  • тензори - карактеризираат такви својства на физичките објекти, кои при преод од еден референтен систем во друг имаат потреба од преобразби со тензори. Пример за тензорна величина е диелектричната пропустливост во нехомогена средина.

Во зависност од својството „адитивност“ на дадена величина во системот и неговите потсистеми, физичките величини се делат на екстензивни и интензивни:

  • екстензивни се величините чии вредности во потсистемите се сумираат за да ја дадат вредноста во системот — на пример, маса, волумен;
  • интензивни се величините чија вредност во потсистемите е еднаква со вредноста во системот — на пример, температура, притисок.

Исто така, постојат и физички величини кои не се ниту екстензивни, ниту интензивни — на пример, должина, сила, време.

Поврзано