Отоманско Царство: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
|common_name = Отоманско Царство
|common_name = Отоманско Царство
|native_name = <big>دولتْ علیّه عثمانیّه</big><br />Девлет-и Алије-ји Османије<br />
|native_name = <big>دولتْ علیّه عثمانیّه</big><br />Девлет-и Алије-ји Османије<br />
|conventional_long_name = Отоманска Империја
|conventional_long_name = Отоманско Царство
|continent = [[Азија]], [[Европа]], [[Африка]]
|continent = [[Азија]], [[Европа]], [[Африка]]
|status =
|status =

Преработка од 22:20, 8 септември 2016

Отоманско Царство
دولتْ علیّه عثمانیّه
Девлет-и Алије-ји Османије
Податотека:Selcuklu.gif
1299 – 1923
Знаме Грб
Гесло
دولت ابد مدت
Девлет-и Ебед-мудет
(„Вечната држава“)
Химна
Химна на Отоманската Империја
Местоположба на Отоманско Царство
Граници на Отоманската Империја (1683) (Видете: Список на територии)
Главен град Согут (1302–1326)
Бурса (1326–1365)
Едрене (1365–1453)
Константинопол (1453–1922)[1][2]
Вероисповед сунитски ислам
Уредување Монархија
Султани
 -  1281–1326 (прв) Осман I
 -  1918–22 (последен) Мехмед VI
Голем Визер
 -  1320–31 (прв) Алаедин-паша
 -  1920–22 (последен) Ахмет Тевфик-паша
Историја
 -  Основана 1299
 -  Интерегнум 1402–1413
 -  Прва уставна ера 1876–1878
 -  Втора уставна ера 1908–1918
 -  Укинување на Султанатот (1 ноември 1922 година) и симнување на Мехмед VI, последниот султан (17 ноември 1922 година) 17 ноември, 1922
 -  Лозански мировен договор[3] 24 јули 1923
Површина
 -  1689 7210000 км²
Население
 -  1856 35350000 
 -  1906 20884000 
 -  1914 18520000 
 -  1919 14629000 
Валута акче, куруш, лира
Хронологија

Отоманско Царство или Османлиско Царство (отомански турски: دولتْ علیّه عثمانیّه Devlet-i Âliye-yi Osmâniyye;[4] турски: Osmanlı İmparatorluğu), исто така од современите историчари позната и како Турска Империја, претставувала мултиетничка држава што постоела во периодот од 1299 до 1922 година, или вкупно 624 години[5] како империјална монархија, или до 24 јули 1923 година, де јуре како држава[6].Таа била наследена од страна на Република Турција,[7]која официјално била прогласена на 29 октомври 1923 година.

Таа е една од најголемите империи што кога било владееле со границите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од страна на туркиското племе Огузи во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османлиската династија. Основач на династијата бил Осман I (неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако како династија не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се самопрогласил за султан. Дотогаш, владетелите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии.

Отоманската Империја своето име го добила по својот основач, првиот султан Осман I. На турски јазик, Осман се вика Отоман (Uthmān) од каде доаѓа и името на Отоманската Империја. Во дипломатијата, многу често била нарекувана и Висока Порта или само Порта, кое води потекло од францускиот превод за зборот Баб'и'али (турски: Bâb-i-âlî) кое значи „висока капија“, според интегрирањето на империјата од Европа во Азија.

Отоманската Империја во многу аспекти се смета за исламски наследник на Источната Римска Империја.[8]

Историја

Периодот од 1299 до 1453 година

Периодот од создавањето до интерегнумот

Почетокот на создавањето на Отоманската Империја се карактеризира со постојани Отоманско-византиски војни кои траеле околу 1,5 век. Потеклото на Отоманците може да се проследи назад во 11 век, кога на територијата на Анадолија опстојувале неколку мали муслимански емирати со турско потекло. Главната цел на овие т.н. анадолски бејлици била да ги одбранат своите територии од страна на Византија. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населиле голем број на турски народи.[9]Меѓутоа, во 1073 година и по победата на Селџучкото Царство во битката кај Манцикерт, овие анадолски бејлици добиле можност да прогласат своја независност од Селџуците. Меѓу овие помали кнежества било и кнежеството со престолнина во Согут. Тоа било предводено од страна на Ертугрул. Кога во 1281 година починал, неговиот син Осман станал негов наследник. Многу бргу по ова, новиот лидер се прогласил за врховен бег и основал нова династија, наречена според него Османлиска династија. Така, Осман станал првиот владетел на Османлиската Империја во 1299 година.[10]Во 1265 година, византискиот град Согут бил заземан од страна на Осман бег.[11]По падот на Согут, териториите на Осман започнале да се прошируваат на сметка на Византија. Во исто време, Осман I успеал да покори и неколку соседни турски емирати и племиња. Кон почетокот на 13 век, Осман започнал со опсади на неколку важни византиски тврдини. Така бил заземан Јенишехир, а по ова паднала Бурса и Никеја (денешен Изник), најголемиот византиски град во Анадолија. Бурса паднала во 1326 година, непосредно пред смртта на Осман.

Наследник на Осман станал неговиот син Орхан I. Тој продолжил со проширување на своите територии на сметка на Византија. Така во 1331 година паднала Никеја, а во 1337 паднала Никомедија. Бурса станала новата престолнина на султанатот. Во негово време, земјата започнала да се организира како држава во која биле пуштени односно изработени првите ковани пари, била направена модернизирана војска и слично. Орхан се оженил за Теодора, ќерка на византискиот принц Јован VI Кантакузин. Во 1346 година Орхан отворено го подржал Јован VI во симнувањето од престолот на Јован V Палеолог. Кога тој дошол на престолот, на Отоманците им било дозволено да го окупираат напуштениот Галиполи. Во следната деценија, Отоманците започнале колонизација на Тракија со муслиманско население. Сепак, византискиот император бил принуден да потпише договор со Орхан, според кој Византија ја признала загубата на Тракија.

Наследник на Орхан бил Мурат I. Првата поголема офанзива на новиот султан Мурат I била во 1365 година во битката кај Адријанопол. Византиската армија повторно доживеала пораз, со кое бил ставен почетокот на отоманското присуство на Балканот и Европа. Веднаш по битката, престолнината на Отоманците била пренесена од Бурса во Адријанопол, денешно Едрене. Ова преместување на престолнината на Отоманците им овозможило место при идните напади на балканските земји. Во 1354 година Отоманците ги поминале Дарданелите. Ова бил голем момент од нивното напредување по морски пат, бидејќи во голема мера го ограничиле поморскиот пат кон Константинопол, остварувајќи значајни победи против Венецијанската Република.

Во следните години следувале успешни воени походи против Бугарија, Македонија и Србија. Во Маричката битка (1371) Отоманците извојувале убедлива победа против христијаните од Балканот. По ова, Македонија и делови од јужна Србија потпаднале под отоманска власт. Битката била дел од напредувањето на Отоманците во освојувањето на Балканот. По оваа битка, Отоманците се упатиле кон внатрешноста на Србија, поточно кон Косово. До поголема битка дошло во 1389 година во т.н. Косовска битка. Битката завршила со катастрофален пораз на српската војска. Според голем дел од историчарите, Косовската битка била една од најзначајните победи на империјата.[12][13][14][15][16][17] Во оваа битка загинал султанот Мурат.

По оваа битка, новиот султан, Бајазит I, наредил сите српски затвореници да бидат погубени. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на Балканот поради кое главно бил наречен Јилдирим или молња. Една од најголемите негови победи е битката кај Никопол, во која остварил голема победа против христијанските сојузници. Во негово време, од исток се појавиле монголските освојувачи на чело со Тимур. Монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во Анадолија. До поголема војна дошло на 28 јули 1402 година кај Анкара. Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: Иса, Мехмед, Муса, Мустафа и Сулејман. Во битката Монголите извојувале голема победа. Султанот, заедно со син му Муса биле заробени. Следната година, султанот починал[18].

Османлиски интеррегнум

Муса Челеби

По Анагорската битка, во Отоманската Империја се дошло до интеррегнум - меѓувлада, период кој траел повеќе од една деценија. По битката, синовите на Бајазит побегнале на различни страни. Така, Сулејман со Големиот везир Али-паша и јаничарскиот ага се засолниле во Бурса а потоа и во Едрене каде се самопрогласил за султан. Мехмед се зацврстил во Амасија и борејќи се против Монголите, успеал да поврати некои од претходно изгубените територии. Иса се засолнил во Бурса и ја зацврстил својата власт во Караманија. Мустафа мистериозно исчезнал, додека пак Муса Челеби кој бил заробен заедно со својот татко, по неколку месеци се вратил со останките на султанот. Според пишаните извори, во времето кога тој пристигнал во Анадолија, тој ги пронашол своите браќа Мехмед и Иса скарани, помеѓу кои била започната војна. Во таа војна Иса бил победен и затоа тој побегнал кај својот брат Сулејман во Едрене. Сулејман многу бргу го прифатил, со кое го ставил на чело на една армија која тргнала во поход против Мехмед. Иса, во битката кај Ески Шехир бил поразен. Во самата битка тој бил заробен а подоцна и погубен во 1406 година, [19]Тогаш Сулејман со својата армија преминал во Анадолија борејќи се против своите двајца браќа Мехмед и Муса, кои биле во тоа време во сојуз. Во исто време, во анадолскиот регион пристигнал влијателниот шејк Бедредин Симави.

Војната завршила во 1413 година, кога Мехмед Челебија се појавил како победник и тој бил прогласен за султан под името Мехмед I.

Стабилизација и освојување на Константинопол

Мехмед II влегува во Константинопол

Кога Мехмед Челебија остварил победа над своите браќа, во 1413 година тој бил крунисан за нов султан во Едрене како Мехмед I. Неговата прва задача била да ја врати гордоста и силата на Отоманската Империја. Мехмед престолнината на империјата ја преместил од Бурса во Едрене или Адријанопол. Албанските племиња успеале да се обединат во една држава, Босна и Молдавија биле потполно независни. Унгарија сѐ уште ги држела своите амбиции кон Балканот, а Венеција пак крајбрежните делови.

По доаѓањето на тронот на Мурат II, Отоманската Империја започнала воена кампања против бунтовите кои избувнувале на Балканот, особено во Србија. Во 1422 година Мурат безуспешно го опседнал Константинопол, а по повеќегодишна опсада, во 1430 година го зазел Солун. Наспроти ова, тој безуспешно водел војни против Скендербег, на територијата на денешна Албанија и Македонија.

Неговиот наследник, Мехмед II на отоманскиот престол се качил во 1451 година, по смртта на Мурат. Мехмед успеал да потпише мировен договор со Венеција и Унгарија. Откако го обезбедил тоа, тој се свртел кон престолнината на Византија, Константинопол. Во текот на летото во 1452 година Мехмед II (чиј прапрадедо Бајазит I изградил тврдина на азиската страна на Босфор) решил да изгради нова тврдина на европската страна на Босфорот со што го зацврстил отоманското влијание кај теснецот.[20] Посебно важен аспект на градењето на оваа тврдина е тоа што на Константинопол му се скратила можноста да добива помош од колиниите на Џенова кои во тоа време постоеле на брегот на Црно Море. Новата твдрина била наречена Римска тврдина (турски: Rumeli Hisarı).

Конечната опсада на Константинопол започнала на 2 април 1453 година. По скоро два месеци војна и битки, на 29 мај престолнината била заземена. По заземањето на Константинопол, Мехмед го изградил Топкапи Сарај и престолнината на Отоманската Империја била преместена од Едрене во Константинопол. Мехмед бил прогласен за новиот Римски цезар, замислувајќи се себе си како наследник на престолот на Римската Империја. Црквата Света Софија била претворена во џамија. По падот на Константинопол, Мехмед кој станал познат и како Освојувач се свртел кон Балканот, односно Белград (1456), каде не успеал да го зазеде, и Кроја која била освоена по смртта на Скендербег.

Периодот од 1453 до 1683 година

Мохачката битка го означил крајот на Кралство Унгарија
Битка кај Превеза

Периодот од историјата на Отоманската Империја од 1453 до 1683 година е познат како периот на територијално проширување на империјата.

Во 1481 година, султанот Мехмед II неочекувано починал. На негово место, на престолот застанал неговиот поголем син Бајазит II. Според законите на Отоманската Империја, тоа означувало смртна пресуда за Кем, кој бил помал брат на Бајазит. Во тоа не се согласил Кем, па затоа во околината на Караман успеал да мобилизира одредена војска и да тргне кон Бурса. По неколкумесечната војна, Бајазит успеал да ја мобилизира својата војска и да го порази на својот брат кај Јенишехир. Во 1499 година избила Отоманско-венецијанска војна, која траела до 1503 година кога Отоманците ги добиле последните венецијански упоришта на Пелопонез и некои градови по должината на јадранскиот брег. Кон почетокот на 16 век започнала ѝ војна со Мамелуците, која завршила со победа на империјата во 1513 година.

Претходно, во периодот од 1509-1512, во империјата избувнала граѓанска војна. Во времето на војната, Бајазит II бил султан на империјата. Војната се водела помеѓу неговите синови Ахмед и Селим. Во 1509 година Ахмед успеал да ги порази Сафавидите и нивните сојузници во Мала Азија. По ова тој се упатил кон Константинопол. Плашејќи се за својата безбедност, Селим организирал бунт во Тракија, но бил поразен од страна на Бајазит и принуден да побегне во Крим (1511). По ова Бајазит дознал дека Ахмед се приближува кон престолнината, па затоа одбил да му ги отвори портите на градот. Селим се вратил од Крим и со поддршка од јаничарите, најпрвин го поразиле а подоцна и го убиле Ахмед. По овој настан, Бајазит абдицирал од престолот (25 април 1512).

Новиот султан, Селим I, успеал да ги зазеде современите држави Сирија, Либан, Палестина и Египет, вклучувајќи го и светиот град Ерусалим, како и Каиро, престолнината на Абасидите. По ова, тој се прогласил за калиф во империјата. Империјата воспоставила морнарица во Црвено Море. Ова главно се споровело поради поморските војни со Португалија кои се воделе главно за трговијата. Во текот на овој период, империјата се натпреварувала со големите европски колонијални сили, во Индиски Океан. Голем број на флоти, со војници и оружје, биле испраќани за поддршка на муслиманските владетели во Кенија и во Ачех.

Ширењето на империјата

Наследник на Селим I бил Сулејман I. Во негово време, тој ги освоил најсветите муслимански градови Мека, Медина, Ерусалим, Дамаск и Багдад. Во август 1521 година била освоена речиси цела Србија. Во 1522 година бил заземен Родос. На 29 август 1526 година започнала Мохачката битка. Отоманците ги поразиле сојузничките христијански сили предводени од Лајош II. Битката го означил крајот на Кралство Унгарија. Од 1541 година Сулејман го контролирал поголемиот дел до денешна Унгарија, како и Трансилванија, Влашка и Молдавија кои станале вазалства на султанот. Сулејман водел три воени кампањи против Сафавидската Империја во Персија и Ирак. Во 1534 година бил заземен градот Багдат. Вториот поход (1548-1549) резултурал со зазимање на Табриз и Азербејџан, провинцијата Ван и делови од денешна Грузија. Третиот поход се случил во 1555 година, кој завршил со договорот од Амасија, според кој биле признаени границите на Отоманската Империја. Во текот на неговото владеење биле спроведени воени походи во Северна Африка во кој биле заземани Тунис, Алжир и Триполитанија. Во овој период, Отоманската Империја станала доминантна во Средоземно Море. Отоманската морнарица исто така обезбедила контрола и над Црвено Море и Персискиот Залив во 1554 година, кога нивните сили биле поразени од страна на Португалија. По ова следувал поразот во битката кај Аден во 1548 година. Во 1533 година, Хајредин Барбароса спровел воен поход против Хабсбуршка Шпанија. Во 1541 година бил опсаднат градот Будим. Опсадата резултирала со зазимање на градот Будим. По оваа победа била воспоставена контрола над средна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола[21].

Опсада на Виена од 1529 година
Битката кај Лепанто во 1571 година

Една од најнеуспешните војни и битки на Сулејман I била опсадата на Виена во 1529 година. Опсадата претставува крајна точка на османлиската инвазија во Европа, бидејќи по битката бил ставен крај на османлиското проширување во Европа, иако во 1683 година имал уште еден обид за зазимање на градот.

По смртта на Сулејман I, негов наследник станал неговиот син Селим II. Во текот на неговото владеење, тој успеал да ги зазеде Јемен и Крит. Во 1570 година султанот Селим II започнал воен поход, чија цел била да освои островот Кипар и крајбрежните делови од денешните држави Италија и Шпанија. Војната продолжила од 1570 до 1573 година. Во текот на 1570 и 1571 година биле заземани градовите Никозија и Фамагуста. Тој доживеал голем пораз во битката кај Лепанто во 1571 година. Самиот Селим II се оддал на харемовиот живот. Во практика неговата империја била управувана од страна на Мехмед-паша Соколовиќ. Тој починал во 1574 година од алкохол.

По смртта на Селим, неговите следни два наследника Мурат III и Мехмед III продолжиле со борбата за превласт во харемот. Нивното време се одбележува со голема корупција. Од овие два султани се очекувало премногу, но сепак тие живееле типичен сарајски живот. границите на империјата повеќе не можеле да бидат проширувани бидејќи самиот султан не размислувал за тоа.

Ахмед I на престолот застанал во 1603 година, на свои 14 години. Во 1617 година бил потпишан мир со Персија и Молдавија. Тој бил првиот султан којшто не извршил братоубиство. Својот брат Мустафа I го прогласил за негов наследник бидејќи синот му Осман бил премногу млад. Мустафа I по само три месеци бил сменет од страна на Осман II. Осман II ја обезбедил источната граница со потпипшшување на мировен договор со Сафавидски Иран. Тој ја предводел инвазијата над Полска. По битката кај Хотин, Отоманците биле поразени и Осман бил принуден да се врати во престолнината во срам, обвинувајќи ги јаничарите за поразот.

Мурат IV на престолот дошол во 1623 година. Тој е познат по тоа што го вратил авторитетот на земјата преку бруталноста на неговите мерки. Често пати знаел да заповеда да дојде некој паша кај него и едноставно да го погуби. Тој водел победоносна војна со Персија, освојувајќи го Азербејџан, Табриз и Хамадан. Во 1638 година го зазел и Багдад. Мехмед IV имал само 7 години кога бил прогласен за султан. Државната власт била управувана од страна на Валиде султан и самите јаничари. Во 1664 година неговите сили доживеале пораз кај Сентготард. Големиот везир Кара Мустафа-паша залудно се свртел кон Виена во 1683 година и ја ставил под опсада. По неговата неуспешна опсада, Кара Мустафа-паша бил погубен.

Периодот од 1683 до 1827 година

Периодот од 1683 до 1827 година, во историјата на империјата е познат како стагнација на Отоманската Империја.

Во текот на овој период, голем дел од Балканот бил отстапен на Австрија. Одредени области во империјата, како Египет и Алжир станале полузависни, за да подоцна паднат под влијание на Велика Британија и Франција. Во текот на 18 век централната власт била реорганизирана, голем број на провинции добиле автономија. Во текот на 18 век и 19 век се воделе серија од војни со Руската Империја. Со престанувањето на победничките војни започнале да се намалуваат приходите на империјата. Јаничарите повеќе не биле купувани преку т.н. данок на крв. Тие добиле право да се женат, да тргуваат. Самите чиновници во империјата сфатиле дека земјата повеќе не претставува светска сила ниту во Европа ниту на Блискиот исток.

Долгиот период од османлиската стагнација обично се карактеризира како историска ера во која голем број на реформи пропаднале. Сепак, во вториот дел од овој период, во времето на Селим III (1789-1807) се започнало со образовни и технолошки реформи, кои вклучувале создавање на институции за високо образование. Еден од најпознатите академски институции од овој период е техничкиот универзитет. Освен тоа, султанот основал нов пешадиски корпус Низам, направил девалвација на парите, конфискувал голем број на имоти и ги зголемил даноците. Османлиската Империја започнала да отвара амбасади во европските престолнини.

Махмуд II

Султанот Махмуд II (1808-1839) продолжил со реформите на својот претходник. Во 1826 година по негова заповед бил ликвидиран јаничарски корпус, спахиите и организирал нова коњаница и артилерија. Освен тоа, вој вовел и реформи во морнарицата. Неколку големи везири и членови на Високата порта отворено го подржувале султанот и неговите реформи. Најпрвин била реформирана централната власт, Високата Порта добила нови министерства, војската добила нова униформа.

Додека султанот се обидувал да ја спаси империјата, на Балканот започнале организирани борби против отоманслата власт. Т.н. процес на распаѓање на импријата го започнале Србите во 1804 година. Српската револуција го одбележил почетокот на националното будење на балканските народи. По т.н. Второ српско востание, Србија добила независност (де јуре 1830).[22][23] Во 1821 година започнала грчката револуција, која вклучувала и делови во Македонија, Крит, Пелопонез и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани. [24]Во крајна сметка, грчките револуционери, помогнати од страна на европските сили, во 1830 година извојувале победа, по кое била создадена слободна држава Грција.

Периодот од 1828 до 1908 година

Кримската војна од 1853 година

Периодот од 1828 до 1908 година, во историјата на Отоманската Империја е познат како период на пад на империјата. Во текот на овој период, империјата се соочила со предизвиците на одбрана на земјата од странските напади и окупации. Поради фактот што Османлиите сè повеќе започнале да ги губат своите позиции во Европа, таа започнала да гради сојузништва со европски земји, како што се Франција, Холандија, Велика Британија. Таков е примерот со Кримската војна од 1853 година, кога Османлиите во сојуз со Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска, Втората француска република и Кралството Сардинија војувале против Руската Империја.

Кримската војна го предизвикала масовното иселување на Кримските Татари. Од вкупното татарско население кое броело околу 300.000 во Тавридсакта област, околу 200.000 Татари биле преселени во Отоманската Империја.[25]Kон крајот на Кавкаските војни, голем број на Черкези ги напуштиле своите домови во Кавказ и принудно заминале во Отоманската Империја. Во текот на 19 век, иселувањето или протерувањето на муслиманското население од Балканот, Кавказ, Крим и Крит кон денешна Турција станало честа појава.

За време на периодот на Танзиматот, (1839-1876), османлиските власти вовеле уставни реформи во империјата, како и модернизација на војската, банкарскиот систем, биле заменети занаетчиските дејности со изградба на неколку модерни фабрики. Во 1856 година бил донесен реформски акт наречен Хатихумјун. Според овој акт, во империјата се ветувало верска и национална рамноправност на сите народности во империјата, слобода на вероисповед и мислење, мешани судови, право на христијаните да стапуваат на државни должности, да служат во османлиската војска и да имаат свои претставници во Државниот совет. Тој предвидувал и црковни реформи, замена на натуралните даноци кон црковните великодостојници со парични суми, реорганизација на државната администрација, судството, полицијата и даночната политика, воведување на редовен буџет од приходи и расходи на државата, поправка на патиштата, унапредување на земјоделството и трговијата и друго. Освен тоа, било формирано ново ерменско национално собрание.[26]

Периодот на реформите својот врв го достигнал кога бил донесен Отоманскиот устав, кој бил напишан од страна на членовите на Младотурците. Тој бил изгласен на 23 ноември 1876 година. Споиред уставот, во рацете на султанот останала апсолутната власт, и самите министри останале да бидат одговорни пред него. Првата уставна ера од историјата на империјата била краткотрајна. Во 1876 година, султанот Абдул Азис бил симнат од власт од страна на неколку либералните кругови во империјата. Тој абдицирал во корист на Мурат V. Сепак, новиот султан бил ментално болен и од престолот бил соборен по само неколку месеци. Негов наследник станал Абдул Хамид II (1876-1909). Во време на неговото владеење во империјата стапил насила првиот Отомански устав, на 23 декември 1876 година.[27] Исто така бил создаден и првиот отомански парламент. По неуспехот на Цариградската конференција, империјата претрпела пораз по Руско-турската војна од 1877-1878, по која империјатата засекогаш ја изгубила Бугарија со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор (3 март 1878 година). Во почетокот на 1878 година уставот бил суспендиран и парламентот распуштен. Бил воспоставен тирански режим во останатите делови на Отоманската Империја (претежно Македонија).

Отоманскиот парламент

Национализмот во Отоманската Империја од страна на потчинетите народи сè повеќе доаѓал до израз. Во 1821 година била формирана Првата Грчка република. Таа била првата земја од Балканот која ја прогласила својата независност од империјата. Официјално од страна на Високата порта, новата земја на Балканот била приознаена по завршувањето на грчката војна за независност. Танзиматските реформи не го сопрел национализмот во Дунавските кнежества и Кнежество Србија, кои биле полунезависни за речиси шест децении. Во 1875 година, Црна Гора и Србија, заедно со Обединетото кнежество Влашка и Молдавија ја прогласиле својата независност од Отоманската Империја. Во 1876 година, на територијата на денешна Бугарија избувнало т.н. Априлско востание кое индиректно довело до создавање на новата бугарска држава, кое се случило по две години, по Руско-турската војна од 1877-1878, како Кнежество Бугарија.

Во Македонија, како и во останатите балкански земји, исто така избувнале неколку востанија. Така, во 1876 и 1877 година избувнале Разловечкото востание и Кресненското востание. Едно од наголемите востанија на македпнскиот народ избувнало во 1903 година, познато како Илинденско востание. Востанијата главно биле насочени против османлиската тиранија и желбата за создавање на нова држава на Балканот. Сите овие бунтови против османлиската власт биле крваво задушувани.

Вилаетите Босна и Новопазарски санџак делумно биле окупирани од страна на силите на Австро-Унгарија по потпишувањето на Берлинскиот конгрес во 1878 година, но тие номинално останале во границите на империјата. И покрај присуството на отомански војници, Босна во 1908 година била анексирана кон Австро-Унгарија по т.н. Босанска криза.

Освен овие територијални промени, по Берлинскиот конгрес Кипар ѝ бил доделен на Велика Британија.

Во 1862 година, британските сили го окупирале Египет и Судан. Како отомански провинции, овие денешни земји останале де јуре до 1914 година кога Отоманската Империја се приклучила кон Централните сили во Првата светска војна. Во текот од 1830 - 1912 година во Северна Африка биле изгубени и други провинции, како Алжир (окупиран од Франција во 1830), Тунис (окупиран од Франција во 1881 година) и Либија (окупирана од Италија во 1912).

Економски и социјално, империјата имала тешкотии во враќањето на отоманскиот јавен долг кон европските банки, кои го предизвикале формирањето на Административниот совет на отоманскиот јавен долг. До крајот на 19 век, двете најголеми сили, Австро-Унгарија и Руската Империја сакале своето влијание кон Балканот дополнително да го прошират.

Периодот од 1908 до 1922 година

Протести во реонот на Султанахмет во Истанбул, 1908.

Периодот од историјата на Отоманската Империја од 1908 до 1922 година е познат како периот на распаѓање на империјата. Почетокот на овој период се карактеризира со започнување на Младотурската револуција во 1908 година. Претходно, пред крајот на 19 век, на Балканот биле создадени три нови држави: Грција, Бугарија и Србија.

Овој период започнал со т.н. Втора уставна ера, кој придонел за промена на уставот кој бил донесен во 1876 година и создавање на отомански парламент и првите политички партии. Новите држави на Балканот, со поткрепа на Руската Империја сакале целосно да ја протерат османлиската власт во Албанија, Македонија и Тракија. Во 1912 година избувнала т.н. Прва балканска војна, која завршила со потпишување на Лондонскиот мировен договор во 1913 година. Според него, Албанија на 27 декември 1912 била призната за независна држава, а предлогот за Македонија не бил прифатен. Во Тракија, двете главни бугарски војски удриле со сета сила на Лозенград и Едрене. По завршувањето на Првата Балканска војна, помеѓу сојузничките сили започнала нова т.н. Втора Балканска војна.

Прва светска војна

Мустафа Кемал (Ататурк) во Галиополи во 1915 година.

Веднаш по завршувањето на Балканските војни, ногу бргу започнала Првата светска војна. Во Првата светска војна, Османлиите се приклучиле кон Централните сили, се со цел повраќање на загубените територии. Младотурската влада потпишала таен договор за создавање на сојуз помеѓу империјата и Германија во август 1914 година. Отоманската Империја официјално во војната влегла по Гебенскиот и Бреславскиот инцидент. Во текот на првите години од војната следувале неколку успеси на страната на Османлиите, како заземањето на Галиополи и Кут. По ова, следувал Кавкаскиот поход, во кој Османлиите биле катастрофално поразени од страна на Русија. САД никогаш не објавила војна на Османлиската Империја.[28]

Во 1915 година, по победата на Русите во Кавказ, тие продолжиле со својот напредок кон источна Анадолија со помош на ерменските волонтерски единици од регионот на Кавказ, како и со помош на Османлиските Ерменци. Во крајна сметка, ова завршило со масовна евакуација и убиството на неколку стотици илјади или преку милион Ерменци од страна на младотурскиот режим. Овој настан во историјата е познат како Ерменски геноцид.[29][30][31]Денеска, овој настан претставува тема на дискусија на голем број историчари. Проценките се различни околу тоа колку Ерменци загинале. Според едни, оваа бројка се движи околу 600.000,[32] а според други, оваа бројка достигнува околу 1.500.000 Ерменци.[33][34]

Во 1916 година избила т.н. Арапска побуна. Таа завршила во 1918 година кога бил потпишан договор во Севр. Според договорот, Месопотамија (Ирак), Палестина и Трансјорданија биле дадени на Велика Британија под протекторат на Лигата на народите; Сирија и Либан на Франција. Освен тоа, според договорот, североисточните региони од Анадолија биле дадени на Ерменија, северен Епир бил даден на новосоздадената држава Албанија, источна Тракија со исклучок на Константинопол, Босфорот и Дарданелите на Грција.

Турска војна за независност

Заминувањето на Мехмед VI, последниот султан на Отоманската Империја, 1922

Окупацијата на Константинопол, заедно со окупацијата на Измир од страна на победничките сили во војната го дал почетокот на Турската војна за независност, која траела од 1919 до 1922 година. На чело на Турското национално движење застанал Мустафа Кемал-паша.[35]

Мустафа Кемал побарал национални избори за да се воспостави нов турски парламент, кој ќе има свое седиште во Анкара. На 12 февруари 1920 последниот отомански парламент се собрал во главниот град. Парламентот се распуштил од страна на британските сили, откако бил прогласен за Misak-i Milli („Национален пакт“). На 10 август 1920 година, Големиот везир Дамат Ферид-паша го потпишал Договорот од Севр. Со тој договор се завршиле плановите за поделба на Отоманската Империја, вклучувајќи го и региони Турските родољупци ги сметале за важни делови. Мустафа Кемал инсистирал на целосна независност и заштитата на интересите на мнозинството на Турците на турската почва. Тој го убедил Собранието да ја собе национална армија. Армијата се соочила со окупација на сојузничките сили и се борела на три фронта: француско-турскиот, грчко-турскиот и турско-ерменскиот фронт. По серијата битки за време на грчко-турската војна, грчката армија стигнала до реката Сакарја, само осумдесет километри западно од Собранието. На 5 август 1921 година, Мустафа Кемал бил промовиран како командант на силите од страна на Собранието. Во август 1922, Кемал започнал со силни напади врз грчките војници и турските сили ја поврати контролата на Измир на 9 септември 1922 година. На 10 септември 1922, Мустафа Кемал испратил телеграма до Лигата на нации каде вели Анкара Владата нема да биде одговорна за масакрите извршени за време на војната за независност.

Конференцијата во Лозана започнала на 21 ноември 1922 година. Турски претставник Исмет Инону одбил секаков предлог што би бил компромис за турскиот суверенитет, главните прашања во врска со контролата на турски финансии, Босфорот, правдата, и слично. На 24 јули 1923 година, Договорот од Лозана бил потпишан. Крајниот исход на војната за независност било прогласувањето на Република Турција на 29 октомври 1923 година. Со ова, офоцијално престанала да постои Османлиската Империја.

Прогонство и потомци

Во 1947 година, на потомците на Османлиската династија им било доделено правото да се здобијат со турско државјанство од страна на Големото турско собрание. Мехмед Орхан, син на Мехмед Абдил Кадир починал во 1994 година оставајќи го внукот на османлискиот султан Абдулхамид II, Ертугрул Осман, како најстар преживеан член на сменетата династија. Осман долги години одбивал да го зеде турскиот пасош, нарекувајќи се себе си како граѓанин на Османлиската Империја. Сепак, и покрај тоа што тој не го прифатил турскиот пасош, на прашањето дали тој самиот лично сака да ја обнови империјата, тој одговорил негативно. Тој рекол дека “демократијата работи добро во Турција“. Во 1992 година, тој за прв пат се вратил во Турција, и во 2002 година станал турски граѓанин.[36]На 23 септември 2009 година, Осман починал на својата 97 година од животот, како последниот преживеан наследник на прогонетата османлиска власт. Главно поради ова, тој се нарекува “последниот Отоманец“.[37]Бајазит Осман во моментот е најстариот преживеан член на поранешната владејачка класа.

Економија


Османлиските власти во текот на постоењето на империјата многу експертски придонесувале за развој на своите историски престолнини Бурса, Едрене и Константинопол, и ги претварале во големи трговски и индустријални центри[38]. Најмногу се одавало внимание на трговците и занаетчиите кои биле неопходни при создавањето на новата престолнина. За таа цел, Мехмед II и неговиот наследник Бајазит II го зголемиле мигрирањето на евреите од различни градови по Европа и ги утврдиле во Цариград и други пристанишни градови, како што е Солун, во кој се создала најголемата еврејска населба во светот. На многу места во Европа, еврејското население страдало од христијанските владетели, посебно по завршувањето на Реконквистата во Шпанија.

Отоманската економија била тесно поврзана со основните принципи на државата и општеството на Блискиот исток, каде крајна цел на државата била задржување и проширување на власта на владетелот, и начинот по кој богатите ресурси ќе бидат искористени[39]. Крајна цел била да се зголемат државните приходи, доколку тоа е возможно, без да се создаваат некакви социјални безредија и немири меѓу населението.

Разработувањето и организирањето на економијата во империјата бил во најголем степен најуспешна работа. До 17 век, Османлиската Империја била подржана со најголем економски развој помеѓу другите исламски империи и била меѓу најдобрите економии во Европа. Организацијата се засновала на бирократијата.[40] Ефективноста на овој финансиски професионален систем стоел зад успехот на многу големи отомански државници.[41]. Едно од најголемите причини за големиот раст на економијата се согледува во геополитичката структура. Османлиската Империја очигледно претставувала сериозна пречка за одвивањето на трговијата меѓу Европа и Азија, но и сериозна закана за опстанокот на христијанскиот свет. Империјата се наоѓала помеѓу истокот и западот, по кој начин го блокирала патот кон исток на шпанските и португалските морепловци кои патувале за откривање на нови територии и нови богатства, познати како Големите географски откритија. Во времето кога Кристофер Колумбо во 1492 година патувал кон Бахамските острови, Османлиската Империја била во најголем подем која се простирала на три континенти. Современите историчари сметаат дека промената на односот помеѓу отоманците и Централна Европа се должи на откривањето на нови морски патишта. Ова довело до пад на економијата на Османлиската Империја.

Една од најголемите финансиски области во престолнината била т.н. Банкарска улица каде се наоѓале голем број на познати банки, финансиски институции и осигурителни компании, вклучувајќи ги ѝ Отоманската Централна банка (се одржа како Банка-и Османи до 1856 година, а подоцна и реорганизирана како Банка-и Османи-и Шахане во 1863 година [42] и Отоманската берза од 1866 година.[43].

Државно уредување

Амбасадори во Топкапи сарај

Државното уредување во Отоманската Империја се засновувалo на многу едноставен систем кој имал два главни центри: воената администрација и државната администрација. Султанот ја имал највисоката позиција во системот, како врховна глава на целата империја. Граѓанскиот систем бил базиран на локалните административни единици врз основа на карактерот на регионот. Отоманците практикувале систем во земјата (исто како и Византиската Империја) во кој имале целосна контрола врз свештенството. Одредени предисламски турски традиции од исламски Иран, кои продолжиле да се практикуваат, оставиле важно место во отоманските административни кругови.[44]Според отоманското општество и разбирање, примарната одговорност на државата била да го брани и да го прошири во земјата исламот, како и да се обезбеди безбедност и хармонија во рамките на своите граници еден општ контекст на династичкиот суверенитет на управување.

Отоманската династија или Куќата на Осман, по потекло имала туркиски карактер. Со текот на времето, династијата ги изгубила својот туркиски карактер, главно поради тоа што голем број на султани се оженувале со различни етноси, па дури и различни по вероисповед.[45]На единаесет пати султанот бил симнуван од престолот затоа што од страна на неговите непријатели во империјата претставувал директна закана. Во текот на историјата на Отоманската Империја, имало само два обиди за соборување на владеачката отоманска династија од престолот.

Баб-и Али, Високата порта

Највисоката позиција во исламот, калифот, била заземена од страна на султанот. Првите османлиски владетели всушност не се нарекувале султани, туку бегови. Мурат I бил првиот владетел со титула султан, односно цар. Од 1517 година па сè до својата пропаст, султанот истоивремено се нарекувал и калиф, а со тоа земјата често пати била нарекувана ѝ како Отомански калифат. Султанот работел односно бил единствен регент на империјата, кое се сметало како едно олицетворение на неговата влада, и покрај тоа што не секогаш тој ја имал целосната контрола врз империјата или администрацијата.

Тугра на Сулејман Величествениот (1520)

Империјалниот харем бил еден од најважните судови односно резиденции на Османлиската Империја. Тој бил управуван од страна на Валиде султан, односно мајката на султанот. Позицијата на Валиде султан била втора по важност во отоманската хиерархија, по онаа на султанот. Таа имала огромно влијание врз управувањето на земјата. Во текот на 17 век, главно поради застанувањето на тронот на неколку неспособни султани кои постепено ја уништувале империјата, формално власта била во рацете на Валиде султан. Овој период од историјата на Отоманската Империја се нарекува Султанат на жените.

Високиот образовен систем во палатата бил насочен и кон елиминирање на сите потенцијални наследници на тронот. Во почетокот, медресата била единствената образовна институција каде се школувале сите државни функционери и научници, според исламската традиција. Финансиското оптоварување на Медресите било потпомогнато од страна на вакуфите, кое дозволувало на децата кои потекнуваат од сиромашни семејства да се преселат кон повисоките социјални нивоа.[46]По османлиското зазимање на Румелија, голем број на христијански деца помеѓу осум и дваесет години, биле собирани од отоманските власти за потребите на јаничарскиот корпус. Тие биле школувани во Ендерун. Годишно биле регрутирани околу 3.000 деца. Овој процес на присилно одзимање на христијанските деца од Балканот се нарекува данок во крв.[47]

Општество

Административна поделба

Административната поделба на Отоманската Империја претставува територијална поделба на империјата која се засновала на воената администрацији но со цивилна управа. Оваа поделба не ги опфаќала вазалните и потчинетите држави.

Првобитната организација своите корени ги имала уште во времето на настанувањето на империјата, како вазална држава на Селџуците во централана Анадолија. Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на Селџуците, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата бег. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под сузеренство на Отоманските султани. Титулата бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.

Отоманската Империја на почетокот било поделено на суверени санџаци и санџаци доделени на султановите синови. Со санџаците управувале санџак-бегови, воени управници кои добивале од страна на султанот знаме, или барјак таканаречен санџак. Како што се ширела империјата низ Европа, се појавила потреба за формирање на нови административни единици од повисоко ниво. За време на владеењето на Мурат I (владеел од 1359-1389), беглер-беговите биле одредувани да управуваат со Румелија, т.е. со европскиот дел на империјата. По формирањето на беглербегаците, санџаците станале второстепени административни единци. Беглербеговите покрај тоа што имале обврска да управуваат со доделената територија, биле и команданти на сите воени трупи на својата територија.

Како што слабеела империјата, административната структура била разнишена. Со Отоманскиот закон од 1864 била направена реформа на административната поделба на империјата во која ејалетите постанале мали вилаети со кои управувале валии. Вилаетите биле поделени на санџаци, муташарифати и вазални држави како што биле Србија, Романија и Црна Гора, кои останале надвор од овој административен систем. После крајот на Танзиматот од 1885, анадолската област со кое управувала империјата била поделена на 15 вилаета, едан санџак и едан утершафлик на Константинополскиот вилает (и двата од азиската страна на Босфор). Секој вилает бил поделен на неколку санџаци.

Социјални структури

Едно од најуспешното разделување на отоманските земји било можноста од создавање на милети. Под отоманска власт, на неколку признати верски групи им било дозволено да основат свои самостојни заедници кои се викале милети. Во милетите тие ги задежиле своите сопствени верски закони, традиции и јазик, под заштита на султанот. Тие биле управувани од страна на верски поглавар. Павославниот милет на пример, бил управуван во почетокот од страна на грчкиот патријарх.

Во времето на Мехмед II, на Фанариотите им биле доделени големи права. Евреите биле поканети да се населат во Отоманската Империја. Во крајна сметка, релативно високиот степен на толеранција на етничките групи кои живееле во империјата, била една од најголемите предности за интеграцијата на новите региони. Од друга страна пак, асимилативната политика довела до зголемување на национализмот кај потчинетите граѓани.

Законодавство

Османлиската Империја во текот на своето постоење развила напредна организациона структра на државата. Иако имала голема централизирана власт, со султан кој стоел на чело на империјата, поседувала и голема контрола врз сите провинции. Со шиењето на империјата растела и потребата од системна распределба на администрациските организации. Империјата била поделена на вилаети. Секој вилает имал свој управител. Идејата за вилаетите била превземена од селџуците кои владееле пред Османлиите во Средна Анадолија.

Централниот систем се засновал од Султанот и неговите соработници. Оваа организација се нарекувала “Домот на Султанот“ на кој претседавал Диван. Владеачката класа се нарекувала ашкер. Во текот на историјата на империјата, Диван стекнал голема моќ. Во времето на Мурат V, султанот престанал да учествува на заседанието на Диван. Султанот имал голем број на советници и министри. Најмоќни биле везирите од Диван, на чиј врв стоел Голем Везир. Диванот претставувал совет каде се состанувале сите везири и расправале околу политичките прашања на империјата. Големиот везир имал должност да го извести султанот околу мислењето на Диванот за определени прашања. Султанот своите решенија обично ги зимал со советување на везирот, но во никој случај не му бил потчинет. Во некои случаи, и самиот султан го закажувал советот на везирите, доколку имал некои важни соопштенија или дилеми. Во текот на 14 век, Диванот се состоел од три везири, а во 17 век нивниот број бил единаесет, од кој четри везири служиле како Везири на Домот, како најважни министри по Големиот Везир. Понекогаш, на заседанијата на Диванот присуствувале и генералите на јаничарите.

Веднаш под хиерархијата, под везирите стоеле нивните советници, наречени кајха. Верските претставници исто така имале голема улога во султанскиот двор. Муфтијата и имамот биле претставници на верската власт. Мутеферика пак претставувало еден вид собир на синовите на ефендијата, пашите и други истакнати личности. Најважните министерства во империјата биле министерството на правдата, во чие министерство ги вклучувало кадија|кадиите, цивилните судии и воените судии, кои биле највиша судска власт во империјата по сејхулисламот.

Култура

Предлошка:Култура на Отоманската Империја Османлиската Империја својата култура ја стекнала на просторот на Средоземното и Црното Море, додека примањето на нови традиции, обичаи и искуства ги стекнале со помешување на реонските култури, при кое се задржал исламскиот разум на културата. Во средниот век, османлиите имале голем степен на толеранција према надворешните култури и религии. Нешто порано, османлиите ја пропаднале христијанска Византија и во 1453 година го превзеле Константинопол, претварајќи многу религиозни христијански објекти во џамии. Дворскиот живот во царството го задржав во голема мера традиционалниот антички поредок од времето на Персија, но многу елементи од византиската и европската култура биле вклучени во секојдневниот живот. Многу години царството било еден вид засолниште за протераните Евреи од секаде низ светот, каде Евреите во царството имале своја слобода на сопствена вероисповед.

Османлиска архитектура

Селимова џамија — дело на Мимар Синан, главен архитект во времето на Селим I, Сулејман Величенствениот, Селим II и Мурат III.
Топкапи сарај била официјална резиденција на отоманските султани во периодот од 1465 до 1856, кога султанот Абдул Меџит I ја преместил во Долмабахче.

Архитектурата во империјата започнува во Бурса и Едрене во текот на 14 век и 15 век. Оваа архитектура била во голем степен наследник на архитектурата на Селџуците. Таа била продолжение на предисламската сасанидска архитектура[48][49] , исламските традиции на мамлуците, како и византиската архитектура. Скоро петстотини години, византиската архитектура служела како модел за многу од османлиските џамии. Како севкупност, османлиската архитектура низ историјата е запишана како мешавина од архитектурни традиции на Медитеранот и Блискиот Исток. Во родната си Средна Азија, турците живееле во куполи, како минипалати. Кога Селџуците први престигнале во Иран, од нив произлегла архитектурата на старите традиции. Селџуците изградиле и нови видови на структурни елементи, како медреса. Првата позната медреса е Низамијах која датира од 11 век и била изградена од страна на Низам ал-Мулк, трите медреси во Нишапур, Тус и Багдад. Друга област во која придонеселе Селџуците во архитектурата се сводовите и мавзолеите. Куполниот архитектурен стил еволира од Бурса и Едрене. Џамиите во Бурса и Едрене биле првите кои биле изградени од страна на Османлиите, предимно со една купола. Во 1394 година, во Анадолија (време кога Константинопол сѐ уште не бил под власта на Османлиите) бил изграден Анадолски Хисар на азиската страна од денешниот град (тогаш област) и Румелихисар на европската страна во 1452 година, на само една година пред освојувањето на Константинопол од страна на Османлиите.

Падот на Константинопол и префрлувањето на престолнината на Османлиската Империја од Едрене во Цариград предизвикала голема промена во архитектурниот стил на империјата. Градба која била изградени во периодот на преместувањето на престолнината е џамијата Бајазид II, која се смета исто така за раниот период од развојот на османлиската архитектура, потоа Фатих џамија, Топкапи Сарај и други. По Падот на Константинопол и преземањето на градот од страна на османлиите, многу цркви и манастири, изградени со византиски стил, биле претворени во џамии. Една од најпознатите такви е Света Софија во Истанбул. Султанот Мехмед II наредил да се изготви голем план за промена на архитектурниот изглед на градот. Во ова време започнале да се градат Топкапи Сарај, Голема чаршија, златната порта (главна порта за влез во градот).

Во текот на ерата на лалињата, архитектурата била под големо влијание на стиловите од Западна Европа: барок, рококо, империјалниот стил и други. Концептот на отоманската архитектура се темелела главно на џамијата. Џамијата била составен дел од општеството. Во времето на класичниот период, една од главните карактеристики е неразделноста односно споеноста на внатрешниот двор со џамијата. Главен архитект од тоа време е Синан (1492-1588). Синан создал една нова ера не само во османлиската архитектура туку и во светската, создавајќи вкупно 334 градби во различни градови. Првата позначајна градба му била џамијата Шехзаде од 1548 година, Сулејмановата џамија од 1557 година, и Селимовата џамија во Едрене.

Во времето на султанот Ахмед III (1703-1730), османлиската архитектура, благодарение на врските си со Франција започнала да паѓа под влијание на барокот и рококото, кои веќе биле популарно развиени во Западна Европа. Се претпоставува барокната архитектура била разработена од страна на селџуците. [50][51] Позначајни градби од тој период се: Палата Ајналикавак (1677-1679) и Нуруосманлиската џамија (1748-1755, првата барокна џамија во престолнината, исто така позната по својата барокна фонтана). Во текот на 18 век, во Топкапи Сарај бил додаден женскиот харем, исто така во стил на барокот. По танзиматските реформи кои ефективно го започнале процесот на европизација на империјата во 1839 година, новите палати и џамии биле градени во стил на Неокласика, Барок и Рококо. Од ова време датираат палатите Долмабахче и Беглербеговскиот дворец, како и Џамија Ортаќој.[52] Најпознати градби од 20 век кои биле изградени во денешниот Истанбул се: Палата Јилдиз, Палата Хедив и.т.н.

Османлиски јазик

Османлискиот турски јазик е варијанта на турски јазик што се користел за администрацијата и бил официјален јазик на Отоманската Импперија. Јазикот бил пишуван на арапска азбука со некои модификации и имал многу зборови од арапско и персиско потекло. Денешниот турски јазик има големо влијание од отоманскиот турски јазик. Овој јазик попаднал под влијание на три други јазици: турски јазик, персиски јазик и арапски јазик. Во глобала, персискиот јазик најмногу се користел како литературен јазик, додека пак арапскиот бил користен за верски обреди. во тоа време се појавиле и голем број на персиски поети.

Локалното етничко население продолжило да зборува на свој мајчин јазик. Во големите градови обично се зборувал османлискиот или персискиот јазик, но оние кои биле пообразувани зборувале и на арапски јазик. Освен тоа, во отоманскиот јазик се користиле определени арапски и персиски граматички фроми. Главно поради ова, кон средината на 19 век отоманскиот јазик започнал значително да се разликува од турските дијалекти низ империјата. Кон средината на 19 век, по воведувањето на Танзиматот, започнал процесот на создавање на т.н. нов отомански јазик кој содржал голем број на зборови од западноевропските јазици.

Етничките групи продолжиле да се служат со своите сопствени јазиви во своите семејства и пошироко. Во поголемите градови покрај отоманскиот, најзборувани биле арапскиот и персискиот јазик. Во последните два века, францискиот и англискиот јазик започнале сè повеќе да се зборуваат, посебно помоѓу христијанското население. Елитното население обично го проучувал францускиот јазик.

По создавањето на модерната турска република во 1924 година, била направена кодификација на современиот турски јазик, а отоманскиот турски јазик бил отфрлен од употреба.

Класична музика

Османлиската класична музика претставувал важен дел од животот на османлиската елита. Многу султани компонирале музика, како на Селим III, чии композиции сѐ уште се користат до ден денес. Османлиската класична музика се составила во голем степен од византиската музика, арапската и персиската музика. Инструментите кои биле користени биле мешавина од инструментите кои се упоребувале претходно во Анадолија и Средна Азија, како баглама, кеменче, а подоцна и западните инструменти како оуд, танбур, канун, неј и неј, а подоцна и пијано и клавир.

Кујна

Османлиската кујна се однесува главно на кујната во престолнината Цариград и обласните градови, која што може да биде опишана како соединување и прочистување на средноазиските, блискоисточните, средоземноморските и балканските кујни.[53][54] Често пати, најголемите кувари од империјата биле носени во дворецот на императорит за да му служат. Денеска, османлиската кујна се користи најмногу во Анадолија, Балканот и Блискиот исток.

Демографија

Вкупниот број на население на Отоманската Империја до ден денес претставува прашање кое е дебатирано од страна на голем број истражувачи и историчари. За скоро половина милениом од своето постоење, населението на империјата не можело точно да се пресмета, освен доколку се исклучат бројките за работната популација. Ова главно се должело на постојаното менување на границите на империјата како и на неброењето на сите жители кои живееле во неа. Ова пред се се однесува на жените, кои не биле броени во сите неофицијални пописи. Првиот официјалне попис на населението се случил од 1881 до 1893 година. По завршувањето на пописот било познато кои се основните етнички групи кои живееле во империјата. Покрај муслиманите, во империјата живееле и Грци, Ерменци, Бугари, Католици, Евреи, Протестанти, Латини, Цигани и други.[55] [56] Нов попис на населението бил направен во периодот од 1905 до 1906 година.

Година Население
1520 11,692,480[57]
1566 15,000,000[58]
1683 30,000,000[59]
1831 7,230,660[57]
1856 35,350,000[57]
1881 17,388,604[57]
1906 20,884,000[57]
1914 18,520,000
1919 14,629,000

Религија

Калиграфија на пророкот Мухамед и првите четири калифи, Абу Бакр, Умар, Утман и Али напишани на арапски. Комбинацијата ја означува верноста кон сунитскиот ислам.

Официјалната религија во Османлиската Империја бил исламот, а званично империјата од 1517 до 1922 година била прогласена за исламска држава, кога калифатот бил формално напуштен и сите негови ингиренции биле дадени на турскиот парламент.

Пред да се воведе исламот, процес кој во голема мера започнал да се спроведува по победата на Абасидите по битката кај Талас во 751 година и која битка обезбедила големо влијание на Абасидите врз турските народи во Средна Азија, различните турски народи го практикувале шаманизмот. По таа битка, голем број на различни турски племиња, вклучувајќи ги и Огузите, кои биле предци на Селџуците и Отоманците, започнале да го прифаќаат исламот како своја официјална религија. Со започнувањето на нивната инвазија, кон 11 век тие го донеле исламот во Анадолија.

ОтоманскатаИимперија во принцип ги толерирала христијанските религии и јудаизмот. Сепак постоела нееднаквост на верската слобода поради кое немуслиманското население, според законот на шеријатот, морало да плаќа данок кој се викал џизија, но затоа не се регрутирале за походите и можеле непречено да формираат семејства и да напредуваат, додека муслиманските семејства пред и после походите останувале без свои членови кои гинеле во разни битки. Знаејќи го овој факт, немуслиманското население не се бунело поради овој дополнителен данок. Во времето кога било дозволено да се создаваат т.н. милети, најголемата немуслиманска верска група, православната, добила огромни привилегии во областа на политиката и трговијата, но сепак морала да плаќа повисоки даноци на државата од муслиманските поданици.[60],[61]

По освојувањето на градот Константинопол во 1453 година, султанот Мехмед II им дозволил на локалните христијани да останат во градот и да ги задржат нивните институции, каква што била Цариградската патријаршија. Во 1461 година, во времето на истиот султан била основана Ерменската патријаршија во Константинопол и на тој начин им било дозволено на Ерменците да изградат црква во внатрешноста на градските ѕидини. Инаку, Ерменската патријаршија се сметала за монофизитска и еретичка (односно не била во сослужение со останатите православни цркви затоа што оваа црква не ги прифаќала заклучоците на Четвртиот вселенски собор).

За овој период карактеристично е тоа што голем број на цркви, чии седишта претходно биле зазедени од страна на Отоманците, биле претварани во џамии. Во 1492 година, кога муслиманите и сефардските евреи биле протерани од Шпанија, по завршувањето на Реконквистата и почетокот на Шпанската инквизиција, отоманскиот султан Бајазит II им дозволил на истите да се населат на територијата на имепријата.

Во текот на историјата, поголеми проблеми помеѓу муслиманското и немуслиманското население во империјата немало, ако се има предвид т.н. потурчување на христијанското население. Цариградската Патријаршија имала улога за помагање на црковното и училишното дело во Османската империја и директно се спротиставувала на некои од обидите на империјата за потурчување на одделни региони на Балканот.

Долги години, во Отоманската Империја била задржана структурата на христијанските цркви. Со започнувањето на развојот на национализмите на Балканот Цариградската патријаршија започнува да им служи на великогрчките интереси што довело до укинување на Охридската архиепископија и на другите помесни православни цркви[се бара извор]. Подоцна, во 1870 година била создадена Бугарската егзархија, со седиште во Константинопол.

Меѓусебните конфликти помеѓу христијаните и муслиманите, својата кулминација ја достигнала во периодот меѓу 1912 и 1922 година, за време на Балканските војни, Првата светска војна и Турската војна за независност. Христијанското население се намалило од 450.000 на 240.000 во периодот на воениот период.[62]

Војска

Современа Отоманска војска

Почетокот на 16 век претставува период кога Отоманската Империја била најсилна империја во Медитеранот и пошироко. Голем број на битки и војни од страна на Отоманците биле добиени не само поради шеријатската должност кон неверниците, туку и поради турските номади кои биле желни за освојување и ограбување. Тоа најмногу се должело на силниот и голем воен систем.

Првата воена единица на Отоманската Империја била војската, која била основана и организирана од стрна на Осман I од племињата кои живееле во западна Анадолија во доцниот 13 век. Воениот систем со непосредното проширување на империјата станувал сè посложен. Војската на Османлиската Империја се состоела претежно од платеници и регрутанти. Главните воени единици биле Јаничарите, Спахиите, Акинџиите и други. Отоманската армија можеби никогаш не користела најнапредни и современи орудија во светот, но сепак била една од првите кои во своите битки и војни користеле топови и мускети. Отоманците за прв пат започнале да користат топ во опсадата на Константинопол во 1422 година, иако бил со краток дострел. Отоманската коњаница зависела повеќе од самата брзина и мобилност отколку од тешките оклопи. Кавалеријата користела лакови и кратки мечеви. Од нив, најмногу се користеле арапскиот и туркменскиот коњ.[63][64] Падот на ефикасноста и силата на отоманската армија се почуствувала во средината на 17 век, по Големата Турска војна. Во текот на 18 век следувале неколку успеси против венецијанската република, но по овие победи Османлиите биле поразени во поредните Руско-турски војни. Модернизацијата на отоманската војска започнала во текот на 19 век. Во 1826 година султанот Махмуд II го укинал јаничарскиот корпус и основал модерна отоманска војска. Овој нов воен ред бил познат под името Низам-и Кедид. Во исто време, отоманската војска била првата воена институција која ангажирала странски експерти и испраќала свои офицери за обука во западните европски земји. Следствено, движењето на Младотурците започнало во времето кога тие студенти се вратиле од Западна Европа.

Отоманска морнарица

Отоманската морнарица значително придонела за проширување на териториите на империјата на европскиот континент. Таа го иницирала освојувањето на Северна Африка, пред сè Алжир и Египет во 1517 година. Во почетокот на 19 век, Отоманската Империја започнала да ги губи своите територии. Во 1821 била изгубена Грција, а во 1830 Алжир. Со тоа започнала да опаѓа и поморската власт и контрола над далечните прекуморски територии на империјата. Султанот Абдул Азис (1861-1876) се обидел да ја обнови некогашната моќна отоманска морнарица, по примерот на флотите на Франција и Велика Британија. Во Бароу, Обединетото Кралство ја изградила првата подморница во 1886 година за Отоманската Империја.[65]Сепак, слабеењето на отоманската економија не можела да ја одржи моќта на флотата за предолго. По Младотурската револуција во 1908 година, Комитетот се обидел да развие една силна поморска флота. Во 1910 година била основана Фондација на Отоманската морнарица, чија цел била да се купат нови бродови преку јавни донации.

Отоманско воздухопловство

Отоманското воздухопловство било основано во јуни 1909 година, како една од првите во светот. Империјата своите први пилоти и авиони ги подготвила на 3 јули 1912 година во Константинопол, преку создавањето на академијата Хава Окулу. Образовната академија забрзано напредувала во воената авијациона програма, зголемувајќи го бројот на пилоти и авиони. Во мај 1913 година започнала првата светска обука на специјализирани пилоти од страна на академијата. Во јуни 1914 година била основана нова воена академија која се викала Дениз Хава Окулу. Со избувнувањето на Првата светска војна, модернизацијата на воздухопловните сили запрела. Во текот на Првата саветска војна, отоманските воздухопловни сили се бореле на повеќе фронтови, од Галиција на запад до Кавказ на исток и Јемен на југ.

Поврзано


Надворешни врски

Англиски

Турски

Наводи

  1. The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire...
  2. Britannica, Istanbul:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.
  3. Договорот од Севр (10 август, 1920) afforded a small existence to the Ottoman Empire. Аболицијата на Птоманскиот Султанат на 1 ноември, 1922 не значело крај на Отоманската Држава, туку само на Отоманскаат династија. Официјалниот крај на Отоманската Држава бил деклариран со Договорот од Лозана (24 јули, 1923). Тој ја принава новата "Влада во Анкара", а не старата Отоманска влада со седиште во Константинопол, како претставник на правниот сопственик и држава наследничка. Владата во Константинпол била практично обезглавена после заминувањето на султанот од градот. TBMM декларира државата наследничка да биде "Република Турција" (29 октомври, 1923).
  4. Ottoman banknote with Arabic script
  5. Султанатот бил аболициран на 1 ноевмри, 1922. Мехмед VI, последниот отомански султан, бил протеран од Константинопол на 17 ноември, 1922.
  6. Со Договорот од Лозана (потпишан на 24 јули, 1923) новата турска држава (сè уште не Република, која била прогласена подоцна на 29 октомври, 1923) со седиште во Анкара е меѓународно призната како наследничка на отоманската држава.
  7. Full текст на Договорот од Лозана (1923) (англиски)
  8. Brown, Leon Carl, Imperial Legacy, (Columbia University Press, 1997), 1. (англиски)
  9. Предлошка:Цитирана книга
  10. Предлошка:Цитирана книга
  11. Предлошка:Цитирана книга
  12. Battle of Kosovo, Encyclopedia Britannica
  13. Kosovo Field, Columbia Encyclopedia
  14. Kosovo, Battle of, Encarta Encyclopedia
  15. Historical Dictionary Of Kosova By Robert Elsie, pg.95
  16. The Encyclopedia of World History: Ancient, Medieval, and Modern, Chronologically Arranged By Peter N. Stearns, William Leonard Langer, pg. 125
  17. Global Terrorism By James M Lutz, Brenda J Lutz, pg. 103
  18. Ismail Hakki Uzuncarsili. Osmanli tarihi, cild, 3 baaski, Ankara 1972, 310-320
  19. Furuzan Hursev Tokin, Turkiyede halk hareketleri, Istanbul 1968, 35.
  20. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Norwich373.
  21. Garnier, p.200
  22. http://www.njegos.org/past/liunion.htm
  23. Berend, Tibor Iván, History derailed: Central and Eastern Europe in the long nineteenth century, (University of California Press Ltd, 2003), 127.
  24. Jelavich, p. 217.
  25. "Hijra and Forced Migration from Nineteenth-Century Russia to the Ottoman Empire", by Bryan Glynn Williams, Cahiers du Monde russe, 41/1, 2000, pp. 79–108.
  26. Barsoumian, Hagop. "The Eastern Question and the Tanzimat Era", in The Armenian People From Ancient to Modern Times, Volume II: Foreign Dominion to Statehood: The Fifteenth Century to the Twentieth Century. Richard G. Hovannisian (ed.) New York: St. Martin's Press, p. 198. ISBN 0-312-10168-6.
  27. Kinross, Patrick (1977) The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire London: Perennial. ISBN 978-0-688-08093-8. p. 576.
  28. Spencer Tucker, ed. Encyclopedia of World War I (2005) p 1080
  29. Balakian, Peter. The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response. New York: Perennial, 2003. ISBN 0-06-019840-0
  30. Walker, Christopher J. "World War I and the Armenian Genocide" in The Armenian People From Ancient to Modern Times, Volume II, pp. 239–273.
  31. Akcam. A Shameful Act, pp. 109–204.
  32. Toynbee, Arnold J., The Treatment of Armenians in the Ottoman Empire 1915–16: Documents presented to Viscount Grey of Fallodon, Secretary of State for Foreign Affairs By Viscount Bryce. New York and London: G.P.Putnam's Sons, for His Majesty's Stationary Office, London, 1916, p. 650.
  33. Charny, Israel et al. A Letter from The International Association of Genocide Scholars. International Association of Genocide Scholars. 13 јуни, 2005. Accessed 12 септември, 2009.
  34. See Marashlian, Levon. Politics and Demography: Armenians, Turks, and Kurds in the Ottoman Empire. Cambridge, Mass.: Zoryan Institute, 1991.
  35. Mustafa Kemal Pasha's speech on his arrival in Ankara in November 1919
  36. Предлошка:Цитирана веб страница
  37. Предлошка:Цитирана веб страница
  38. Halil İnalcık, Studies in the economic history of the Middle East : from the rise of Islam to the present day / edited by M. A. Cook. London University Press, Oxford U.P. 1970, p. 209 ISBN 0-19-713561-7
  39. Halil İnalcık, Studies in the economic history of the Middle East : from the rise of Islam to the present day / edited by M. A. Cook. London University Press, Oxford U.P. 1970, p. 217 ISBN 0-19-713561-7
  40. Antony Black (2001), "The state of the House of Osman (devlet-ı al-ı Osman)" in The History of Islamic Political Thought: From the Prophet to the Present, p. 199
  41. Halil İnalcık, Donald Quataert (1971), An Economic and Social History of the Ottoman Empire, 1300–1914, p. 120
  42. Предлошка:Цитирана веб страница
  43. Предлошка:Цитирана веб страница
  44. Norman Itzkowitz, Ottoman Empire and Islamic Tradition p.38.
  45. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Donald.
  46. Bernard Lewis, Istanbul and the civilization of the Ottoman Empire, p151
  47. Kemal H Karpat, Social Change and Politics in Turkey: A Structural-Historical Analysis, p204
  48. Von Gabriel Piterberg, An Ottoman Tragedy: History and Historiography at Play, pp.98–103, Books.Google.de
  49. Von Helen Gardner, Horst De la Croix, Richard G. Tansey, Gardner's Art Through the Ages, p. 263, ISBN 0-15-503758-7,Books.google.de
  50. Предлошка:Цитирана книга
  51. Предлошка:Цитирана книга
  52. Kartın. F, 1974, Ortaköy Camii, Rölöve ve Restorasyon Dergisi, 1., Ankara, p. 87–89
  53. Nur İlkin - A Taste of Turkish cuisine
  54. Предлошка:Цитирана книга
  55. Karpat, 1978 & pp.237-274
  56. Shaw, 1978 & p.323-338
  57. 57,0 57,1 57,2 57,3 57,4 M. Kabadayı, Inventory for the Ottoman Empire / Turkish Republic 1500-2000
  58. L. Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, 206
  59. L. Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, 281
  60. "The Divinely-Protected, Well-Flourishing Domain: The Establishment of the Ottoman System in the Balkan Peninsula", Sean Krummerich, Loyola University New Orleans, The Student Historical Journal, volume 30 (1998–99
  61. Turkish Toleration, The American Forum for Global Education
  62. Globalization, Cosmopolitanism, and the Dönme in Ottoman Salonica and Turkish Istanbul. Marc Baer. University of California, Irvine.
  63. Milner The Godolphin Arabian pp. 3–6
  64. Wall Famous Running Horses p. 8
  65. Ellesmerereportstandard.co.uk, The standard - Petition created for submarine name

Литература

  • Barkey, Karen. Empire of Difference: The Ottomans in Comparative Perspective. (2008) 357pp Amazon.com, excerpt and text search
  • Creasy, Sir Edward Shepherd. History of the Ottoman Turks: From the beginning of their empire to the present time. R. Bentley and Son, 1877.
  • Finkel, Caroline. Osman's Dream: The Story of the Ottoman Empire, 1300–1923. John Murray, 2005. ISBN 0-7195-5513-2. Amazon.com, excerpt and text search
  • Goodwin, Jason. Lords of the Horizons: A History of the Ottoman Empire (2003) Amazon.com, excerpt and text search
  • Heywood, Colin. Writing Ottoman History: Documents and Interpretations. Ashgate, 2002. 376 pp.
  • Imber, Colin. The Ottoman Empire, 1300–1650: The Structure of Power. Palgrave Macmillan, 2002. ISBN 0-333-61386-4.
  • Inalcik, Halil and Quataert, Donald, ed. An Economic and Social History of the Ottoman Empire, 1300–1914. 1995. 1026 pp.
  • Itzkowitz, Norman. Ottoman Empire and Islamic Tradition. 1972.
  • Kinross, Lord. Ottoman Centuries (1979)
  • Levy, Avigdor, ed. Jews, Turks, Ottomans: A Shared History, Fifteenth to the Twentieth Century. (2002). 304 pp.
  • McCarthy, Justin. The Ottoman Turks: An Introductory History to 1923 1997 Questian.com, online edition
  • Mansel, Philip. Istanbul: City of the World's Desire, 1453–1924. Gardners Books, 1997. ISBN 0-14-026246-6.
  • Ochsenwald, William, and Sydney Nettleton Fisher. The Middle East: A History (2003) Amazon.com, excerpt and text search
  • Pamuk, Sevket. A Monetary History of the Ottoman Empire. 1999. 276 pp.
  • Quataert, Donald. The Ottoman Empire, 1700–1922 (2005), standard scholarly survey Amazon.com, excerpt and text search ISBN 0-521-54782-2.
  • Rogan, Eugene. The Arabs. A History. London, Allen Lane. 2009 ISBN 978-0-7139-9903-7
  • Shaw, Stanford J., and Ezel Kural Shaw. History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Vol. 1, 1977.
  • Somel, Selcuk Aksin. Historical Dictionary of the Ottoman Empire. (2003). 399 pp.
  • Предлошка:Цитирана книга
  • Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

До 1830

  • Braude, Benjamin, and Bernard Lewis, eds. Christians and Jews in the Ottoman Empire: The Functioning of a Plural Society (1982) Questia.com, online edition
  • Clot, André. Suleiman the Magnificent. 1993. 399 pp
  • Goffman, Daniel. The Ottoman Empire and Early Modern Europe (2002) Questia.com, online edition
  • Guilmartin, John F., Jr. "Ideology and Conflict: The Wars of the Ottoman Empire, 1453–1606", Journal of Interdisciplinary History, (Spring 1988) 18:4., pp721–747.
  • Holt, P. M. Egypt and the Fertile Crescent, 1516–1922: A Political History. 1966.
  • Kunt, Metin and Woodhead, Christine, ed. Süleyman the Magnificent and His Age: The Ottoman Empire in the Early Modern World. 1995. 218 pp.
  • Leiner, Frederick C. The end of Barbary terror : America's 1815 war against the pirates of North Africa. New York : Oxford University Press, 2006.
  • Lybyer, Albert Howe. The Government of the Ottoman Empire in the Time of Suleiman the Magnificent. AMS Press, 1978. ISBN 0-404-14681-3.
  • Melis, Nicola, "The importance of Hormuz for Luso-Ottoman Gulf-centred policies in the 16th century: Some observations based on contemporary sources", in R. Loureiro-D. Couto (eds.), Revisiting Hormuz - Portuguese Interactions in the Persian Gulf Region in the Early Modern Period, "Maritime Asia" 19, Fundação Calouste Gulbenkian/Harrassowitz Verlag, Wiesbaden 2008, pp. 107–120.
  • Murphy, Rhoads Ottoman Warfare 1500–1700 (1999) 278 pp.
  • Necipoğlu, Gülru. Architecture, Ceremonial, and Power: The Topkapı Palace in the Fifteenth and Sixteenth Centuries. MIT Press, 1991. ISBN 0-262-14050-0.
  • Parry, V.J. A History of the Ottoman Empire to 1730 (1976)
  • Pierce, Leslie P. The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. 1993. 374 pp.
  • Shaw, Stanford J. History of the Ottoman Empire and Modern Turkey, Vol I; Empire of Gazis: The Rise and Decline of the Ottoman Empire 1290–1808. Cambridge University Press, 1976. ISBN 978-0-521-21280-9.
  • Turnbull, Stephen. The Ottoman Empire 1326–1699 (2003) 95 pp Questia.com, online edition
  • Wheatcroft, Andrew. The Ottomans. 384 pp.

По 1830

  • Ahmad, Feroz. The Young Turks: The Committee of Union and Progress in Turkish Politics, 1908–1914, (1969).
  • Arnold, Guy. Historical Dictionary of the Crimean War. (2002). 179 pp.
  • Berend, Tibor Iván, History derailed: Central and Eastern Europe in the long nineteenth century, University of California Press Ltd, 2003.
  • Black, Cyril E., and L. Carl Brown. Modernization in the Middle East: The Ottoman Empire and Its Afro-Asian Successors. 1992.
  • Cleveland, William L. "The Ottoman and Safavid Empires: A New Imperial Synthesis" in A History of the Modern Middle East. Westview Press, 2004. pp37–56. ISBN 0-8133-4048-9.
  • Erickson, Edward J. Ordered to Die: A History of the Ottoman Army in the First World War (2000) Amazon.com, excerpt and text search
  • Faroqhi, Suraiya. Subjects of the Sultan: Culture and Daily Life in the Ottoman Empire. (2000) 358 pp.
  • Findley, Carter. Bureaucratic Reform in the Ottoman Empire. 1980.
  • Fortna, Benjamin C. Imperial Classroom: Islam, the State, and Education in the Late Ottoman Empire. (2002) 280 pp.
  • Fromkin, David. A Peace to End All Peace: The Fall of the Ottoman Empire and the Creation of the Modern Middle East (2001) Amazon.com, excerpt and text search
  • Göçek, Fatma Müge. Rise of the Bourgeoisie, Demise of Empire: Ottoman Westernization and Social Change. (1996). 220 pp.
  • Hale, William. Turkish Foreign Policy, 1774–2000. (2000). 375 pp.
  • Hanioglu, M. Sukru. A Brief History of the Late Ottoman Empire (2008) Amazon.com, excerpt and text search
  • Inalcik, Halil and Quataert, Donald, ed. An Economic and Social History of the Ottoman Empire, 1300–1914. 1995. 1026 pp.
  • Jelavich, Barbara. History of the Balkans: Eighteenth and Nineteenth Centuries. Cambridge University Press, 1983. ISBN 0-521-25249-0.
  • Karpat, Kemal. Ottoman Population, 1830–1914 1985.
  • Karpat, Kemal H. The Politicization of Islam: Reconstructing Identity, State, Faith, and Community in the Late Ottoman State. (2001). 533 pp.
  • Kayali, Hasan. Arabs and Young Turks: Ottomanism, Arabism, and Islamism in the Ottoman Empire, 1908–1918 (1997); CDlib.org, complete text online
  • Kushner, David. The Rise of Turkish Nationalism, 1876–1908. 1977.
  • McCarthy, Justin. The Ottoman Peoples and the End of Empire. Hodder Arnold, 2001. ISBN 0-340-70657-0.
  • Miller, William. The Ottoman Empire, 1801–1913. (1913) ,Books.Google.com full text online
  • Owen, Roger. The Middle East in the World Economy, 1800–1914. (1981)
  • Quataert, Donald. Social Disintegration and Popular Resistance in the Ottoman Empire, 1881–1908. 1983.
  • Shaw, Stanford J., and Ezel Kural Shaw. History of the Ottoman Empire and Modern Turkey. Vol. 2, Reform, Revolution, and Republic: The Rise of Modern Turkey, 1808–1975. (1977). Amazon.com, excerpt and text search
  • Toledano, Ehud R. The Ottoman Slave Trade and Its Suppression, 1840–1890. (1982)


ТриполиОтомански ТунисОтомански АлжирОтомански ЕгипетОтомански КипарМосулИсторија на ИракИсторија на СиријаВан (Турција)КараманоглуТрабзонСогутБурсаОтоманска СрбијаОтоманска АлбанијаОтоманска БугаријаПадот на КонстантинополОтоманска ГрцијаИсторија на Босна и ХерцеговинаКримИсторија на Босна и ХерцеговинаОтоманска Црна ГораИсторија на МолдавијаОтоманска Унгарија


Предлошка:Османлиска Империја

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Отоманско Царство“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).