Фердинанд II (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9: Ред 9:
== Крал на Бохемија ==
== Крал на Бохемија ==

Чешкиот парламент во 1617 година го избрал за [[крал на Бохемија]]. Царот [[Матеја (Свето Римско Царство)|Матеја]] немал машки наследници па Фердинанд побарал подршка од [[Хабсбуршка Шпанија]] за да го назначи за негов наследник. За подршката, тој ги понудил [[Алзас]] и териториите во Италија.
Чешкиот парламент во 1617 година го избрал за [[крал на Бохемија]]. Царот [[Матеја (цар на Светото Римско Царство)|Матеја]] немал машки наследници па Фердинанд побарал подршка од [[Хабсбуршка Шпанија]] за да го назначи за негов наследник. За подршката, тој ги понудил [[Алзас]] и териториите во Италија.

Неговата верска политика довела до нарушување на верските слободи на оние кои не биле католици. Тој не ги почитувал верските слободи кој ги потпишал [[Рудолф II (Свето Римско Царство)|Рудолф II ]], според кој договор била гарантирана слободата на вероисповед во кралството. Новиот цар бил голем застапник на [[Католизам|католизмот]]. Главно поради ова се довело до нарушување на верските слободи и права за оние кои не ја прифаќале католичката вера. Освен тоа, новиот цар бил и голем [[апсолутизам|апсолутист]] и често пати ги нарушувал секуларните права на своите поданици. Бидејќи помеѓу кралскиот двор имало и такви кои го прифаќале протестантството, новиот крал многу бргу станал непопуларен помеѓу населението, проследено преку избувнување на побуна против него.

Преработка од 16:16, 11 јуни 2016

Фердинанд II (германски: Ferdinand II, роден на 9 јули 1578 во Грац - починал на 15 февруари 1637 во Виена) — владетел од Хабсбуршката династија како цар на Светото Римско Царство во периодот од 1620 до 1637 година, крал на Унгарија (1618-1625), крал на Бохемија (1619-1637), крал на Хрватска (1619-1637), надвојвода од Австрија (1590-1637) и надвојвода од Штаерска.

Фердинанд II бил голем приврзеник на католизмот, па неговото признавање како крал на Бохемија довело до започнување на Триесетгодишната војна против протестантите.

Рани години

Фердинанд бил роден во грац во 1578 година како син на Карло II и Марија Ана Баварска. Своето образование го завршил во Инголштат. По крајот на школувањето во 1595 година започнал да управува со своите наследни територии кои тогаш биле управувани од страна на неговиот роднина, Максимилијан III. По преземањето на должноста започнал големо протерување на некатоличкото население.

Крал на Бохемија

Чешкиот парламент во 1617 година го избрал за крал на Бохемија. Царот Матеја немал машки наследници па Фердинанд побарал подршка од Хабсбуршка Шпанија за да го назначи за негов наследник. За подршката, тој ги понудил Алзас и териториите во Италија.

Неговата верска политика довела до нарушување на верските слободи на оние кои не биле католици. Тој не ги почитувал верските слободи кој ги потпишал Рудолф II , според кој договор била гарантирана слободата на вероисповед во кралството. Новиот цар бил голем застапник на католизмот. Главно поради ова се довело до нарушување на верските слободи и права за оние кои не ја прифаќале католичката вера. Освен тоа, новиот цар бил и голем апсолутист и често пати ги нарушувал секуларните права на своите поданици. Бидејќи помеѓу кралскиот двор имало и такви кои го прифаќале протестантството, новиот крал многу бргу станал непопуларен помеѓу населението, проследено преку избувнување на побуна против него.

Чешките протестанти на 22 мај 1618 година заробиле најпрвин двајца царски службеници и еден писар и при тоа ги исфрлиле преку прозорецот на Прашката палата, без да ги ранат посебно. Овој настан е поснат како Прашка дефенестрација или втора прашка дефенестрација. И покрај тоа што царските службеници не биле тешко повредени, сепак таа акција претставувала повреда на достоинството на Фердинанд. По оваа акција започнала побуна која довела до започнување на Триесегодишната војна.