Томина недела: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
→‎Наводи: Wikimedia Commons
Ред 27: Ред 27:


== Наводи ==
== Наводи ==
{{рв|Doubting Saint Thomas}}
{{рв|Thomas Week Slavs}}
{{наводи}}
{{наводи}}



Преработка од 23:12, 10 мај 2016

Томина Недела
Томина Недела
Неверниот Тома. Дело на Дучо (1308)
Наречен иНова Недела, Антипасха, Бела Недела, Мал Велигден
Го празнува(ат)христијанскиот свет
Видхристијански
ЗначењеПоверувањето на Неверниот Тома
Датум8 дена по Велигден
ПоврзаноВелигден

Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство како Бела Недела или Мал Велигден (лат. Dominica in albis) — значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.[1] Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорл и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.[2]

Житие

Тој е познат и како Томас или Близнак, е еден од дванаесетте апостоли. Тој е можеби најпознатиот апостол кој не верувал во Христовото воскресение. Исто така тој е и единствениот апостол кој отишол надвор од Римската империја да го проповеда Евангелието, односно во Персија, Кина и Индија. За него се смета дека можеби е првиот католик во западниот свет. Во Евангелието на Јован во 11:16, се споменува дека кога Свети Лазар починал, апостолите на еден начин се спротиставиле на Исус Христос да се вратат во Јудеја, Свети Тома смело одговорил: “Да одиме и ние да умраме со Него“. Свети Тома е единствениот апостол кој присуствувал на Успението на Пресвета Богородица на небото. Останатите апостоли биле специјално дојдени во Ерусалим за самиот погреб на Дева Марија. Апостол Тома е почитуван како светец во Римокатоличката црква и Православна црква. Римокатоличката црква неговото име го славела на 21 декември. Таа била преместена поради тоа што на истата дата е починал Свети Петар Канисиус. Така, во римокатоличката и англиканската црква, Свети Тома се чествува на 3 јули. Во Православната црква, Источната католичка црква, Свети Томе го чествуваат во недела, односно една недела по Великден. Црквите кои го следаат јулијанскиот календар, празникот на Свети Тома го чествуваат на 6 октомври.

Празнување

Во Византија, од Пасха до Антипасха не се случувале коњски трки, ниту пак било кои други игри. Оние кои се крштевале на Велика Сабота се облекувале само во бела боја, по што од овој ден продолжувале да се облекуваат вообичаено.[3] Во Бугарија на овој ден жените повторно бојадисуваат јајца и ги подаруваат за душите на своите покојни блиски, како веруваат дека така ќе ги заштитат од реинкарнација (повампирување).[4]

Наводи

  1. (Јован, 20/25)
  2. (Јован, 20/27-29)
  3. Томина недела
  4. Днес е Томина неделя

Надворешни врски