Национална арена „Тоше Проески“: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 16: | Ред 16: | ||
}} |
}} |
||
'''Национална арена „Филип II Македонски“''' во [[Скопје]] |
'''Национална арена „Филип II Македонски“''' — повеќенаменски [[стадион]] во [[Скопје]] за разни [[спорт]]ови кој најчесто се користи за [[фудбал]]ски натпревари. На него играат фудбалските клубови [[ФК Работнички]] и [[ФК Вардар]], како и [[Фудбалска репрезентација на Македонија|фудбалската репрезентација на Македонија]]. Неговиот моментален максимален капацитет изнесува 36.400. [[Влада на Република Македонија|Владата на Република Македонија]] официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 и со тоа сега името гласи Национална арена „Филип Втори“.<ref>[http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=89976B5EB501C649B6CB54F97C08DEA8&arc=1 Дневник]</ref><ref>[http://www.vecer.com.mk/?ItemID=BF8801930BF6C344B62A5418CCC2853D Вечер]</ref> Старото име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година. |
||
== Изградба и реконструкција == |
== Изградба и реконструкција == |
Преработка од 19:18, 24 април 2016
Национална Арена „Филип II Македонски“ | |
---|---|
Градски стадион | |
Место | Градски Парк, Скопје, Македонија |
Отворен | 1947 |
Проширен | 2008-2011 |
Сопственик | Град Скопје |
Оператор | ФФМ |
Подлога | трева |
Главен изведувач | ГП Бетон |
Игра | ФК Работнички ФК Вардар Национален фудбалски тим на Македонија |
Гледачи |
Национална арена „Филип II Македонски“ — повеќенаменски стадион во Скопје за разни спортови кој најчесто се користи за фудбалски натпревари. На него играат фудбалските клубови ФК Работнички и ФК Вардар, како и фудбалската репрезентација на Македонија. Неговиот моментален максимален капацитет изнесува 36.400. Владата на Република Македонија официјално го преименувала стадионот во февруари 2009 и со тоа сега името гласи Национална арена „Филип Втори“.[1][2] Старото име на стадионот e „Градски стадион Скопје“, па поради тоа е познат и под прекарот „градски“. Јужната трибина e проектиранa од архитектите на „Бетон“ Драган Крстев и Тодорка Мавкова уште во 1977 година.
Изградба и реконструкција
Изградбата на Градскиот стадион во денешната форма започнала во далечната 1978 година, кога започнала изградбата на јужната трибина. Истата била завршена за две години. По долг застој во реализацијата на проектот, во јануари 2008 година била урната старата северна трибина и започнала изградба на нова трибина. Изградбата на новата северна трибина се спровела според највисоките стандарди на ФИФА. Оваа трибина била пуштена во употреба на 2 август 2009. Потоа на 8 септември 2009 година започнала изградбата на источната и западната трибина. Кон крајот на 2009 година започнала и обновата на јужната трибина и истата била пуштена во употреба за потребите на натпреварот Работнички-Ливерпул, кој се одиграл на 29 јули 2010[3]. На 24 април 2011 во употреба биле пуштени источната и западната трибина со што целосно завршила првата фаза од реконструкцијата. Втората фаза опфаќала реконструкција на теренот и атлетската патека и истата отпочнала во септември 2011. Реконструкцијата завршила со уредувањето на подтрибинскиот простор. [4] Во септември 2013 започнала третата фаза од реконструкцијата, односно фасадното уредување и осветлување на арената. Новиот изглед на стадионот ќе овозможи и искристување на подтрибинскиот просор. Дел од овој простор ќе биде наменет за спортските федерации, а дел ќе се користи за комерцијална намена.[5]
Настани
Во јуни 2015 година, УЕФА го избрала стадионот за да биде домаќин на УЕФА Супер Купот во 2017 година.[6][7][8][9]
Галерија
-
Квалификациски меч во УЕФА Европа лигата
-
Поглед однадвор
-
Поглед од Водно
-
Арената навечер
-
Поглед од јужната трибина
Наводи
- ↑ Дневник
- ↑ Вечер
- ↑ Утрински весник
- ↑ Сител Телевизија
- ↑ Build.mk
- ↑ Macedonia to host 2017 UEFA Super Cup uefa.com 30 јуни 2015
- ↑ УЕФА официјално соопшти: Супер купот во 2017 на арената „Филип Втори“! ekipa.mk 30 јуни 2015
- ↑ Огромно признание за Македонија: Скопје е прв град во регионот со натпревар од ваков ранг! ekipa.mk 30 јуни 2015
- ↑ 12.000 Македонци ќе можат да купат билети за Суперкупот 2017! - See more at: http://sportmedia.mk/fudbal/domashno-prvenstvo/konechno-vrven-fudbal-vo-zhivo-makedoncite-kje-mozhat-da-kupat-12000#sthash.SzcgEr59.dpuf sportmedia.mk 30 јуни 2015
„Национална арена „Тоше Проески““ на Ризницата ? |
Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |