Вихрен: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 42: | Ред 42: | ||
== Поврзано == |
== Поврзано == |
||
* [[Вихрен (Пиринско)|Вихрен]] — истоимено село |
* [[Вихрен (Пиринско)|Вихрен]] — истоимено село во [[Светиврачко]] |
||
== Галерија == |
== Галерија == |
Преработка од 10:56, 12 април 2016
Вихрен | |
---|---|
Поглед на Вихрен од север | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2914 м [1] |
Истакнатост | 1783 м [1] |
Географија | |
Место | Пиринска Македонија (денес Благоевградска област, Бугарија |
Матичен венец | Пирин |
Вихрен — највисокиот врв на Пирин. Со своите 2.914 м е втор по височина во денешна Бугарија по Мусала на Рила и трет на Балканскиот Полуостров по Олимп во Егејска Македонија и Грција.
Местоположба
Врвот се наоѓа во северниот дел на масивот Пирин, на главното било меѓу врвот Кутело (на северозапад) и Овинати Врв (на југоисток). Со овие два врва го поврзуваат седлата Премката (2610 м) на север и Кабата (2535 м) на југ.
Име
Сè до 1942 г. врвот се нарекувал Елтепе („врв на бурите“). Денес тоа име го носи мало засолниште во подножјето на врвот, поставено за проучување на малиот ледник кој се наоѓа таму.
Географија
Гледан од Банско Вихрен личи на пресечена пирамида, а од југ потсетува на на четиристрана пирамида. Карактеристично за врвот е тоа што изгледа многу поразлично, зависно од која страна се гледа. Карпите кои го образуваат Вихрен се мермерни и не задржуваат вода, па затоа целото околно подрачје нема реки и езера. Најблиски езера се Влахините на југозапад. Растителноста по падините на Вихрен е оскудна — преовладуваат тревите и лишаите. Животинскиот свет е побогат — застапени се птиците и ситните глодари, но највеќе дивокозите, кои живеат во месноста Казаните во подножјето на врвот. По околниот раб на карпите Џамџиеви Скали изобилува цвеќето рунолист.
Клима
Вихрен има просечни годишни врнежи од 1.150 мм, а снежната покривка достигнува 3 м. Температурата се движи од 25° и -21°С во зима до 15° и 23°С во лето.
Поврзано
- Вихрен — истоимено село во Светиврачко
Галерија
-
Вихрен, гледан от патот кај скијалиштето
-
Поглед од месноста Кабата (2.535 м)
-
Поглед од Големото Бандеричко Езеро
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 "Europe Ultra-Prominences" Listed here as "Vikhren". Peaklist.org. посет. 20 февруари 2012 г.