Димитар Мирчев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5: Ред 5:
| alt =
| alt =
| caption = Димитар Мирчев
| caption = Димитар Мирчев
| birth_date = <!-- {{датум на раѓање|1942|03|31}} -->
| birth_date = {{датум на раѓање|1942|03|31}}
| birth_place = [[Сливен]], [[Бугарија]],
| birth_place = [[Сливен]], [[Бугарија]],
| residence = [[Скопје]]
| residence = [[Скопје]]

Преработка од 12:28, 6 април 2016

Димитар Мирчев
Димитар Мирчев
Роден(а)март 31, 1942(1942-03-31)
Сливен, Бугарија,
ЖивеалиштеСкопје
НационалностМакедонец
ПолињаОпштествени науки, социологија, политикологија
УстановиФилозофски факултет - Скопје - Институт за социологија и Институт за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ
ОбразованиеПравен факултет во Белград, Факултет за општествени науки во Љубљана
Теза„„Критика на граѓанските теории на партиципацијата”“ (1977)
Познат по„Балканскиот мегаетникум. Националните доктрини на македонските соседи“
Поважни наградиНаграда „Св. Климент Охридски“
Награда „11 Октомври“
Награда „13 Ноември“


Димитар Мирчев — македонски универзитетски професор, Професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности, Салцбург, Австрија, во Оделот за општествени науки, право и економија.

Живот

Роден е во Сливен , 1942 г. Основно и средно образование завршил во Скопје а високо во Белград, на Правниот факултет (Управно-политичка насока), во септември 1965. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, 1969-1971 г. Магистрирал 1971 г. во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англо-саксонските земји“. Докторирал во јануари 1977 г., на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“. Во 2003-2004 г. бил на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД. Поради „либерални девијации“ во 1974 година бил казнет со последна партиска опомена пред исклучување од СКМ, а казната му била симната по негово барање во 1982 година[1]. Извршувал важни функции во политичкиот живот на Македонија. Во периодот 1991-1993 бил специјален пратеник на Претседателот на РМ во процесот на меѓународното признавање на независноста на Македонија, а до 1999 година бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Словенија, акредитиран како нерезидентен и во Ватикан[1]. Бил основач на Младата демократска странка на Македонија (1990); основач на Македонскиот совет на Европското движење на Македонија (1993-); еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија (2000-2002)[1].

Научна дејност

Научната кариера ја започнал како асистент на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, 1967 г., каде подоцна е избиран за научен соработник и научен советник. На интердисциплинарните студии по новинарство, на Правниот факултет во Скопје е наставник од 1983 до 1986 г. Од 1990 г. е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје и во еден мандат- раководител на Институтот за социологија. Во 1992-3 е проректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во периодот 2010-2012 г. бил декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот ФОН во Скопје. Наставник е на Дипломатската академија на МНР во Скопје. Редовен професор и ментор е на студиите на Европскиот центар за мир и развој на ООН во Белград. Предавал со свои тематски циклуси на универзитетите во Љубљана, Питсбург, Загреб, Сараево, Валенција. Бил ментор на 55 магистри и доктори на науки.

Награди и признанија

Добитник е на највисоките награди за придонес на науката и образованието во Република Македонија: Св. Климент Охридски, 2006 г., „11 октомври“, 2012 г. и „13 ноември“, 2015 г. Во 1998 г. Светиот отец, Папата Јован Павле Втори го прогласи за Витез на Големиот крст на Св. Грегориј Велики а за неговиот придонес за дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите. Во јавната и дипломатска кариера- бил член на Уставната комисија на Собранието на РМ, 1991-2 г. и на работната група која го подготви Нацрт- уставот на РМ од 1991 г., посебен пратеник на Претседателот на Републиката за надворешни мисии 1991-1993 г. и прв македонски амбасадор во светот ( Словенија и Ватикан ), 1993-1999 г.  Сега е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот на РМ и член на Националниот совет за евро-интеграции на Собранието на РМ, како и член на Националната комисија за соработка со УНЕСКО. Основач е и Почесен претседател на Европското движење во Македонија како и Претседател на Македонското политолошко друштво.

Објавени дела

Објавил околу 200 научни трудови, универзитетски учебници, монографии, есеи и истражувачки извештаи, во земјата и во странство, на англиски, словенечки, хрватски, српски. Последниве години објавил повеќе монографии, студии и учебници, а на повеќе јазици е објавена неговата Тетралогија „Македониум“:

  • Драмата на плурализацијата. Политологија на кризата и систем­ски­те промени. Скопје: Магазин 21, 1991, стр. 183.
  • Политичките говори на совремието. Избор. Скопје: Мисла, 1998, стр. 200.
  • The Macedonian Foreign Policy 1991-2006. 2006. Skopje: EURM-AZ-BUKI. p.176.
  • Модерната политологија. Темелите на проучувањето на политичкиот живот. (заедно со Др. Лидија Христова). Универз. учебник. 2008. Скопје: Култура и Универзитет ФОН. Стр. 439
  • Македонија во Транзицискиот тунел. Политоскоп и сатирикон на последната петолетка. 2011. Скопје: Дневник. Стр. 278
  • Quo vadis Македонијо?  Разговори во политичкиот етер. (заедно со С. Стаменов). 2014. Скопје: ССтаменовс Публ. 2014. Стр, 190
  • Тетралогијата МАКЕДОНИУМ, 2012-2015
  • Балканскиот мегаетникум. Националните доктрини на македонските соседи. ВИГ Зеница. Скопје, 2012. Стр. 279

(The Balkan Mega-Ethnos. National Doctrines of Macedonia’s Neighbours. Toronto, Canada: Risto Stefov Publications. 2015. Pp.355

Balkanski mega-ethnikum. Nacionalne doktrine makedonskih sosed. Ljubljana: Univerza v Ljubljani, Fakulteta za druzbene vede, 2015. Str. 220

Balkanski megaetnikum. Nacionalne doktrine makedonskih suseda. Beograd: UN/ECPD. 2015 , str. 240

  • Ферментација на демократијата и нацијата. Сите македонски политички пролети 1943-1973.  Скопје: Силсонс, 2013, стр. 119
  • Идентитет и суверенитет. Скопје: Макавеј, 2014. Стр. 210
  • Европеизам. Либерализам. Македонизам.  Скопје: Зојдер, 2015. Стр. 198

Проф. д-р. Виолета Ачкоска за Димитар Мирчев:

Проф. д-р Димитар Мирчев се смета за еден од лидерите на ткн. Македонска либерална пролет. Како учесник во студентските настани 1968 и подоцна како застапник на идеи за демократизација на СКМ и општеството, бил сменет од партиските должности. Оневозможено му е какво и да е истражување, јавно публикување, настапи, настава итн. Од тие причини докторира во Љубљана а од 1983 г. преоѓа на работа во Љубљана, во Југословенскиот центар за теорија и практика на самоуправувањето „Едвард Кардељ“ каде ја води научно-истражувачката и меѓународна дејност. ЦК ЦКМ оневозможува да стане директор на тој центар.

Во 1990 г., се враќа во Македонија каде активно се вклучува во процесот на осамостојување, независност и плурализација. Како член на Уставната комисија на Собранието на РМ, учествува во изработката на Уставот на Македонија од 1991 г. како и на Декларацијата за сувереност и независност на РМ. Обавува дипломатски мисии и активности во странство како пратеник на првиот претседател на РМ, К. Глигоров. Во јуни 1993 г. е именуван и ја презема должноста на прв амбасадор на РМ во Словенија, а од 1995 г. и во Светиот престол- Ватикан. Во 1998 година одликуван е од Неговата светост, папата Јован Павле Втори со витештво на Големиот крст на Св, Грегориј Велики а за заслуги во дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите.

Како универзитетски професор и научен работник, објавил над 180 трудови, универзитетски учебници, студии, монографии и статии, добар дел од нив во странство. Предавал на универзитетите во Скопје, Љубљана, Загреб, Сараево, Валенција, Питсбург. Денес е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот на РМ, член на Националниот совет за евро-интеграции на Собранието на РМ и член на Националната комисија за соработка со УНЕСКО.

( Проф. д-р. Виолета Ачкоска. 2011. Лекции од историјата на современата македонска држава, 1944-1991. Скопје: Филозофски факултет на УКИМ, стр. 198)

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 Шкариќ, Светомир (2009). „Мирчев, Димитар“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 961. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Занемарен непознатиот параметар |coauthors= (се препорачува |author=) (help)CS1-одржување: користи параметар editors (link)
  1. Проф. д-р Димитар Мирчев Факултет за политички науки
  2. „Модерната политологија“ од д-р Димитар Мирчев и д-р Лидија Христова -Утрински Весник