КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 127: Ред 127:
Доброволното пензиско осигурување овозможува и доброволно колективно пензиско осигурување – професионални пензиски шеми каде што работодавците уплаќаат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или за дел од своите вработени. Принципот на акумулација и капитализација на средствата на доброволните индивидуални или професионални сметки, поддржана со инвестиции на средствата на доброволните пензиски фондови и формирање на идните пензиски надоместоци од доброволните фондови врз основа на висината и периодот на уплата на средствата, наплатените надоместоци и приносот од инвестиции, овозможува дефинирање на висината на акумулираните средства што се користат за исплата на пензиски надоместоци од доброволните фондови.<ref>[http://www.kbprvo.com.mk/web/guest/kbprvdobrovolen Прв отворен доброволен пензиски фонд]</ref>
Доброволното пензиско осигурување овозможува и доброволно колективно пензиско осигурување – професионални пензиски шеми каде што работодавците уплаќаат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или за дел од своите вработени. Принципот на акумулација и капитализација на средствата на доброволните индивидуални или професионални сметки, поддржана со инвестиции на средствата на доброволните пензиски фондови и формирање на идните пензиски надоместоци од доброволните фондови врз основа на висината и периодот на уплата на средствата, наплатените надоместоци и приносот од инвестиции, овозможува дефинирање на висината на акумулираните средства што се користат за исплата на пензиски надоместоци од доброволните фондови.<ref>[http://www.kbprvo.com.mk/web/guest/kbprvdobrovolen Прв отворен доброволен пензиски фонд]</ref>

На крајот од 2015 година, во доброволниот пензиски фонд учествувале 21.744 лица со вкупни заштеди од 6,5 милиони евра.<ref>„До крајот на март 198.402 граѓани ќе добијат извештај за пензиската заштеда од КБ прво пензиско друштво“, ''Дневник'', година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 8.</ref>


==Награди и признанија==
==Награди и признанија==

Преработка од 18:39, 21 февруари 2016

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје е македонско трговско друштво за управување со пензиски фондови. Друштвото е основано во 2005 година од страна на Комерцијална банка АД Скопје и Прва покојнинска дружба (сега Prva Group plc) од Љубљана, Словенија.

Организација и менаџмент на КБ Прво пензиско друштво

КБ прво пензиско друштво произлегло како дел од реформите во пензискиот систем во Република Македонија. Тоа било оновано во 2005 година од страна на Комерцијална банка АД Скопје и Прва покојнинска дружба од Љубљана. Друштвото е организирано како акционерско друштво чии сопственици се неговите основачи.

Менаџерска структура

Генерален директор на КБ Прво пензиско друштво е Јанко Тренкоски.[1]

Цели на КБ Прво пензиско друштво

Целта на КБ прво пензиско друштво е да ги заштити интересите на членовите на фондовите, да овозможи сигурност на нивните средства и да создадат профит со соодветно инвестирање на прибраните придонеси. Работејќи на остварување на својата цел, КБ прво пензиско друштво, на своите членови на Фондовите им нуди:

  • СИГУРНОСТ – работејќи согласно строгите законски одреби и под контрола од страна на институциите кои се инволвирани во реформираниот пензиски систем (Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и банката чувар),
  • СТАБИЛНОСТ - КБ прво пензиско друштво произлегува од партнерството на две моќни и угледни финансиски институции - Комерцијална банка АД Скопје и Prva Group plc[2], кои се одликуваат со голема банкарска традиција и искуство во управување со пензиски фондови,
  • СПЕЦИЈАЛИЗИРАНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – со друштвото раководат искусни и стручни лица, а негова основна дејност е управување со пензиски фондови,
  • ОРГАНИЗИРАНОСТ И ДОСТАПНОСТ – друштвото располага со широко распространета мрежа на обучени агенти,
  • ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РАБОТЕЊЕТО – друштвото е отворено за комуникација и достапно за членовите кои во секое време имаат увид во своите средства и нивното оплодување.[3]

Пензиската реформа во Македонија

Македонија е една од земјите која во 1990-тите го започнала процесот на транзиција кон пазарна економија, во која пензискиот систем забележал тешки контракции како резултат на општиот пад на економијата. Транзиционата економска криза ги потенцирала големите проблеми во пензискиот систем, го загрозила одржувањето на финансиската одржливост на системот, го зголемила степенот на редистрибуција и придонесла за слабеење на врската меѓу височината на придонесите и идните износи на пензиите. Тоа, постапно, довело до опаѓање на довербата на осигурениците во сигурноста на пензиите, а стимулирало и омасовување на појавата на евазија на плаќањата на пензискиот придонес или затајување на реалните плати на осигурениците. Од друга страна, големиот број предвремено пензионирани лица, како и растечкиот број на невработени уште повеќе го изостриле прашањето на одржливоста на пензискиот систем, заснован на принципот на генерациска солидарност. Односот меѓу бројот на пензионерите и бројот на осигурениците со текот на времето станувал сè понеповолен, а исплатата на пензиите била доведена во прашање.[4]


Реформата во пензискиот систем во Македонија била спроведена со цел да обезбеди материјална и социјална сигурност за сегашните и идните пензионери на долг рок. Ваков тип на реформа била неопходна во пензиското осигурување од причина што стариот - едностолбен систем, организиран според принципот на “генерациска солидарност”, бил соочен со сериозни проблеми во своето функционирање и се наметнало прашање дали ќе може да опстои во иднина. Заради сето ова, по примерот на другите земји кои веќе презеле реформи во пензиското осигурување, Македонија извршила реформа на пензискиот систем, т.е. воспоставила повеќестолбен систем во пензиското осигурување. Воведувањето на капитално-финансираното пензиско осигурување, кое радикално се разликува од тековно-финансирано осигурување, се настојувало да се постигне долгорочна избалансираност на приходите и расходите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и обезбедување сигурност и заштита на пензионерите.[5]

Задолжително пензиско осигурување преку КБ прво пензиско друштво

На секој осигуреник кој склучил договор со КБ Прво пензиско друштво му се отвора лична сметка на која се кумулираат средствата од придонесите за пензиско осигурување кои се издвојуваат на товар на неговата плата. На личната сметка се евидентира и целокупниот остварен принос од инвестициите во согласност со учеството на средства на членовите во вкупните средства на фондовите. Секој осигуреник уплаќа на личната сметка дел од придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, во износ од 6.3 % од бруто платата. Тие средства не се користат за исплата на туѓи пензии, туку се лични средства што се користат како дел од пензијата која осигуреникот ќе ја добива по пензионирањето. Овие средства може да се предмет на наследување, што не е случај во едностолбниот систем.

Сите средства што се уплаќат на личната сметка се дел од личниот имот на осигуреникот и тие не може да се користат во постапка на порамнување или стечај на КБ прво пензиско друштво, да се даваат во залог, асигнација или да се пренесуваат во полза на трети лица, освен во случаи што се стриктно наведени со законските прописи.

Комплетен увид во состојбата на средствата на членовите

Преку достава на редовни годишни извештаи за состојбата на средствата на индивидуалната сметка на членовите во Задолжителниот пензиски фонд и/или доброволната индивидуална/професионална сметка во Доброволниот пензиски фонд, на личната адреса на членовите, секој член на пензискиот фонд има комплетен увид на средствата на личната сметка, бројот на сметководствени единици и вредноста на сметководствената единица на Фондовите. Со дополнителната можност за on-line известување има можност за брз, бесплатен, современ и едноставен начин за увид во сметката во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд - Скопје. Со тоа, секој член на пензиските фондови има информации за редовноста на уплатите на сметка, бројот на сметководствени единици, крајната состојба на средствата на сметката во Фондот.[6]

Професионално управување со средствата на членовите

Со пензиските фондови управувани од КБ пензиско друштво управуваат стручни и искусни лица, вложувајќи ги средствата во сигурни финансиски инструменти, согласно законските прописи, што овозможува сигурност и одреден принос на вложените средства и со што се создава можност за раст на идните пензии на членовите на фондовите.

Пензија од три извори

Реформираниот пензиски систем обезбедува поголема сигурност на тој начин што финансирањето на пензиите се врши од трите столба: Фондот за ПИОМ, задолжителниот пензиски фонд од вториот столб и доброволниот пензиски столб во третиот пензиски столб. Делот од пензијата што се исплатува од првиот столб се пресметува според однапред одредена формула врз основа на висината на платите и должината на работниот стаж. Вториот дел од пензијата се исплатува од задолжителна индивидуалната сметка на членот во Задолжителниот пензиски фонд со кој управува КБ Прво пензиско друштво, како дел од вториот столб на системот за пензиско осигурување. Третиот дел од пензијата се исплатува од доброволна индивидуална сметка или професионална сметка на членот во Доброволниот пензиски фонд, како еден од изворите во рамките на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување – трет столб на пензискиот систем.

Инвестирање согласно законските прописи

Инвестирањето на средствата на КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд–Скопје и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд–Скопје се врши според строго утврдени правила, едновремено почитувајќи ги принципите на сигурност, диверсификација на ризикот и одржување ликвидност на средствата на Фондовите. Инвестирањето на средствата е под постојан надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, додека пак, банката чувар на имот безбедно ги чува средствата на Фондовите, одделно од средствата на Друштвото.[7]

КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд

КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд - Скопје (скратено Прв задолжителен пензиски фонд) е називот на задолжителниот пензискиот фонд кој е основан и управуван од страна на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. На 31 декември 2013 година, во овој фонд членувале 183 711 лица.[8] Една година подоцна, во фондот членувале 195.358 осигуреници, кои во фондот имале акумулирано заштеди од вкупно 288 милиони евра.[9] На крајот од 2015 година, во задолжителниот пензиски фонд членувале 198.402 осигуренци чии вложиле во фондот вкупно 347 милиони евра.[10] Во периодот 31 декември 2006 - 31 декември 2013 година, на инвестираните средства на КБ прв отворен задолжителен фонд бил остварен просечен номинален принос од 5,41%, или просечен реален принос од 2,37%.[11] Набљудувано во периодот од 31.12.2007 година до 31.12.2014 година, фондот остварил просечен годишен принос од 5,21% (номинално), т.е. 3,05% (реално).[12]

Прв задолжителен пензиски фонд го сочинуваат уплатените средства од придонесите на неговите членови, по пресметката и наплатата на надоместоците, и приносот од инвестиициите. Сопственици на Прв задолжителен пензиски фонд се неговите членови, а нивните поединечни сопственички права се определени од износот на средствата на нивните сметки во фондот. Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се целосно издвоени од средствата на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и се доверени на чување на банката-чувар на имот. Ова подвојување на средствата е направено со цел да се постигне висок степен на сигурност на средствата. Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд не можат да бидат предмет на побарувања, ниту врз тие средства може да биде спроведено извршување од страна на доверителите на КБ Прво пензиско друштво или во нивно име.

Средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се инвестираат согласно строго утврдени законски правила и други прописи од областа на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување и согласно инвестиционата стратегија и инвестиционата тактика на Фондот. Инвестирањето на средствата на Прв задолжителен пензиски фонд се врши на начин кој обезбедува: сигурност на средствата, диверсификација на ризикот од инвестициите и одржување на адекватна ликвидност.[13] Структурата на портфолиото на КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд е дадена во табелата бр. 1.


Табела 1: Структура на портфолиото на КБ прв отворен задолжителен пензиски фонд (31.12.2013)[14]

Финансиски инструменти Износ (во денари) Учество (во %)
Домашни државни обврзници 8 901 202 159 61,99
Депозити во домашни банки 1750 978 159 12,19
Домашни акции 424 163 857 2,95
Акции и удели во странски инвестициски фондови 3258 430 089 22,69
Побарувања 22 248 146 0,15
Парични средства 2 946 113 0,02
Вкупно средства 14 359 968 523 100,00

Притоа, во однос на географската структура на инвестираните средства, во 2013 година, најголем дел од средствата биле инвестирани во македонски финансиски инструменти (77,31%), а потоа следеле германските и американските финансиски инструменти (11,49% и 11,20%, соодветно).[15] Во 2014 година, 72% од средствата на фондот биле инвестирани во македонски финансиски инструменти, 11,36% во американски, 6,15% во германски, 2,27% во француски, 1,88% во британски инструменти итн.[16] На крајот од 2015 година, во структурата на активата на фондот, најголем дел (62%) заземале државните обврзници, 29% било учеството на странските акции преку индексните фондови, 5% биле вложени во вид на депозити и 2,15% во македонски акции.[17]

На 31 декември 2014 година, средствата на фондот достигнале 17,738 милијарди денари, од кои 10,612 милијарди денари (59,83% од вкупните средства) биле инвестирани во државни обврзници, 4,95 милијарди денари (27,91%) во странски индексни фондови, 1,481 милијарди денари (8,35%) во депозити кај банки и 447 миллиони денари (2,52%) во акции на македонски компании.[18] [19]


КБ прво пензиско друштво на своите членови им наплатува надоместоци за управување со средствата. Надоместоците за управување со средствата, кои се наплаќаат од уплатените придонеси за пензиско осигурување, се менувале со текот на времето, паралелно со зголемувањето на бројот на членовите во друштвото.


Табела 2: Надомест за управување со средствата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје[20] [21]

Период Надомест
31.12.2006 - 30.6.2007 8,5%
1.7.2007 - 31.1.2008 7,9%
1.2.2008 - 31.12.2009 6,8%
1.1.2010 - 31.12.2010 5,5%
1.1.2011 - 31.12.2011 4,5%
1.1.2012 - 31.5.2013 4%
1.6.2013 - 31.12.2013 3,75%
1.1.2014 - 31.12.2014 3,5%


Исто така, КБ прво пензиско друштво наплаќа и месечен надомест, кој се пресметува врз основа на вкупниот износ на нето-средствата на отворениот задолжителен пензиски фонд. Висината на овој надомест е даден во табелата бр. 2.


Табела 3: Месечен надомест од вкупните нето-средства на КБ прво пензиско друштво АД Скопје[22] [23]

Период Надомест
31.12.2006 - 31.5.2013 0,05%
1.6.2013 - 31.12.2014 0,045%


Покрај овие надомести, во периодот од 31 декември 2006 до 31 декември 2013 година, КБ прво пензиско друштво наплатило трансакциони провизии во вкупен износ од 13.145.435 денари, или 0,1408 денари по една сметководствена единица. Набљудувано само во текот на 2013 година, трансакционите трошоци изнесувале 1.053.282 денари, или 0,0113 денари по една сметководствена единица. Во периодот од 31 декември 2007 година до 31 декември 2014 година, фондот наплатил трансакциони провизии во вредност од 9.751.128 денари или 0,091 денар по една сметководствена единица. Набљудувано само во текот на 2014 година, трансакционите трошоци изнесувале 558.162 денари, или 0,005 денари по една сметководствена единица. Најпосле, за премин на осигурениците во друго друштво за управување со пензиски фондови, КБ прво пензиско друштво наплаќа надомест од 15 евра, кој се наплаќа само ако лицето било член во фондот помалку од 270 денови.[24] [25]

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд

КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд е доброволен пензиски фонд како дел од третиот пензиски столб – доброволно капитално-финансирано пензиско осигурување и тој овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства. Основната цел на третиот пензиски столб, независно од државното пензиско осигурување, е да обезбеди повисок приход по пензионирањето на вработените лица, пензиски приходи на лицата кои не се вработени или спаѓаат во категоријата на долгорочно невработени лица, лицата вработени на проекти или во странски мисии, лица кои немаат приходи по ниедна основа, дополнително пензиско осигурување на трети лица - брачни другари, членови на семејство, односно пензиски приходи на сите лица кои се на возраст од 15 до 70 години, но немаат остварено право на пензија, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување пензија.

Доброволното пензиско осигурување овозможува и доброволно колективно пензиско осигурување – професионални пензиски шеми каде што работодавците уплаќаат дополнителни средства за пензиско осигурување за сите или за дел од своите вработени. Принципот на акумулација и капитализација на средствата на доброволните индивидуални или професионални сметки, поддржана со инвестиции на средствата на доброволните пензиски фондови и формирање на идните пензиски надоместоци од доброволните фондови врз основа на висината и периодот на уплата на средствата, наплатените надоместоци и приносот од инвестиции, овозможува дефинирање на висината на акумулираните средства што се користат за исплата на пензиски надоместоци од доброволните фондови.[26]

На крајот од 2015 година, во доброволниот пензиски фонд учествувале 21.744 лица со вкупни заштеди од 6,5 милиони евра.[27]

Награди и признанија

На 19 ноември 2015 година, на свеченоста одржана во Барцелона, КБ „Прво пензиско друштво“ ја добило наградата за најдобар пензиски фонд во Централна и Источна Европа во 2015 година, доделена од страна на финансиското списание „ИПЕ“ (IPE, Investment & Pensions Europe).[28]

Наводи

  1. „КБ „Прво пензиско друштво“ со награда за најдобар пензиски фонд“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 10.
  2. Prva zavarovalnice ki holding dd. Ljubljana
  3. КБ прво пензиско друштво
  4. Министерство за труд и социјална политика
  5. КБ прво пензиско друштво, Пензиска реформа во Република Македонија
  6. on-line KБ прво пензиско друштво, Известувањe
  7. КБ Прво пензиско друштво
  8. Комерцијална банка - Скопје
  9. „Пензиските друштва им заработија 100 милиони евра на идните пензионери“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 7.
  10. „До крајот на март 198.402 граѓани ќе добијат извештај за пензиската заштеда од КБ прво пензиско друштво“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 8.
  11. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.
  12. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година.
  13. Прв задолжителен пензиски фонд
  14. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.
  15. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.
  16. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година.
  17. „До крајот на март 198.402 граѓани ќе добијат извештај за пензиската заштеда од КБ прво пензиско друштво“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 8.
  18. „Пензиските друштва им заработија 100 милиони евра на идните пензионери“, Дневник, година XIX, број 5687, понеделник, 9 февруари 2015, стр. 7.
  19. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година.
  20. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.
  21. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година.
  22. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.
  23. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година.
  24. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2013 година.
  25. Информатор за работата на КБ прво пензиско друштво АД Скопје во 2014 година.
  26. Прв отворен доброволен пензиски фонд
  27. „До крајот на март 198.402 граѓани ќе добијат извештај за пензиската заштеда од КБ прво пензиско друштво“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 8.
  28. „КБ „Прво пензиско друштво“ со награда за најдобар пензиски фонд“, Економија и бизнис, год. 18, бр. 210/211, декември 2015/јануари 2016, стр. 10.