Пашалак: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Bjankuloski06 ја премести страницата Ејалет на Пашалак
(нема разлика)

Преработка од 23:29, 17 јануари 2016

Румелискиот пашалак во кој влегувала Македонија

Пашалак, ејалет или беглербеглак (турски: paşalık, eyalet или beylerbeylık) — претставувал најголемата административно-територијална единица во Османлиското Царство. На чело на пашалакот стоел беглербег или паша кој бил директно потчинет на Високата порта. Пашалакот од своја страна се делел на санџаци.

Првобитната организација имаla свои корени уште во времето на настанувањето на Османлиското Царство, како вазална држава на Селџуците во централана Анадолија.

Проширувањата настанале врз основа на веќе постоечката административна структура на селџучкиот систем, во која наследните владеачи на овие територии ја имале титулата бег. Овие бегови (локални водачи) продолжиле да владеат под сузеренство на Отоманските султани. Титула бег од тогаш не се однесувала само на постоечките и поранешните владеачи туку и на новите управници кои султанот ги поставувал на местото на оние кои ги разрешувал.

По освојувањата помеѓу 1362 и 1400 на Мурат I и неговиот син Бајазит I, во царрството се појавила потребада од територијална организација. Во текот на првите години од владеењето на Бајазит биле создадени првите два пашалака, и тоа Румелиски пашалак кој се состоел од сите земји кои се наоѓале во Европа и Анадолски пашалак кој ги опфаќал териториите во Мала Азија.

Во 1395 г. Бајазит I ги зазел последните територии на Шишмановци зазимајќи го Бугарското царство и претварајќи го во вазална држава како дел од Румелија. Во 1468 г. бил основан Караманскиот пашалак, а синот на Мехмед бил назначен за управител на Конија. Во текот на 16 век бројот на пашалаците доживеал најголем пораст главно поради освојувањата на Селим I и Сулејман I. Ова довело до реорганизација на пашалаците и како пашалаци од 1527 г. се споменуваат и Египет, Сирија, Дијалрбекир и Курдистан.

Помеѓу 1861 и 1866 г., пашалаците биле укинати, а територијата била поделена исклучиво на вилаети[1].

Наводи

  1. A handbook of Asia Minor Published 1919 by Naval staff, Intelligence dept. London. стр. 203