26 декември (настани): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
{| cellspacing="0" cellpadding="2" style="border-top:0px; {{#if: {{{боја|}}}|background-color:{{{боја}}}|background-color:transparent}};"
{| cellspacing="0" cellpadding="2" style="border-top:0px; {{#if: {{{боја|}}}|background-color:{{{боја}}}|background-color:transparent}};"
|valign="top" align="right"|[[1805]] 
|valign="top" align="right"|[[1805]] 
|По победата кај [[Аустерлиц]], [[Наполеон]] и го наметна на поразената [[Австрија]] понижувачкиот [[Пожунски мир]], со кој и ги одзеде [[Венеција]], [[Тирол]] и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде [[Рајнска конфедерација|Рајнската конфедерација], држава сателит на [[Франција]].
|По победата кај [[Аустерлиц]], [[Наполеон]] и го наметна на поразената [[Австрија]] понижувачкиот [[Пожунски мир]], со кој и ги одзеде [[Венеција]], [[Тирол]] и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде [[Рајнска конфедерација|Рајнската конфедерација]], држава сателит на [[Франција]].
|-
|-
|valign="top" align="right"|[[1898]] 
|valign="top" align="right"|[[1898]] 

Преработка од 02:48, 26 декември 2015

1805  По победата кај Аустерлиц, Наполеон и го наметна на поразената Австрија понижувачкиот Пожунски мир, со кој и ги одзеде Венеција, Тирол и далматинското крајбрежје. За да го отстрани австриското влијание врз германските држави, францускиот император ја создаде Рајнската конфедерација, држава сателит на Франција.
1898  Пјер и Марија Кири го откриле радиоактивниот елемент радиум.
1942  Во околината на Кардица, Грција, е извршена смртната пресуда на шестемина македонски првоборци и комунисти: Ристо Андриовски, Живко Кенков, Наум Москов, Стасо Скивински, Наум Журков и Кољо Шекров. На овие револуционери им беше судено во Атина, на 12 декември 1942 година.
1943  Во селото Мрежичко, мариовско, Првата македонско-косовска бригада го нападна бугарскиот граничен подотсек и граничната караула „Турски рид“. Притоа загинаа 24, беа ранети 14, а заробени осум бугарски војници.
1945  Во Солун е одржан пленум на Бирото на КПГ за Македонија и Тракија. На пленумот, кој траеше два дена, генералниот секретар на КПГ, Никос Захаријадис во својот говор, меѓу другото истакна дека туѓите сили треба да се повлечат од Грција, за да остане народот сам и суверено да ги реши своите проблеми. Во продолжение на говорот Захаријадис ја призна македонската организација НОФ, како демократска и антифашистичка и изрази готовност за соработка со неа.
1991  Сојузниот парламент на СССР на својата последна седница го објави своето распуштање. По напуштањето на преседателската функција, Михаил Горбачов го потпиша Указот со кој „атомското копче“, му го предаде на Борис Елцин.
2003  Катастрофален земјотрес во Бам, Иран. Загинаа 26.000 луѓе.
2004  Катастрофален земјотрес со јачина од 9,3 степени според Рихтеровата скала, го погоди дното на Индискиот Океан. Како последица на земјотресот и цунамите кои ги зафатија Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд, загинаа 186.983 лица, а 42.883 се сметаат за исчезнати. Овој настан се смета за најголема природна катастрофа во современата историја.
2012  Шинзо Абе по втор пат станува Премиер на Јапонија.