Ерида (џуџеста планета): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 132: Ред 132:


==Истражување==
==Истражување==
Калкулирано е дека прелетувачка мисија до Ерида би траела 24.66 години употребувајќи помош од гравитација на Јупитер, со датуми на ланзирање на 3 април 2032 и 7 април 2044.<ref name=McGranaghan/>
Пресметано е дека прелетувачката мисија до Ерида би траела 24,66 користејќи ја гравитација на Јупитер, при што поволни датуми на лансирање би биле на 3 април 2032 и 7 април 2044.<ref ame=McGranaghan/>


== Поврзано ==
== Поврзано ==

Преработка од 14:42, 7 декември 2015

Ерида
Ерида (централно) Дисномија (лево од центарот), снимени од Хабл
Ерида (централно) Дисномија (лево од центарот), снимени од Хабл.
Откривање
Откривач
Откриено5 јануари 2005[2][a 1]
Ознаки
ЦМП-ознака136199 Ерида
Наречена по
Ерида
2003 UB313[3]
Орбитални особености[3]
Епоха 09 декември 2014
(ЈД 2.457.000,5)
Афел
  • 97,651
  • 14,602⋅109 km
Перихел
  • 37,911 АЕ
  • 5,723⋅109 km
  • 67,781 АЕ
  • 10,166⋅109 km
Занесеност0,44068
3,4338 km/s
204,16 °
Наклон44,0445 °
35,9531 °
150,977 °
Познати сателитиДисномија
Физички особености
Среден полупречник
1.163 ± 6 km[6][7]
17.000.000 km2
Маса
Средна густина
2,52 ± 0,05 g/cm3[6][9]
&100000000000007930000000,793 m/s2
0.084 g[10]
4.377 km/s
25,9 ± 8 hr[3]
Албедо0,96+0,09
−0,04
[6]
Површинска темп. најм сред најг
(претпоставка) 30 K 42,5 K 55 K
Спектрален тип
B−V=0,78, V−R=0,45[11]
18,7[12]
−1,2 ± 0,3[3]
40 милилачна секунда[13]

Ерида (џуџеста планета 136199 Eris) — најмасивната и втора по големина џуџеста планета[a 2] во Сончевиот систем. Станува збор за деветото најмасивно тело за кое се знае дека е во орбита околу Сонцето.[a 2] Измерено е дека пречникот изнесува 2326±12 км.[6] Ерида е 27% помасивна од џуџестата планета Плутон, иако Плутон има малку поголема зафатнина.[14] Масата на Ерида е околу 0,27% од масата на Земјата.[8][15]

Ерида била откриена во jануари 2005 од екипата на чело со Мајк Браун од Паломарската опсерваторија. Таа е заднептунски објект и член на високо-екцентричната популација позната како „Расеан Диск“. Има една откриена месечина, Дисномија. Почнувајќи од 2014, нејзината далечина од сонцето изнесува 96,4 астрономски единици (1.442×1010 km; 8.96×109 mi), околу три пати поголема од далечината на Плутон. Со исклучок на некои комети, Ерис и Дисномија се најдалечните откриени вселенски тела во Соларниот Систем. Бидејќи Ерида изгледала поголема од Плутон, НАСА првенствено ја опишале како десеттата планета на Соларниот Систем. Поради ова, Меѓународнато Астрономско Здружение за прв пат било мотивирано да го дефинир поимот планета. Под таа дефиниција, одобрена на 24 август, 2006, Ерида е „џуџест планета“ заедно со Плутон, Керес, Хаумеа и Макемаке, при што се намалил бројот на планетите во Соларниот Систем на осум, исто како пред одкривањето на плутон. Пречникот на Ерида изнесува 2,326 ± 12 km додека пак пречникот на Плутон изнесува 2372±4 km.

Историја

Откривање

Ерида е откриена од страна на тимот на Мајк Браун, Чад Трухилјо, и Дејвид Рабиновиц на 5 јануари 2005 година, од фотографии направени на 21 октомври, 2003. Откритието било објавено на 29 јули 2005 година, на истиот ден со Макемаке и два дена по Хаумеа. Пребарувачката екипа систематски скенирала за големи надворешни тела во сончевиот систем веќе неколку години, а биле вклучени во откривањето на неколку други големи заднептунски објекти, вклучувајќи ги 50000 Кваоар, Orcus 90482 и 90377 Седна. Рутински набљудувања биле преземени од страна на тимот на 21 октомври, 2003 година, со помош на телескопот 1,2 м Самуел Ошин Шмит на Паломар обзерваторијата, Калифорнија, но сликата на Ерида не била откриена во тој момент поради нејзиното многу бавно движење низ небото: софтверот на автоматскиот пребарувач за слики не ги земал во предвид сите објекти кои се движат помалку од 1,5 аглови секунди на час за да се намали бројот на лажни позитиви. Седна кога била откриена, се движела со 1,75 arcsec/h и поради тоа тимот ги реанализирал нивните стари податоци со понизок лимит на аголното движење и самите сортирале низ слики кои претходно биле отфрлени. Во јануари 2005 година, ре-анализата го открило бавното движење на Ерида во контраст на ѕвездите во позадината. Биле извршени дополнителни набљудувања за да се направи прелиминарно определување на орбитата на Ерида, при што се овозможило проценување на нејзината далечина. Тимот планирал да ги објави нивните пронајдоци за Ерида и Макемаке кога сите набљудувања и калкулации биле завршени, но ги објавиле на 29 јули кога уште едно вселенско тело кое тие го следеле, Хаумеа, било контроверзно објавено на 27 јули од друг тим. Дополнтелни набљудувања ослободени во октомври 2005 покажале дека Ерида има месечина, подоцна наречена Дисномија. Набљудувањето на орбитата на Дисномија овозможило пресметување на масата на Ерида која во јуни 2007 се калкулирало дека изнесува (1.66±0.02)×1022 kg, околу 27% поголема од масата на Плутон.

Име

Ерида е именувана по грчката божица Ерида која претставувала персонификација на раздор и немир. Името и било дадено на 13 септември 2006, после необично долг период при што била позната како 2003 UB313.


Класификација

Ерида е заднептунска џуџеста планета (плутоид). Нејзините орбитални карактеристики специфично ја карактеризираат како објект од расфрлан диск, или пак заднептунски објект кој бил „исфрлен“ од Кујперовиот појас во подалечни и необични орбити по гравитациони интераккции со Нептун додека Сончевиот Систем се формирал. Иако неговата висока орбитална инклинација е необична меѓу објектите од расфрлан диск, теоретски модели предложуваат дека објекти кои оригинално биле до внатрешниот раб на Кујперовиот појас биле расфрлени во орбити со повисоки инклинации од објекти од надворешниот појас. Објекти од внатрешниот појас се очекувано помасивни од објекти од надворешниот појас, така да астрономи очекуваат да пронајдат поголем број на големи објекти како Ерида во орбити со висока инклинација. Бидејќи Ерида првично беше сметана за поголема од Плутон, беше опишана како „десетата планета“ од НАСА и во извештаите на медиумите. Како резултат на несигурноста на нејзиниот статус, и поради долгата дебата за тоа дали Плутон треба да се смета како планета, Меѓународното Астрономско Здружение осмисли прецизна дефиниција на терминот планета за да се реши ова прашање. Под оваа дефиниција, која се прифатила на 24 август 2006, Ерида и Плутон биле класифицирани како џуџести планети, категорија која е дистинктна од дефиницијата на планета.

Орбита

Ерида има орбитален период од 558 години. Нејзината максимална можна далечина од сонцето (апхелион) е 97.65 АЕ (астрономски единици), додека пак нејзината најблиска далечина од сонцето (перихелион) е 37.91 АЕ. Ерида го достигнала перихелионот во 1698 година, апхелионот во 1977 година и ќе се врати во перихелион во 2256 до 2258 година. Во моментот, Ерида и нејзината месечина претставуваат најдалечни објекти во Соларниот систем, исклучувајќи ги кометите со долги периоди и вселенски сонди. Приближно 40 познати заднептунски објекти имаат поголема просечна орбитална далечина од оската од 67,7 АЕ на Ерида. Орбитата на Ерида е високо екцентрична, и ја приближува Ерида до 37,9 АЕ од сонцето, што претставува типичен перихелион на расфрлени објекти. Ова влегуваво орбитата на Плутон, но е безбедна од директна интеракција со Нептун (29,8-30,4 АЕ). Плутон пак,како други плутини, слени помалку инклинирана и екцентрична орбита и бидејќи е заштитена од орбитална резонанса, може да ја премина орбитата на Нептун. За разлика од осумте планети чии орбити се главно на истото ниво со Земјата, орбитата на Ерида е високо инклинирана: навалена е на агол од 44 степени на еклиптиката. За околу 800 години, Ерида ќе биде поблиску до Сонцето од Плутон. Ерида моментално има привидна светлинска величина од 18,7, правејќи ја доволно светла за да се види со некои аматерски телескопи. Причината поради која е толку касно пронајдена е нејзината висока орбитална инклинација. Поради тоа, таа исто така поминува низ неколку соѕвездија од траадиционалниот Зодијак. Моментално е во соѕвездието Кетус.


Големина, маса и густина

Во 2005, дијаметарот на Ерида бил измерен на околу 2397±100 km, употребуавјќи слики од телескопот Хабл. Големината на еден објект е определен од неговата апсолутна магнитуда (Н) и албедото (износот на светло кое го рефлектира). На далечина од 97 АЕ, објект со дијаметар од 3000 км би имал аголна големина од 40 милиарксекунди, кое може да се измери со телескопот Хабл. Иако определувањето на толку мали објекти е на самиот лимит на способностите на телескопот, софистицирани техники за процесирање на слики како деконвулација, може да се употребат за мерење на аголни големини со доста голема прецизност. Ова значи дека Ерида има приближно иста големина со Плутон кој има дијаметар од околу 2372 км. Исто така индицира албедо од 0.96, повисоко од било кое големо тело во Соларниот Систем со исклучок на Енкеладус. Се шпекулира дека високото албедо е поради зголемувањето на површинските мразови со оддалечувањето од сонцето. Во 2007 серија на набљудувања на најголемите заднептунски објекти со вселенскиот телескоп Спитзер, дале проценка на дијаметарот на Ерида од 2600 +400/-200 km, 4-8% поголемо од дијаметарот на Плутон. Астрономи сега сомневаат дека оската на ротација на Ерида е директирана кон Сонцето, при што нејзината хемисвера би била потопла од просечно и би ги изобличила инфрацрвените мерки кон повисоки вредности. Во ноември 2010 год. Ерид била предмет на една од најдалечните ѕвездени окултации. Прелминарните податоци од овој настан предизвикал сомнеж кај претходните проценки за нејзината големина. Тимовите ги објавиле последните резултати од окултацијата во октомври 2011, со проценет дијаметар од 2326 +6/-6 км. Масата на Ерида може да се калкулира со многу поголема прецизност. Според моментално прифатениот период на Дисномија – 15,774 дена – Ерида е 27% помасивна од Плутон. Ако се користат резултатите од окултацијата во 2011, тогаш Ерида има густина од 2.52 +/- 0,07 g/cm3, значително погуста од Плутон, што мора да значи дека е композирана од карпести материјали. Модели на внатрешно греење преку радиоактивност предложуваат дека е можно Ерида да има внатрешен океан со ликвидна вода на границата помеѓу јадрото и обвивката. Во јули 2015 со мисијата New Horizons се дојде до нови информации за Плутон, при што се проценило дека неговиот волумен е всушност поголем од волуменот на Ерида, а не помал.


Површина и атмосфера

Инфрацрвениот спектар на Ерида спореден со тој на Плутон ги покажува означените сличности помеѓу двете тела. Стрелките ги прикажуваат абсорпционите линии на метанот.

Екипата за откривање со својата работа се надоврзала на првичното препознавање на Ерида преку спектроскопски набљудувања направени со 8 метарскиот телескоп Џемини Норт на Хаваи на 25 јануари 2005. Преку инфрацрвените зраци оддадени од телото кое се набљудувало, било откриено присуството на метански мраз, укажувајќи на сличности со површината на Плутон и месечината на Нептун, Тритон.[16]. Поради недостиг на инструмент со кој би можело да се добијат детални снимки од површината на Ерида, таа сеуште е мистерија.

Поради нејзината екцентрична орбта, нејзината површинска температура се проценува дека варира помеѓу 30 и 56 К (-243,2 и -217,2 степени целзиусови).[2]

За разлика од црвеникавата боја на Плутон и Тритон, Ерида е скоро целосно бела.[2] Црвеникавата боја на Плутон се должи на присуството на толини на нејзината површина, каде што е затемнета површината па пониското албедо предизвикува појава на повисоки температури и испарување на наслагите на метан. За разлика, Ерида е доволно далку од Сонцето така што метанот може да кондензира на нејзината површина дури и на места каде што албедото е ниско. Рамномерната кондензација на метанот на површината ги намалува разликите на албедото и би ги покрила наслагите на црвени толини.[17]

Иако Ерида може да биде и три пати подалеку од Сонцето од Плутон, таа се приближува доволно блиску за мразот на површината да започне да сублимира. Бидејќи метанот е високо реактивен, неговото присуство ни покажува дека Ерида отсекогаш била во далечните краишта на Сончевиот систем каде што е доволно ладно за метанскиот мраз да може да опстои, или пак дека има внатрешен извор на метан за да го замени гасот кој излегува од атмосферата. За разлика од заднептунското тело, Хаумеја, каде што има пристуство на воден мраз но не и на метан.[18]

Месечина

Во 2005, со помош на прилагодливата оптика на Кековиот телескоп екипа на астрономи извршила набљудувања на четирите најсветли заднептунски објекти (Плутон, Макемаке, Хаумеја и Ерида), користејќи го новиот ѕвезден ласерски водич со систем на прилагодлива оптика.[19] Сликите снимени на 10 септември покажале дека во орбитата околу Ерида, постои месечина. Бидејќи веќе надимакот „Зина“ бил во употреба за Ерида, екипата на Браун и дала надимак „Габриела“, десната рака на Зина, принцезата воин0 телевизиката серија. Кога Ерида го добила своето официјално име од МАУ,Дисномија, по старогрчка божица на конфликтот која била ќерка на Ерида. Браун вели дека го одбрал името поради сличноста со името на неговата сопруга Дијана. Името го задржало првичното бледо сеќавање за старото име на Ерида, Зина.[20]

Истражување

Пресметано е дека прелетувачката мисија до Ерида би траела 24,66 користејќи ја гравитација на Јупитер, при што поволни датуми на лансирање би биле на 3 април 2032 и 7 април 2044.Грешка во наводот: Неважечки параметар во ознаката <ref>.

Поврзано

Наводи

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име discovery.
  2. 2,0 2,1 2,2 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име New Planet.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име jpldata.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име MPC.
  5. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Buie2007.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име sicardy.
  7. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Beatty2010-NewScientist.
  8. 8,0 8,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Brown Schaller 2007.
  9. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Beatty2010-SkyTelescope.
  10. Calculated based on the known parameters
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Snodgrass et al. 2010.
  12. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AstDys.
  13. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Bertoldi Altenhoff et al. 2006.
  14. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име NASA Pluto larger 2015.
  15. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 070614_eris_mass.
  16. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име gemini.edu.tenth.
  17. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Brown-AJ2005-635.
  18. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Licandro-AA2006-458.
  19. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Brown Van Dam et al. 2006.
  20. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Tytell-ST2006.

Забелешки

  1. Images were taken on October 21, 2003; the object was not detected and identified until 2005.
  2. 2,0 2,1 Ерида е помасивна од Плутон иако Плутон има поголем пречник. Таа е 16-ото најмасивно тело во Сончевиот систем, бидејќи седум месечини се помасивни од било која џуџеста планета.

Надворешни врски