Македонски Албанци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 13: Ред 13:
'''Албанци во Македонија''' ([[албански јазик|албански]]: ''Shqiptarë në Maqedoni'') се најголемата малцинска заедница во [[Македонија]]. Вкупниот број на Албанците во Македонија е 509.083 жители, што преставува околу 25% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија. Најголеми албански заедници се во околината на градовите [[Тетово]] (70% од вкупното население), [[Гостивар]] (56%), [[Дебар]] (58%), [[Струга]] (56%) и [[Кичево]] (31%)<ref>[http://www.stat.gov.mk/pdf/kniga_13.pdf 2002 Census results]</ref>.
'''Албанци во Македонија''' ([[албански јазик|албански]]: ''Shqiptarë në Maqedoni'') се најголемата малцинска заедница во [[Македонија]]. Вкупниот број на Албанците во Македонија е 509.083 жители, што преставува околу 25% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија. Најголеми албански заедници се во околината на градовите [[Тетово]] (70% од вкупното население), [[Гостивар]] (56%), [[Дебар]] (58%), [[Струга]] (56%) и [[Кичево]] (31%)<ref>[http://www.stat.gov.mk/pdf/kniga_13.pdf 2002 Census results]</ref>.


Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на [[18 век]]. Според отоманскиот попис на населението од [[1430]] - [[1431]], во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на [[15 век]], со [[исламизација]]та на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од [[1452]] - [[1453]] година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот [[Калканделен]] ([[Полог]]) и 1 католичко семејство во [[Скопје]].
Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на [[18 век|XVIII век]]. Според отоманскиот попис на населението од [[1430]] - [[1431]], во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на [[15 век]], со [[исламизација]]та на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од [[1452]] - [[1453]] година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот [[Калканделен]] ([[Полог]]) и 1 католичко семејство во [[Скопје]].


Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. [[Албанскиот јазик]] е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник ([[28 ноември]] - [[Ден на албанското знаме]]). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија.
Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. [[Албанскиот јазик]] е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник ([[28 ноември]] - [[Ден на албанското знаме]]). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија.
Ред 168: Ред 168:


== Историја ==
== Историја ==
Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на [[18 век]]. Според отоманскиот попис на населението од [[1430]] - [[1431]], во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на [[15 век]], со [[исламизација]]та на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од [[1452]] - [[1453]] година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот [[Калканделен]] ([[Полог]]) и 1 католичко семејство во [[Скопје]]. Овие Албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како ''„Арнаути“'' или ''„Арбанаси“'', како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или „Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на [[18 век|XVIII век]]. Според отоманскиот попис на населението од [[1430]] - [[1431]], во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на [[15 век]], со [[исламизација]]та на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од [[1452]] - [[1453]] година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот [[Калканделен]] ([[Полог]]) и 1 католичко семејство во [[Скопје]]. Овие Албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како ''„Арнаути“'' или ''„Арбанаси“'', како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или „Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.


Отоманскиот попис од [[1467]] - [[1468]] година забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети<ref>ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485</ref>:
Отоманскиот попис од [[1467]] - [[1468]] година забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети<ref>ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485</ref>:
Ред 183: Ред 183:
Албанците дошле на границите на Македонија во [[1572]] година. [[Французи]]нот [[Филип Канаје]] го опишал заземањето на [[Качаник]] од страна на неколку, како што лично запишал, ''„албански групи на убијци и разбојници“''<ref>''Френски пътеписи за Балканите, с.140.''</ref> во [[1572]] година. Во [[1595]] година за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка група која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38''</ref>.
Албанците дошле на границите на Македонија во [[1572]] година. [[Французи]]нот [[Филип Канаје]] го опишал заземањето на [[Качаник]] од страна на неколку, како што лично запишал, ''„албански групи на убијци и разбојници“''<ref>''Френски пътеписи за Балканите, с.140.''</ref> во [[1572]] година. Во [[1595]] година за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка група која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила<ref>''Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38''</ref>.


Првото населување на Албанци во македонско село, временски датира три години пред почетокот на [[17 век]] и тоа било во областа на Дебар. Според отомански документ од [[1597]] година, околу 10.000 албански разбојници од северна [[Албанија]], ограбиле и изгореле 27 села во [[западна Македонија]], а во шест од тие села, во [[дебар]]ската област, се заселиле првите македонски Албанци<ref>''Шопова, Д. Цит. съч., с. 83''</ref>.
Првото населување на Албанци во македонско село, временски датира три години пред почетокот на [[17 век|XVII век]] и тоа било во областа на Дебар. Според отомански документ од [[1597]] година, околу 10.000 албански разбојници од северна [[Албанија]], ограбиле и изгореле 27 села во [[западна Македонија]], а во шест од тие села, во [[дебар]]ската област, се заселиле првите македонски Албанци<ref>''Шопова, Д. Цит. съч., с. 83''</ref>.


=== Албанско населување во скопската област ===
=== Албанско населување во скопската област ===


Во отомански документ од [[1595]] година за прв пат е забележано присуство на ''„арнаутски разбојнички групи“'' во скопската област<ref>''Шопова, Д. Цит. съч., с. 78-79''</ref>, но без албанско населување. Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од [[Скопска Црна Гора]] дури кон крајот на [[17 век]]<ref>''Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
Во отомански документ од [[1595]] година за прв пат е забележано присуство на ''„арнаутски разбојнички групи“'' во скопската област<ref>''Шопова, Д. Цит. съч., с. 78-79''</ref>, но без албанско населување. Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од [[Скопска Црна Гора]] дури кон крајот на [[17 век|XVII век]]<ref>''Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.


Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и потоа постепено слегувале кон пониските села. Селото [[Брест (Скопско)|Брест]] до [[19 век]] било чисто македонско село, во [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] албанците навлегнале на крајот на [[18 век]]<ref>''Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и потоа постепено слегувале кон пониските села. Селото [[Брест (Скопско)|Брест]] до [[19 век|XIX век]] било чисто македонско село, во [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] албанците навлегнале на крајот на [[18 век|XVIII век]]<ref>''Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.


Германскиот патувач Хан во втората половина на [[19 век]] ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни Албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австриските војни, што всушност е крајот на [[17 век]]<ref>''Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.''</ref>.
Германскиот патувач Хан во втората половина на [[19 век|XIX век]] ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни Албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австриските војни, што всушност е крајот на [[17 век|XVII век]]<ref>''Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.''</ref>.


До [[20 век]], на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на [[18 век|18]] и [[19 век]], а жителите на [[Алдинци]] знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од [[Гнилане]]<ref>''Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
До [[20 век|XX век]], на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на [[18 век|18]] и [[19 век|XIX век]], а жителите на [[Алдинци]] знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од [[Гнилане]]<ref>''Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.


Во [[Скопско поле|Скопското поле]] првите Албанци се спуштиле дури во [[19 век]], за време на управувањето на [[Хамзи-паша]], Албанец по потекло, кој етапно доселувал Албанци од северна Албанија.<ref>''J. Трифуноски, Скопско Поље, 358''</ref>.
Во [[Скопско поле|Скопското поле]] првите Албанци се спуштиле дури во [[19 век|XIX век]], за време на управувањето на [[Хамзи-паша]], Албанец по потекло, кој етапно доселувал Албанци од северна Албанија.<ref>''J. Трифуноски, Скопско Поље, 358''</ref>.


=== Албанско населување на Полог ===
=== Албанско населување на Полог ===
Ред 216: Ред 216:


=== Албанизацијата на струшко-дебарскиот крај ===
=== Албанизацијата на струшко-дебарскиот крај ===
Иако Албанците прво се доселиле во дебарскиот крај во [[17 век]], сепак до [[19 век]], апсолутното мнозинство во [[Голо Брдо]] и [[Дебарско Поле]] го сочинувале Македонците, христијани и муслимани. Поголеми етнички промени во дебарскиот крај настанале во [[19 век]], со албанизација на [[Македонците муслимани]] од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија. Според [[Васил Иванов К’нчов|Васил К`нчов]] за албанизирањето на Македонците муслимани и населувањето на Албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле<ref>''Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>:
Иако Албанците прво се доселиле во дебарскиот крај во [[17 век|XVII век]], сепак до [[19 век|XIX век]], апсолутното мнозинство во [[Голо Брдо]] и [[Дебарско Поле]] го сочинувале Македонците, христијани и муслимани. Поголеми етнички промени во дебарскиот крај настанале во [[19 век|XIX век]], со албанизација на [[Македонците муслимани]] од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија. Според [[Васил Иванов К’нчов|Васил К`нчов]] за албанизирањето на Македонците муслимани и населувањето на Албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле<ref>''Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>:


<blockquote>
<blockquote>
Ред 223: Ред 223:


=== Населување на Албанците во Гора (Горица), област Мокра- Поградец и Струга ===
=== Населување на Албанците во Гора (Горица), област Мокра- Поградец и Струга ===
До [[19 век]], македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора ([[Горица (Албанија)|Горица]]) и Мокренската област населението било македонско православно и биле поданици на [[Охридската Архиепископија]]. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од [[1761]] година се наоѓа Епископијата горо-мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким.<ref>''Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569''</ref>.
До [[19 век|XIX век]], македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора ([[Горица (Албанија)|Горица]]) и Мокренската област населението било македонско православно и биле поданици на [[Охридската Архиепископија]]. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од [[1761]] година се наоѓа Епископијата горо-мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким.<ref>''Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569''</ref>.


Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (западен охридски брег). Во [[1805]] година арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на [[Охрид]], а во [[1821]] г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница сè се запусти, сето имање го ограбија“<ref>''Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.
Охридскиот анонимен летописец од првата половина на XIX век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (западен охридски брег). Во [[1805]] година арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на [[Охрид]], а во [[1821]] г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница сè се запусти, сето имање го ограбија“<ref>''Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100''</ref>.


Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува ''“арнаутски доселеници од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“'', селата [[Фердово]] и [[Калиште]] се целосно албанизирани, а македонското население се иселува и од селата [[Лин]] и [[Радожда]].
Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува ''“арнаутски доселеници од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“'', селата [[Фердово]] и [[Калиште]] се целосно албанизирани, а македонското население се иселува и од селата [[Лин]] и [[Радожда]].


70 години пред сведоштвата на К`нчов, ''„доктор Милер“'', кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во [[1837]]-[[1828]] година сведочи дека овој брег бил населен со [[Македонци]], но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско словенско село<ref>''D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69''</ref>. Само 70 години подоцна, на почетокот на [[20 век]], немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.
70 години пред сведоштвата на К`нчов, ''„доктор Милер“'', кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во [[1837]]-[[1828]] година сведочи дека овој брег бил населен со [[Македонци]], но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско словенско село<ref>''D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69''</ref>. Само 70 години подоцна, на почетокот на [[20 век|XX век]], немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.


До [[1870]] година жителите на областа [[Девол]] и [[Корча]] (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе словенски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци<ref>''Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.''</ref>.
До [[1870]] година жителите на областа [[Девол]] и [[Корча]] (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе словенски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци<ref>''Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.''</ref>.

Преработка од 03:13, 5 декември 2015

Оваа статија се однесува на албанците што ја населуваат територијата на Македонија. За повеќе информации видете тука
Македонски Албанци
Shqiptarë në Maqedoni
Албанско католичко семејство од Скопје во 1910 година
Вкупен број на населението

509.083

Региони со значително население
Македонија Македонија
 Германија
 Швајцарија
 Данска
Јазици
македонски и албански јазик
Религии
ислам, многу мал дел католицизам

Албанци во Македонија (албански: Shqiptarë në Maqedoni) се најголемата малцинска заедница во Македонија. Вкупниот број на Албанците во Македонија е 509.083 жители, што преставува околу 25% од населението. Албанското малцинство живее претежно во северозападниот дел на Македонија. Најголеми албански заедници се во околината на градовите Тетово (70% од вкупното население), Гостивар (56%), Дебар (58%), Струга (56%) и Кичево (31%)[1].

Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на XVIII век. Според отоманскиот попис на населението од 1430 - 1431, во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од 1452 - 1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје.

Денес, тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет како што се јазикот и културните традиции. Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес, од основно, средно до високо образование. Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник (28 ноември - Ден на албанското знаме). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија.

Население

Според официјалните податоци од југословенските пописи, кои се одржувале на секои 10 години, Албанците сочинувале 12% од вкупното население на Македонија во 1953 година. Населението се зголемило на 19% во 1961 година. Во 1971 е забележан пад на 17%. Тие сочинувале 19,7% во 1981 година и 21% во 1991[2]. На последниот попис во 2002 година, албанското население изнесувало 25% од вкупното населние на Македонија.

Бројот на Албанците во Македонија

Во 16 општини во Македонија, Албанците се мнозинско население. Овие општини, со податоците за населението се наведени во следната табела:

Бр. Општина Албанци Население
1 Арачиново 10.879 11.587
2 Боговиње 27.614 28.997
3 Брвеница 9.770 15.855
4 Врапчиште 21.101 25.399
5 Гостивар 54.038 81.042
6 Дебар 11.348 18.542
7 Желино 24.195 24.390
8 Зајас 11.308 11.605
9 Липково 26.360 27.058
10 Осломеј 10.252 10.420
11 Сарај 32.408 35.408
12 Струга 36.029 63.376
13 Студеничани 11.793 17.246
14 Теарце 18.950 22.454
15 Тетово 60.886 86.580
16 Чаир 36.921 64.773

Историја

Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на XVIII век. Според отоманскиот попис на населението од 1430 - 1431, во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број. Во отоманскиот попис од 1452 - 1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие Албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како „Арнаути“ или „Арбанаси“, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или „Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.

Отоманскиот попис од 1467 - 1468 година забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети[3]:

  • Попис 1467-1468 година:
    • Вилает Калканделен (Полог) 20 домаќинства
    • Вилает Ускуп (Скопје) 2 домаќинства
    • Вилает Пирлепе (Прилеп) 10 домаќинства
    • Вилает Ќипрјули (Велес) 3 домаќинства
    • Нахија Крчово (Кичево) 7 домаќинства
    • Нахија Мариово 1 домаќинство
    • Нахија Манастир (Битола) 41 домаќинство

Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 година. Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку, како што лично запишал, „албански групи на убијци и разбојници“[4] во 1572 година. Во 1595 година за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка група која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила[5].

Првото населување на Албанци во македонско село, временски датира три години пред почетокот на XVII век и тоа било во областа на Дебар. Според отомански документ од 1597 година, околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во шест од тие села, во дебарската област, се заселиле првите македонски Албанци[6].

Албанско населување во скопската област

Во отомански документ од 1595 година за прв пат е забележано присуство на „арнаутски разбојнички групи“ во скопската област[7], но без албанско населување. Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од Скопска Црна Гора дури кон крајот на XVII век[8].

Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и потоа постепено слегувале кон пониските села. Селото Брест до XIX век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегнале на крајот на XVIII век[9].

Германскиот патувач Хан во втората половина на XIX век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни Албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австриските војни, што всушност е крајот на XVII век[10].

До XX век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и XIX век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гнилане[11].

Во Скопското поле првите Албанци се спуштиле дури во XIX век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец по потекло, кој етапно доселувал Албанци од северна Албанија.[12].

Албанско населување на Полог

Албанци од Тетово

Почетокот на албанското населување во Полог почнува од средината на XVIII век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, сè до првата половина на XIX век, кога со Полог владее турскиот посланик со албанско потекло Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал Албанци од северна Албанија[13]. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно албанизирано, цели родови биле албанизирани, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум[14]. Истото се има случено и со кичевската околина, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Албанците од село Теарце биле заселени од тетовските паши, од Матија (Мат), Долен Дебар и призренско; Албанците од Доброште дошле од Дебар и Љума. Во село Длабочица, с. Стража и с. Култино Албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на XIX век ги избркал Македонците и населил Албанци[15].

Во Жеденската област до почетокот на XIX век живееле исклучиво Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар. Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале селата празни. Васил К`нчов во последната деценија на XIX век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а во 1890 година опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустошени и празни[16]. Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустошување[17]. На опустошените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.

Во с. Лопушник, кон крајот на XIX век се доселиле тројца Албанци и со „зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото[18]. Македонцитге од селото Железно Речане било на удар на качачките банди во почетокот на XIX век, а населението за ситница било убивано за кое мештаните викале „трган народ“[19]. Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани во шума, на нивите и им ја грабале стоката[20]. Во тогашното македонско селото Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Матија (Албанија) и со помош на други доселеници од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери, освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разурнат. Манастирот во 1936 година бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 година[21]. И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место и имало манастир Св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот „муслимански Албанци“ го запалиле манастирот заедно со селаните[22].

Албанизација на Кичевијата

Шарената Џамија во Тетово е голем религиозен центар на Македонските Албанци

Зајас, сега изразито албанско село, до 1740 година било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајас ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле „Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле[23].

Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 година. Албанците удриле на селото од страна на Зајас за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа[24]. Селото Бериково, било исламизирано околу 1785 година, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, бидејќи мажите им биле на печалба[25].

Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на XVIII век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани[26]. Албанците во село Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 година. Тогаш било албанизирано и селото Туин. Во селата Поповјани, Другово и Белица првите Албанци се населиле во 1840 година од Дебар.

Албанизацијата на струшко-дебарскиот крај

Иако Албанците прво се доселиле во дебарскиот крај во XVII век, сепак до XIX век, апсолутното мнозинство во Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале Македонците, христијани и муслимани. Поголеми етнички промени во дебарскиот крај настанале во XIX век, со албанизација на Македонците муслимани од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија. Според Васил К`нчов за албанизирањето на Македонците муслимани и населувањето на Албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле[27]:

„Жителите на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, 'Рбеле, Обоки, Макелари и др. претпочитаат да се кажуваат за Арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за Арнаути... Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на XIX. век бугарски, до пред 30 години биле половина бугарски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 бугарски куќи. Арнаутите доаѓаат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле. Бугарите исчезнале во почетокот на XIX век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граждани до скоро било бугарско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 бугарски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Бугари имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Баланци и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на реката Дрим, кон крајот на 18 век. Само во Река Арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на Торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните бугарски села се големи.“

Населување на Албанците во Гора (Горица), област Мокра- Поградец и Струга

До XIX век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Горица) и Мокренската област населението било македонско православно и биле поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 година се наоѓа Епископијата горо-мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким.[28].

Охридскиот анонимен летописец од првата половина на XIX век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (западен охридски брег). Во 1805 година арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница сè се запусти, сето имање го ограбија“[29].

Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува “арнаутски доселеници од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се целосно албанизирани, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда.

70 години пред сведоштвата на К`нчов, „доктор Милер“, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 година сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско словенско село[30]. Само 70 години подоцна, на почетокот на XX век, немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.

До 1870 година жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе словенски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци[31].

Последниот (четвртиот) бран доселувања го опфаќа периодот по 1944 гoдина. Така поради големиот наталитет и механичкиот прилив од Косово, Метохија и Јужна Србија, нивниот број постојано се зголемувал. До Балканските војни (1912-1913) во Македонија живееле 128.711 Албанци или 5,70% од целокупното население. По поделбата на Македонија, поголемиот дел од албанското население живеело на денешната територија на Македонија. Во 1948 година во НРМ/СРМ живееле 197.389 (17,1%) Албанци, во 1981 - 377.208 (19,8%), а според пописот од 2002 се декларирале 509.083 Албанци или 25,17% од целокупното население. Најголем дел од нив живеат во проширената општина во Скопје (103.891), Тетово (60.886), Гостивар (54.038), Струга (36.029), Куманово (27.290), Липково (26.360), Желино (24.195), Студеничани (11.793), Зајас (11.308) итн. Од вкупно 85 општини, албанската етничка заедница е мнозински етнички елемент во 16 општини. Растежот на албанското население во Македонија се должи на високиот наталитет и на миграционите движења од Косово и Метохија. Во времето на Кралството Југославија, Албанците не уживале национални права[32].

Албанизација на Македонските Роми

Т.н. Командант на паравоената организација ОНА од реонот на подшарпланинските села

Уште од средината на XX век кај албанците постои тенденција на присилно албанизирање на Македонските Роми се со цел да се прикаже поголемо присуство на истите[33]. Денес тие албанизирани Роми најчесто ги има во Скопските села познати под името Маљуци (албански: Magjupёt; Маѓупи). Пример за тоа е југословенскиот попис од 1981 година каде попишани се 43.223 Роми, додека во пописот 10 години пред тоа, во 1971 година биле регистрирани 18.718 Роми[33]. Напоредно со овој пад на Ромите, зголемен е прирастот на Албанците попишани во пописот од 1981 година.

Албанците и конфликтот во 2001

Во 1999 година избувнале немири во Косово помеѓу етничките Албанци и Срби[34]. Во исто време, претседателските избори во Македонија само ги изостриле меѓуетничките тензии помеѓу албанците и македонците. Тензиите уште повеќе се засилиле кога Република Македонија била потопена од 250.000 етнички албанци, бегалци од војната на Косово[35]. По ова, во Македонија била развиена уште поголема мрежа на Армијата за ослободување на Косово или УЧК.

Конфликтот неофицијално во Македонија започнал кон крајот на јануари 2001 година во пограничното село Танушевци. На 16 февруари 2001 година во истото село, новинарска екипа на А1 телевизија била заробена, а по одземањето на камерата новинарите биле ослободени[36]. По двонеделни препукувања, бојното поле се префрлило во Тетово. Во месноста Кале во Тетово, на 14 март биле регистрирани вооружени напади врз безбедносната полиција. Веќе на 23 март, од страна на властите во Република Македонија била донесена одлука за голем напад врз позициите на ОНА. Македонската армија им нанела голем пораз на припадниците на ОНА. Според некои извори, Албанците сепак не биле спремни и не очекувале таков напад во тоа време од страна на македонската полиција.

По околу двонеделно стишие, на 28 април, на патот меѓу селата Селце и Вејце во Тетово, 16 припадници на безбедносните сили на Македонија при патролирање наишле на заседа, при што загинле осум, а шест војници припадници на безбедносните сили на Македонија биле повредени. Според извршената обдукција, утврдена по смртта, било утврдено дека телата на убиените полицајци и војници по смртта биле дополнително масакрирани. По ова, нниз поголемите градови во Република Македонија започнал голем револт на месното население. Македонските власти, во меѓувреме упатиле повик кон ОНА за прекин на огнот кој истиот не бил прифатен.

На 4 мај околу 4.000 албански герилци од Косово упаднале на македонска територија и освоиле голем дел од северниот дел на Македонија, главно во околината на Куманово. Со ова, се отворил уште едно бојно поле. Борби се воделе во селата Слупчане, Ваксинце, Липково, Оризаре, Отља итн. Развојот на војната во тој момент бил на страната на ОНА. Како резултат на ова, македонските безбедносни сили спроведиле големи акции во селата Матејче и Слупчане на 9 јуни.

Албанците денес

Етничка структура на Македонија по општини.

Во периодот на Втората светска војна (1941-1945) поголемиот дел од Албанците се ориентирале кон албанското националистичко движење (Бали Комбетар), а помал дел кон антифашистичкото (комунистичко) движење. По Втората светска војна Албанците во Македонија добиле целосна политичка и уставна рамноправност. Со Уставот од 1946 година добиле статус на малцинство, а со Уставот од 1963 година статус на народност. Со Охридскиот рамковен договор (2001) и амандманите на Уставот на Македонија нивните национални права се значително проширени. Наместо малцинство, дониле статус на етничка заедница (или дел од албанскиот народ). Тие слободно го развиваат и афирмираат својот национален идентитет (јазик и културни традиции). Албанскиот јазик е присутен на сите нивоа во просветниот процес (основно, средно и високо образование). Бројот на училиштата и бројот на учениците постепено расте. Во учебната 1950/51 година наставата на албански јазик ја следеле 26.702 ученици, во 1990/91 - 72.121, а во учебната 2005/06 година - 80.247 ученици. Во учебната 2005/06 г. во Македонија имало 286 основни, 28 средни училишта, едно средно исламско училиште, Факултет за исламски теолошки науки во Кондово, Албанска секција на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и два универзитета во Тетово - Тетовскиот државен универзитет и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Албанскиот јазик е присутен секојдневно во државните електронски медиуми (радио и телевизијата), а државниот канал МТВ 2 и приватните ТВ станици (Алсат М, Ера, Тоска, Арт канал, Коха) секојдневно емитуваат програми на албански јазик. На албански јазик уште во НРМ/СРМ излегуваа весници („Флака е велазеримит“), списанија за возрасни („Јехона“) и списанијата за деца („Гезими“ и „Фатоси“). Во Македонија излегуваат три весници на албански јазик („Коха“, „Лајм“ и „Факти“), списанието „Јехона е ре“ и списанието за деца „Илбери“. Повеќе издавачки куќи, како „Ватра“, „Шкупи“, „Чабеј“, „Љума“ и други, издаваат дела од албански автори и дела од светската литература на албански јазик. Културните традиции на Албанците ги негуваат повеќе културно-уметнички друштва, како „Емин Дураку“ (Скопје), „Ибе Паликуќа“ (Скопје), „Џеладин Зекири“ (Тетово), „Беса“ (Гостивар), „Миѓени“ (Струга) и др.

Во Скопје и Тетово постои и албански театар. Албанците имаат и свој национален празник (28 Ноември - Ден на албанското знаме). Тие се присутни и активно учествуваат во политичкиот живот на Македонија. Нивните интереси ги артикулираат албански политички партии: Партија за демократски просперитет (ПДП), Демократската партија на Албанците (ДПА), Демократската унија за интеграција (ДУИ), Нова Демократија и други[37].

Јазик, култура и религија

Иако сите заедници во Македонија имаат свое знаме, со законот за знамињата на Македонија, Албанците за знаме го користат државното знаме на Албанија

Според културата, којашто ја негуваат, Албанците во македонија се слични на Албанците во Србија (особено Косово) и Албанија. Заедничкото знаме и заедничката химна на Албанците во Македонија и Албанците од Албанија се само потврда за нивната тесна меѓусебна поврзаност.

Најголем дел од Албанците во Македонија зборуваат на гегски дијалект на албанскиот јазик, но во јужните делови од земјата се зборува и на тоскскиот.[38]

Главна религија на Албанците во Македонија е исламот. Сепак, има неколку села во кои благодарение на блиските односи и културното разлевање на Македонците и Албанците, доминантна религија кај Албанците е православното христијанство.

Познати македонски Албанци

За повеќе видни личности видете го списокот на македонски Албанци.

Наводи

  1. 2002 Census results
  2. Vladimir Ortakovski (2001): Interethnic relations and minorities in the Republic of Macedonia, Sts. Cyril and Methodius University, Skopje
  3. ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахия Манастир), с. 271–485
  4. Френски пътеписи за Балканите, с.140.
  5. Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38
  6. Шопова, Д. Цит. съч., с. 83
  7. Шопова, Д. Цит. съч., с. 78-79
  8. Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
  9. Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
  10. Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.
  11. Материали, стр. 523. / Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
  12. J. Трифуноски, Скопско Поље, 358
  13. Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.
  14. Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.
  15. Материали (Софија), 437, 439, 446-447
  16. В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
  17. Ј. Трифуноски, Полог, 39-40
  18. Ј. Трифуноски, Полог, 183.
  19. Ј. Трифуноски, Полог, 191.
  20. Ј. Трифуноски, Полог, 210
  21. Ј. Трифуноски, Полог, 213
  22. Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347
  23. Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441
  24. Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431
  25. Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437
  26. Смиљанић, Кичевија, с. 444
  27. Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика", Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
  28. Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршия. Сб.М. X. 569
  29. Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил Кънчов, "Македония. Етнография и статистика" (с 11 карти), Издава Българското книжовно дружество в София, 1900 година, Част първа.Народи в Македония. Арнаути., стр. 83-100
  30. D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69
  31. Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.
  32. Д-р Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913-1995), Скопје, 2000
  33. 33,0 33,1 Предлошка:Цитирана книга
  34. Предлошка:Цитирана веб страница
  35. Асовијација на
  36. Во Танушевци ОВК киднапираше новинар и снимател на А1 телевизија
  37. Д-р Стојан Киселиновски - д-р Ирена Ставови -Кавка, Малцинствата на Балканот (20 век), Скопје, 2004
  38. Ethnologue report for Macedonia

Поврзано

Додатни информации


Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Македонски Албанци“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).