Општина Крушево: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 385: Ред 385:


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
* [http://krusevo.gov.mk/ Портал на Општина Крушево]
* [http://abv.mk/company.aspx?id=14623 Општина Крушево во „АБВ - деловен именик“]
* [http://abv.mk/company.aspx?id=14623 Општина Крушево во „АБВ - деловен именик“]



{{Општини во Република Македонија}}
{{Општини во Република Македонија}}

Преработка од 02:19, 5 декември 2015

Предлошка:Инфокутија Општини во Македонија

Карта на Општина Крушево со селските атари.
Демографска карта на Општина Крушево со селските атари.

Општина Крушевоопштина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Крушево.

Местоположба

Општината Крушево се простира на југозападниот дел од Македонија. Во рамките на Општината, градот Крушево има централна местоположба и претставува административен, економски и културен центар. Нејзини соседни општини се Кривогаштани и Долнени на исток, Македонски Брод и Пласница на север, Другово на запад, Демир Хисар на југо-запад и Могила на југ. Општината и градот Крушево сообраќајно се поврзани сорегионалните патни правци Р 516 (Прилеп (врска со Р 526)-Крушево-Сладуево (врска со Р-416)) и Р 517 (Крушево (врска со Р516)- Пуста Река- Цер (Прострање) (врска со Р 416)), кои се надоврзуваат на магистралните патни правци М4 и М5.

Географија

Општина Крушево е сместена во претежно ридско-планинско подрачје на надморска височина од 600 до 1800 m. Општината ги опфаќа јужните ограноци на Бушова Планина, дел од Древеничката Планина и дел од пелагониското поле со рамничарскиот дел на Црна Река. Највисока кота на Крушевската Планина и ограноците на Бушовата Планина е врвот Голоманец 1664 m. Градот Крушево се наога на 1350 m надморска височина, додека целото подрачје, северно и северозападно од Крушево, се простира на надморска височина од 1500 до 1700 m.

Од јужните делови на Крушевската планина извираат реките Жаба и Журешница, кои придонесуваат планината во тој дел да се одликува со

длабоки долови и повремени водотеци. Бушова планина има меридијански правец на простирање, која од врвот Мусица 1791 m на запад се поврзува со планината Козјак 1762 m и продолжува на запад, поврзувајќи се со планината Баба Сач 1747 m. На североисток, планината се поврзува преку преслапот Барбарас, со планината Јакупица. На југ постои мала врска со Древеничката планина, преку која географски се надоврзува со Бигла. Општината Крушево зафаќа мал дел и од пелагониското, т.е прилепското поле, кое се простира од коритото на Црна река до Саждево.

Почва

На повисоките делови од Општината се застапени киселите кафеави почви, а на најниските делувијалните и циметно-кафеавите почви. Самите климатски, геолошки и вегетациски еднолични прилики условуват на овој простор да не се појавуваат повеќе типови на почви. Поради природните фактори и антропогени влијанија, почвениот покрив бил изложен на ерозија, со што се формирани доста деградирани почви. Санација на овие почви е можна ако се има предвид правилно искористување на шумскиот фонд, регулирање на поројните текови и пошумување на најзагрозените подрачја.

По својот геолошки состав и карактеристики, општината Крушево припаѓа на две геотектонски единици:

Пелагониди -(моноклинади со пад кон североисток, изградени од гнајсови, микашисти и зелени стени), кои се одвоени од Западно македонската зона со една лушпа, која почнува од село Норово и оди во северозападна насока. Во петрографска смисла каркатеристични се:
  • микашисти, кои се тесно поврзани со гнајсевите и постепено преоѓаат едни во други. Тие се со темно сива до зелена боја и се изградени од кварц, мусковит и биотот.
  • зелени карпи се јавуваат во гнајсевите или во микашистите. Тие се темнозелени до црни карпи кои имаат лентовиден изглед.
Западно македонската зона -представува набран појас од антиклинални и синклинални структури, чиј правец на протегање е од северозапад кон југо исток.[1]

Геологија

Геолошки, теренот е представен со: комплекс на прекамбриски метаморфни и магматски карпи, комплекс на рифеј-камбриски метаморфни карпи, комплекс на палеозојски метаморфни и магматски карпи, мезозојски магматски карпи и комплекс на терциерни и квартерни карпи.

Прекамбриум е мошне широко распространет и застапен е со високо метаморфни карпи, представени со разни типови на гнајсеви и микашисти, амфиболити, мермери, циполини и магматски карпи. Комплексот на рифеј- камбриските метаморфни карпи представува околу 500 метри дебела серија од графички и кварц-мусковитски шкрилци, со тенки прослојки од метапесочници и циполини. Палеозојските творевини го изградуваат најголемиот дел од Западно-македонксата зона, а представени се со разни типови на шкрилци, метапесочници, метаконгломерати, метакварцити, метаморфозирани дијабази, риолити и габрови, меремризирани варовници и грандиорити. Мезозојски магматски карпи- творевините од неразчелентиот стар палеозоик и девон се пробиени со леукократни и мусковитски гранити, аплитоидни гранити и гранитпорфири. Комплекс на терциерно квартерни седименти, овде спаѓаат:

  • Плиоценски седименти- кои во најголем дел се представени со неврзан, слабосортиран жолто-црвеникав материјал, составен од чакали, песоци и глини.
  • Пелистоценските седименти се представени со глацијални наслаги, црвеница, падински бречи, бигор и пролувијални наслаги.
  • Холоцен-од квартерните седименти, алувијалните наслаги се широко распространети, тие ги исполнуваат коритата на реките и потоците, представени се со грубопластичен материјал, составен од глини, песоци и чакали, со совршено заоблени облутоци од различни димензии.

Сеизмологија

По своите сеизмички карактеристики, општината Крушево со делот кој припаѓа на пелагонидите и се карактеризира со можни земјотреси со максимална јачина до 7° по МКС, поради тоа што е наполно консолидиран терен. Според сеизмичката реонизација на теренот, најголем дел од подрачјето е во групата со 7 степени според МКС скалата, а мал дел припаѓа на границата помеѓу 7 и 8 степен според МКС скалата. Според категоризацијата на теренот по стабилност и според инжинерско геолошките карактеристики на теренот, тој припаѓа во групата на стабилни терени и представува терен изграден од карпи чии параметри на физичкомеханичките својства се со релативно ниски вредности. Теренот е претежно стабилен во природни услови, а може да стане нестабилен во случај на антропогени влијанија и измена на условите.

Хидрографија

Територијата на општина Крушево се карактеризира со многу слаба и неразвиена хидрографска мрежа. Најзначаен водотек представува реката Црна, која влегува на територијата на Општината над селото Бучин, ги собира површинските и ги дренира подземните води. Главни притоки на реката Црна се реките Жаба, Журешница и Селишка Река, кои извираат од Крушевската Планина. Водостојот на реките е најголем при врнежите и топењето на снеговите, кога тие и се претвораат во порои. Во текот на летните месеци можно е и да дојде до пресушување на некои водотеци. Речните корита се делумно регулирани со посебно внимание на реките со пороен карактер, каде се направени каскади, со цел намалување на ерозивното дејство на пороите.

Клима

Територијата на општината Крушево, која се простира на ридско-планинското подрачје на северозападниот дел од Пелагониската котлина, се карактеризира со умерено-континентална клима, со изразито влијание на планинската клима, од запад и котлинска клима од исток. Генерално, климата се карактеризира со подолги и студени зими и свежи лета. Средното просечно годишно траење на сончевото зрачење за периодот од 1998-2007 изнесува 2198,8 часа, додека облачноста е 5,2. Средната годишна температура за тој период изнесува 8,5 °C. Најстуден месец е јануари, со средна минимална температура од -4,8 °C, додека најтопол месец е август, со средна максимална температура од 29,2 °C. Средната годишна минимална температура е 2,8 °C и средната годишна максимална температура е 15,8 °C. Просечната годишна релативна влажност изнесува 73% со максимум во декември 80% и минимум во јули 63%. Ова подрчје се карактеризира со големи количества врнежи и тоа најмногу во ноември, а најмалку во август. Врнежите имаат посебно значење за земјоделството, која е карактеристична дејност за ова подрачје. Просечната годишна количина на врнежите изнесува 806 mm.

Историja

Економија

Демографија

Општина Крушево, според бројот на жителите, спаѓа во помалите општини во Македонија. Вкупното население во Општината изнесува 9864 жители или околу 0,8 % од вкупното население на Македонија. Во градот Крушево живеат околу 47% од жителите на целата општина. Во поглед на поделеноста по половата структура, женската популација е застапена со 50,6 %, додека машката е со 49,4 %. Бројот на работоспособно население во градот Крушево е 66,4% од вкупното население, додека само 40 % од работоспособното население е во работен однос. Природниот прираст на ниво на цела општина е негативен и изнесува -1,4 додека морталитетот изнесува 11,62. Густината на населеност изнесува 2 жители на хектар. Просечната старост на населението е 37,9 години.

Според пописот од 2002[1], во општина Крушево живеат има 9 684 жители од кои:

  • Македонци – 6 081 (62,79%)
  • Албанци – 2 064 (21,31%)
  • Турци – 315 (3,25%)
  • Власи – 1 020 (10,53%)
  • Срби – 38 (0,39%)
  • Бошњаци – 137 (1,41%)
  • останати - 29 (0,30%)

Население по населено место

Македонци Турци Срби Роми Бошњаци Албанци Власи останати и непознато
апсолутно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
релативно мнозинство
  
  
  
  
  
  
  
  
Општина Крушево вкупно Македонци Албанци Власи Турци Бошњаци Срби Роми останати
Алданци 417 14 397 5 1
Арилево 13 13
Белушино 64 62 2
Бирино 0
Борино 441 340 13 86 2
Бучин 738 738
Врбоец 256 255 1
Горно Дивјаци 46 46
Долно Дивјаци 59 59
Јакреново 212 100 59 51 2
Крушево 5,330 4,273 1,020 26 11
Милошево 50 38 12
Норово 599 1 589 9
Острилци 32 32
Пресил 444 23 392 29
Пуста Река 134 134
Саждево 393 184 207 2
Свето Митрани 434 433 1
Селце 22 22
вкупно 9.684
100,00%
6.081
62,79%
2,064
21,31%
1,020
10,53%
315
3,25%
137
1,41%
38
0,39%
0
0,00%
29
0,30%

Општествени институции

Администрација и политика

Совет на Општина Крушево во периодот од 2013-2017:
  СДСМ (5)

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Белешки

  1. Почвите на Република Македонија, Ѓорѓи Филиповски, МАНУ,Скопје 1995
  1. ^ Резултати од пописот на македонски и англиски (PDF)

Надворешни врски