Петта македонска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox military unit
{{Infobox military unit
| unit_name = Петта македонска ударна бригада
| unit_name = Петта македонска ударна бригада
| image = 5 македонска ударна бригада.jpg
| image =
| caption = Формирањето на 5-тата македонска бригада на [[Кожуф]]
| caption =
| nickname =
| nickname =
| motto =
| motto =

Преработка од 13:26, 25 ноември 2015

Петта македонска ударна бригада
Формирањето на 5-тата македонска бригада на Кожуф
Активна2 август 1944 – 25 декември 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Васко Карангелевски

Петта македонска ударна бригада (познати и како Прилепска ударна бригада) била формирана на 2 август 1944 година во месноста Влашки Колиби, близу село Зборско, на планината Кожуф. Била формирана од 750 борци од Прилепско, со борците од Првиот баталјон „Мирче Ацев“ на Втората македонска бригада и одредот „Трајче Петкановски“.

Водела борби кај селата Капиново, Богомила (12/13 август), Бреза (25 август) и Здуње (28 август), го ослободила Градско и срушила шест мостови на патот Велес-Градско. Откако била ставена под команда на Четириесет и деветтата (македонска) дивизија на НОВЈ (10 септември), со борби влегла во ослободен Прилеп (11 септември) до неговото повторно заземање од германските сили (21 септември). Ги продолжила борбите кај селата Степанци и Извор (на патот Прилеп-Велес, 23 септември), кај Бакарно Гумно и селата Големо Коњари (1 октомври), Ивањевци и Тројкрсти (на патот Прилеп-Битола, 2-6 октомври), Буково и Прентов Мост (на патот Ресен-Охрид, 13 октомври), кај реката Шемница (22 октомври), селата Глумово, Грчец и Сушево (на патот Скопје-Тетово, 25 октомври).

Учествувала во борбите за ослободување на Прилеп (29 октомври - 2 ноември), Ресен (5 ноември), и Охрид (7 ноември), по што ја запоседнала македонско-грчката граница на битолско-преспанското подрачје (ноември 1944). Подоцна влегла во составот на Осмата (македонска) дивизија на КНОЈ (25 декември) како нејзина втора бригада, овојпат за обезбедување на македонско-албанската граница.