Прва македонско-косовска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 50: Ред 50:


Од групата македонски батаљони на 8 јуни 1944 година формирана е [[Прва македонска ударна бригада|Првата македонска ударна бригада]], а од групата косовско-метохиски батаљони на 24 јуни 1944 била формирана Првата косовско-метохиска бригада.
Од групата македонски батаљони на 8 јуни 1944 година формирана е [[Прва македонска ударна бригада|Првата македонска ударна бригада]], а од групата косовско-метохиски батаљони на 24 јуни 1944 била формирана Првата косовско-метохиска бригада.

{{Македонски бригади}}


[[Категорија:Бригади на НОВМ]]
[[Категорија:Бригади на НОВМ]]

Преработка од 22:31, 11 ноември 2015

Прва македонско-косовска ударна бригада
Борци на Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход, 1944
Активна11 ноември 1943 – 24 јуни 1944
Големина800 борци
БиткиФевруарски поход
Пролетна офанзива
ОдликувањаОрден на народен херој Орден на народното ослободување Орден на братството и единството со златен венец
Команданти
Истакнати
команданти
Петар Брајовиќ

Првата македонско-косовска ударна бригада била формирана на 11 ноември 1943 година во село Сливово, Дебарца. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“.

Освен Македонци, во редовите на бригадата се бореле и Срби, Црногорци, Албанци, Словенци.

Формирање на бригадата

Со цел формирање на бригадата, двата македонски и двата косовски батаљони биле концентрирани во Сливово уште на 10 ноември 1943 година. Наредниот ден, на 11 ноември, во претпладневните часови, членот на Врховниот штаб и делегат на ЦК на КПЈ, Светозар Вукмановиќ - Темпо, одржал говор по повод формирањето на бригадата. За командант бил поставен Петар Брајовиќ, за заменик командант Чеде Филиповски - Даме, за политички комесар Мита Миљковиќ и за заменик политички комесар Вера Ацева.

Во редовите на бригадата скоро 22% биле членови на КПЈ, а повеќе од 50% од младите биле членови на СКОЈ. Голем број од борците биле жени.

Почетни дејствија

Веднаш после формирањето, бригадата водела борби против германските и балистичките единици на теренот на Кичево и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. Во почетокот на декември водела одбранбени борби против германско-балистичките единици кои концентрично напаѓале од Кичево, Дебар и Струга на слободната територија во Дебарца, каде се наоѓал и Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ ноќта меѓу 5 и 6 декември започнала марш преку планината Галичица и Албанија до слободната територија во Меглен, Егејска Македонија. По заминувањето на бригадата слободната територија во Дебарца повторно била окупирана од страна на Германците и балистите, при што биле запалени селата Мраморец, Турје и Сливово. На 9 декември бригадата имала краток одмор во Герман, а на 10 декември во нејзиниот состав влегол батаљонот „Стив Наумов“ како Петти батаљон. Бригадата пристигнала на Кајмакчалан на 14 декември. После 13 дена марш, на 18 декември бригадата пристигнала во село Фуштани, Мегленско.

Според планот за дејство, Првата македонско-косовска бригада на 26 декември извршила напад на бугарската гранична посада „Турски рид“ и граничниот гарнизон во Мрежичко. Во тричасовна борба биле убиени 27 непријателски војници, а 8 биле заробени. После оваа борба бригадата го продолжила патот низ Мариово, и во борбите до 31 декември биле ликвидирани посадите во селата Витолиште, Бегниште и Полчиште. На 2 јануари 1944 година бил нападнат рудникот Момирок во Витолиште. Во рудникот биле уништени машините со што било запрено производството на лискун од страна на Германците, а 20 работници се придружиле кон бригадата. Во текот на овој напад биле заробени: 1 пушкомитралез и 25 пушки, муниција, храна, 4 радио-апарати, 3 машини за пишување и др.

Февруарскиот поход

Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход.

Со концентрирањето на единиците на НОВ и ПО Македонија на Кожуф, на 20 јануари 1944 година, ЦК КПМ и ГШ за Македонија донеле одлука единиците да дејствуваат во три правци. Притоа, Првата македонско-косовска бригада требало да дејствува во западен правец и да продре до Азот. Според планот, бригадата тргнала од село Баово на 31 јануари 1944 година, со што всушност е означен почетокот на походот.

На 12 април 1944 во село Долно Родиво, Мегленско бригадата била поделена на група македонски и група косовски батаљони и била упатена кон Дебарца. Притоа со борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско (29 април - 6 мај), Дебарца била повторно ослободена.

Пролетна офанзива

Борци од Првата македонско-косовска ударна бригада на планината Караорман, мај 1944 година.

Од групата македонски батаљони на 8 јуни 1944 година формирана е Првата македонска ударна бригада, а од групата косовско-метохиски батаљони на 24 јуни 1944 била формирана Првата косовско-метохиска бригада.