Цветко Узуновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 6: Ред 6:


== НОВ ==
== НОВ ==
[[Податотека:Formiranje Druge makedonske udarne brigade.jpg|мини|десно|Цветко Узуновски говори на борците на [[Втора македонска ударна бригада|Втората македонска бригада]] за време на нејзиното формирање во село [[Фуштани]], 20 декември 1943 година.]]


Во септември [[1941]] година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај [[1942]] година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на [[КПЈ]] за Македонија. При формирањето на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Комунистичката партија на Македонија]] во март [[1943]] година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта [[1943]] година е политички комесар на [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]]. Член е на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ]]. Избран е за делегат е на Второто заседание на [[АВНОЈ]]. Учествува на Првото заседание на [[АСНОМ]], на кое е избран за член на неговиот [[Президиум на АСНОМ|Президиум]].
Во септември [[1941]] година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај [[1942]] година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на [[КПЈ]] за Македонија. При формирањето на [[Сојуз на комунистите на Македонија|Комунистичката партија на Македонија]] во март [[1943]] година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта [[1943]] година е политички комесар на [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]]. Член е на [[Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ|Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ]]. Избран е за делегат е на Второто заседание на [[АВНОЈ]]. Учествува на Првото заседание на [[АСНОМ]], на кое е избран за член на неговиот [[Президиум на АСНОМ|Президиум]].

Преработка од 20:47, 11 ноември 2015

Цветко Узуновски

Цветко Узуновски - Абас (Царев Двор, Ресенско, 24 декември 1912 - Скопје, 24 мај 1994)[1], македонски комунист, учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОБ и истакнат комунистички функционер по ослободувањето. Носител е на Партизанска споменица 1941. Тој беше последниот преживеан шпански борец од Македонија.[2]

Пред војната

Уште на 12 години заминува да учи занает во Белград. Како занаетчиски работник, во 1934 година се приклучува на синдикалното движење, а во 1937 година станува член на КПЈ. Во 1934 година е уапсен од полицијата и е осуден на две и пол години затвор, кои ги одлежува во Пожаревац.[3] По излегувањето од затвор, полицијата го протерува во Царев Двор. Таму тој не останува долго време и се враќа во Белград. Во Белград се задржува неколку месеци, по што заминува за Шпанија. Во Шпанија пристигнува во јуни 1937 година и до 1939 година учествува во Шпанската граѓанска војна како припадник на Интернационалните бригади.[4] По падот на Шпанската република, Узуновски е во концентрационен логор во Франција до 1941 година. Заедно со други југословенски логораши во 1941 година заминува на работа во нацистичка Германија, каде е одреден да работи во Еспенхајм во близина на Лајпциг.[5]

НОВ

Цветко Узуновски говори на борците на Втората македонска бригада за време на нејзиното формирање во село Фуштани, 20 декември 1943 година.

Во септември 1941 година станува член на Покраинскиот воен штаб на Македонија. Кон крајот на мај 1942 година влегува во составот на Привремениот покраински комитет на КПЈ за Македонија. При формирањето на Комунистичката партија на Македонија во март 1943 година е избран за член на нејзиниот прв Централен комитет. Од пролетта 1943 година е политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Член е на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Избран е за делегат е на Второто заседание на АВНОЈ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избран за член на неговиот Президиум.

Узуновски се смета за народбодавател на две убиства на партизанки: Лена Стојчевска во 1944 година[6][7] и Панде Чесноска во 1945 година.[8]

По ослободувањето

По ослободувањето, oд 1944 до 1946 година, Узуновски беше прв началник на ОЗН за Македонија, а на 11 февруари 1946 година е избран за министер за внатрешни работи на НР Македонија.[9] На оваа функција останува до 1953 година, кога паѓа во немилост. Испратен е на работа во сојузните органи. Од август 1953 година е началник на Управата за цивилна заштита во Државниот секретаријат за внатрешни работи на Југославија, а од 1963 година е началник на Управата за народна одбрана во Државниот секретаријат за народна одбрана на Југославија. Пензиониран е како генерал полковник на ЈНА.[10]

Наводи

  1. „Почина првоборецот Цветко Узуновски – Абаз“, „Нова Македонија“, 25 мај 1994, 4 стр.
  2. „Последниот шпански борец“, „Нова Македонија“, 26 мај 1994, 4 стр.
  3. „Нова Македонија“, 13 февруари 1946, 1 стр.
  4. Македонци учесници во Шпанската граѓанска војна
  5. Vojo Todorović Lerer “Od Vernea do Ustaničkog Drvara” vo Čedo Kapor (ur.) "Španija 1936-1939", "Vojnoizdavački zavod", Beograd, 1971, tom 4, 429-438 str.
  6. Стрелањето на партизанката Лена, Сведоштва за стрелањето на Лена Стојчевска објавени во „Нова Македонија“ во 1990 година
  7. Виктор Цветаноски „Лена ликвидирана по налог на Абас“, „Утрински Весник“
  8. Виктор Цветаноски „Зошто ОЗН-а ја уби Чесноска“, „Утрински Весник“
  9. Службен весник на Народна Република Македонија 4/1946, 1 стр.
  10. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1527-1528 стр.