Платон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Откажано уредувањето 3433604 на уредникот MarioPuovik6 (разговор)
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Delphi_Platon_statue_1.jpg|thumb|190п|десно|Статуа на Платон]]
{{Infobox philosopher
'''Платон''' ([[Старогрчки јазик|старогрчки]]: {{lang|grc|[[wikt:Πλάτων|Πλάτων]]}}, ''Plátōn'', „широк“;<ref>[[Диоген Лаертиј]] 3.4; p. 21, David Sedley, [http://assets.cambridge.org/052158/4922/sample/0521584922ws.pdf ''Plato's Cratylus''], Cambridge University Press 2003; [[Seneca the Younger|Seneca]], Epistulae, VI, 58, 30: ''illi nomen latitudo pectoris fecerat''.</ref> 424/423 п.н.е.{{Ref label|A|a|none}} – 348/347 п.н.е.) е [[Стара Грција|старогрчки]] [[филозоф]], [[математичар]], ученик на [[Сократ]], автор на филозофски дијалози, основач на [[Платонова Академија|Академијата]] во [[Атина]], првата институција за високо образование во [[Западен свет|Западниот свет]]. Заедно со својот учител, [[Сократ]], и неговиот ученик, [[Аристотел]], Платон е заслужен за поставување на темелите на западната филозофија и наука.<ref name="Br">{{cite encyclopedia|title=Plato|encyclopedia=Encyclopaedia Britannica|year=2002}}</ref> Со зборовите на [[А. Н. Вајтхет]]:
| region = Западна филозофија
<blockquote>Најопштата одлика на европската филозофска традиција е тоа дека се состои од низа фусноти на Платон. Не мислам на систематскиот мисловен образец кои мислителите несомнено го иземале од неговите дела. Алудирам на богатството од општи идеии нафрлани на нив.<ref>''Process and Reality'' p. 39</ref></blockquote>
| era = [[Античка филозофија]]
| image = Plato Silanion Musei Capitolini MC1377.jpg
| caption = Платон: копија на портрет биста од [[Силанион]]
| name = Платон
| birth_date = 428/427 или 424/423 п.н.е.
| birth_place = [[Древна Атина|Атина]]
| death_date = 348/347 п.н.е. (возраст {{circa|80}})
| death_place = [[Древна Атина|Атина]]
| nationality = Грк
| school_tradition = [[Платонизам]]
| main_interests = [[Реторика]], [[уметност]], [[книжевност]], [[Теорија на познание|епистемологија]], [[правда]], [[добродетелност]], [[политика]], [[образование]], [[семејство]], [[милитаризам]]
| notable_ideas = [[Теорија за формите]], [[Платонов идеализам]], [[Платонов реализам]], ''[[хиперуранион]]'', ''[[метаксија]]'', ''[[хора]]''
| influences = [[Сократ]], [[Хомер]], [[Хесиод]], [[Аристофан]], [[Езоп]], [[Протагора]], [[Парменид]], [[Питагора]], [[Хераклит]], [[Орфизам]]
| influenced = Најголемиот дел од [[Западна филозофија|западната филозофија]] која се појавила по неговите дела
}}


Платоновата писателска префинетост е очигледна во неговите т.н. [[Сократови дијалози]]; триесет и шест дијалози и тринаесет писма му се припишуваат нему. Неговите дела се препубликувани на повеќе различни начини; ова има доведено до одредени конвенции во однос на именувањето на неговите текстови.<ref>Irwin, T. H., "The Platonic Corpus" in Fine, G. (ed.), ''The Oxford Handbook of Plato'' (Oxford University Press, 2011), pp. 63–64 and 68–70.</ref> Платоновите дијалози се користат при предавања на мноштво предмети, како [[филозофија]], [[логика]], [[етика]], [[реторика]] и [[математика]].
'''Платон''' ({{lang-el|Πλάτων}}, 428/427 или 424/423 – 348/347 п.н.е.) бил [[филозоф]] и [[математичар]] во [[Античка Грција]], воедно и основач на [[Платонова академија|Академија]] во [[Древна Атина|Атина]], првата институција со високо образование на [[Западниот свет]]. Тој се смета за најклучната фигура во развојот на филозофијата, особено [[Западна филозофија|западната традиција]].<ref>quote="...the subject of philosophy, as it is often conceived—a rigorous and systematic examination of ethical, political, metaphysical, and epistemological issues, armed with a distinctive method—can be called his invention" http://plato.stanford.edu/entries/plato/</ref> За разлика од речиси сите негови [[Античка грчка филозофија|филозофски современици]], Платоновиот целокупен ''[[Уметникчо дело|опус]]'' се верува дека преживеал непроменет повеќе од 2,400 години.<ref>See introduction. https://books.google.com/books?id=eSKTvJDrr5kC&printsec=frontcover&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false</ref><ref>quote= " one of the most dazzling writers in the Western literary tradition and one of the most penetrating, wide-ranging, and influential authors in the history of philosophy." http://plato.stanford.edu/entries/plato/</ref>

== Живот ==
{{внимание}}
Потекнувал од богато атинско аристократско семејство. Се викал Аристокле, но познат бил како Платон, што во превод од старогрчки значи Широк, овој прекар го добил од својот учител по гимнастика. Се здобил со богато образование, а бил и добро физички развиен. Едно време бил ученик кај приврзаник на [[Хераклит]], но со запознавање на Сократ тој со воодушевување му се придружил и го следел се' до смртта. Најпрочуен ученик на Сократ бил Платон. По неговата смрт, патувал во Египет и престојувал во Сиракуза на Сицилија. Основал своја философска школа наречена Академија која се одржала се' до 6 век од н.е.

== Платоновата философија ==
{{внимание}}
{{Дијалозите на Платон}}
Платон во своите дела ги опфаќа сите гранки на философијата. Тој систематски се занимавал со неа разработувајќи онтолошка, гносеолошка, етичка, естетичка, политичко-социјална и друга проблематика. Творец е на систем на објективен [[идеализам]]. Тој ги критикува [[софисти]]те и го отфрла субјективизмот и релативистичкиот сензуализам. Постои општа и нужна вистина која има апсолутно важење. Во своето учење за битието смета дека овој свет што ни е сетилно достапен и што го сметаме за објективно реален, не е таков каков што ни се чини. Всушност, овој свет е лажовен, нестварен, сенишен свет. Предметите и појавите дадени во нашите сетила се нетрајни, минливи, пропадливи, несовршени. Бидејќи такви, тие се всушност сенки на предмети на еден друг, вистински, реален, објективно даден, траен свет, на светот на идеите, нивни копии, нивни имитации. Единствено идеите можат да се наречат објективно постојни, во нив е сосредочено битието, неговата вечна истост, неразрушливост и несоздатливост. Платон смета дека идеите престојуваат во еден друг, различен од привидниот свет, во светот на идеите. Тој вели дека обичните луѓе се како оковани на дното на некоја пештера и се свртени надолу, а не накај сонцето и светлината и гледаат само на нејзиниот заден дел. Зад нив има канал, а на еден негов дел има параван на кој дефилираат разни мајсторски изработки, предмети на жива и нежива природа меѓу нив и луѓе. Светлината ги фрла сенките на подвижните предмети на ѕидот на пештерата. Плениците, бидејќи во неможност да се свртат сенките што ги гледаат, ги сметаат не за сенки, туку за вистински предмети. Философски образованите луѓе треба ги скинат оковите и да се свртат зад себеси. Тогаш тие ќе го согледаат вистинскиот свет на вистинските предмети - идеите. Сетилните твари само поддржувајќи ги идеите имаат, каква-таква, реалност и доколку ова подржување е поуспешно тие се поцврсти, потрајни, поубави, посовршени во својот род. Совршениот круг не може да се претстави со цртеж, ниту со некој предмет. Но според овој идеален или замислен круг, својата смисла ја добиваат сите други тркалезни предмети. Каде е неговата вистина, т.е. објективниот корелат? Платон не можел да го најде во сетилниот свет, па затоа измислил надсетилен (наднебесен) свет на идеите. Одговорот дека тварите се единство на општото и поединечното, Платон не можел да го прифати, бидејќи во тој случај се запаѓа во тешкотија да се сфати како општото е присутно во поединечното. За да дојдеме до познанието на идеите треба да се служиме со дијалектиката како метод, од една страна, на систематско делење на поимите и спојување на поделеното а, од друга, како умеење да се поставуваат прашања и на нив да се даваат правилни одговори.
Душата има три дела: чувствен, волев и разумен. Овие делови се наоѓаат во различна пропорција во секоја душа. Таа, душата, е бесмртна и различна од телото на кое, кога ќе се слее со него му дава живот, а кога ќе го напушти настапува смрт. Таа се сели од едно тело во друго, од едно суштество во друго за да на крајот како непоправлива се урне во Тартар (темна бездна според грчката митологија). На секој дел од душата му одговара по една добродетел: умереност, храброст и мудрост, соодветно.

Исто така, Платон сметал дека знаењето е добро, а незнањето е зло. Тој бил противник на [[демократија]]та и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното, што Платон го придонел во философијата.

== Наводи ==
{{наводи}}

== Надворешни врски ==
* [http://plato-dialogues.org/plato.htm Платон (Германски)]
* [http://www.iep.utm.edu/p/plato.htm Платон (Германски) (IEP)]
* [http://plato.stanford.edu/entries/plato/ Платон (Германски) (SEP)]

{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Старогрчки филозофи]]
[[Категорија:Платон]]

Преработка од 17:04, 9 ноември 2015

Статуа на Платон

Платон (старогрчки: Πλάτων, Plátōn, „широк“;[1] 424/423 п.н.е.[a] – 348/347 п.н.е.) е старогрчки филозоф, математичар, ученик на Сократ, автор на филозофски дијалози, основач на Академијата во Атина, првата институција за високо образование во Западниот свет. Заедно со својот учител, Сократ, и неговиот ученик, Аристотел, Платон е заслужен за поставување на темелите на западната филозофија и наука.[2] Со зборовите на А. Н. Вајтхет:

Најопштата одлика на европската филозофска традиција е тоа дека се состои од низа фусноти на Платон. Не мислам на систематскиот мисловен образец кои мислителите несомнено го иземале од неговите дела. Алудирам на богатството од општи идеии нафрлани на нив.[3]

Платоновата писателска префинетост е очигледна во неговите т.н. Сократови дијалози; триесет и шест дијалози и тринаесет писма му се припишуваат нему. Неговите дела се препубликувани на повеќе различни начини; ова има доведено до одредени конвенции во однос на именувањето на неговите текстови.[4] Платоновите дијалози се користат при предавања на мноштво предмети, како филозофија, логика, етика, реторика и математика.

Живот

Потекнувал од богато атинско аристократско семејство. Се викал Аристокле, но познат бил како Платон, што во превод од старогрчки значи Широк, овој прекар го добил од својот учител по гимнастика. Се здобил со богато образование, а бил и добро физички развиен. Едно време бил ученик кај приврзаник на Хераклит, но со запознавање на Сократ тој со воодушевување му се придружил и го следел се' до смртта. Најпрочуен ученик на Сократ бил Платон. По неговата смрт, патувал во Египет и престојувал во Сиракуза на Сицилија. Основал своја философска школа наречена Академија која се одржала се' до 6 век од н.е.

Платоновата философија

Платон во своите дела ги опфаќа сите гранки на философијата. Тој систематски се занимавал со неа разработувајќи онтолошка, гносеолошка, етичка, естетичка, политичко-социјална и друга проблематика. Творец е на систем на објективен идеализам. Тој ги критикува софистите и го отфрла субјективизмот и релативистичкиот сензуализам. Постои општа и нужна вистина која има апсолутно важење. Во своето учење за битието смета дека овој свет што ни е сетилно достапен и што го сметаме за објективно реален, не е таков каков што ни се чини. Всушност, овој свет е лажовен, нестварен, сенишен свет. Предметите и појавите дадени во нашите сетила се нетрајни, минливи, пропадливи, несовршени. Бидејќи такви, тие се всушност сенки на предмети на еден друг, вистински, реален, објективно даден, траен свет, на светот на идеите, нивни копии, нивни имитации. Единствено идеите можат да се наречат објективно постојни, во нив е сосредочено битието, неговата вечна истост, неразрушливост и несоздатливост. Платон смета дека идеите престојуваат во еден друг, различен од привидниот свет, во светот на идеите. Тој вели дека обичните луѓе се како оковани на дното на некоја пештера и се свртени надолу, а не накај сонцето и светлината и гледаат само на нејзиниот заден дел. Зад нив има канал, а на еден негов дел има параван на кој дефилираат разни мајсторски изработки, предмети на жива и нежива природа меѓу нив и луѓе. Светлината ги фрла сенките на подвижните предмети на ѕидот на пештерата. Плениците, бидејќи во неможност да се свртат сенките што ги гледаат, ги сметаат не за сенки, туку за вистински предмети. Философски образованите луѓе треба ги скинат оковите и да се свртат зад себеси. Тогаш тие ќе го согледаат вистинскиот свет на вистинските предмети - идеите. Сетилните твари само поддржувајќи ги идеите имаат, каква-таква, реалност и доколку ова подржување е поуспешно тие се поцврсти, потрајни, поубави, посовршени во својот род. Совршениот круг не може да се претстави со цртеж, ниту со некој предмет. Но според овој идеален или замислен круг, својата смисла ја добиваат сите други тркалезни предмети. Каде е неговата вистина, т.е. објективниот корелат? Платон не можел да го најде во сетилниот свет, па затоа измислил надсетилен (наднебесен) свет на идеите. Одговорот дека тварите се единство на општото и поединечното, Платон не можел да го прифати, бидејќи во тој случај се запаѓа во тешкотија да се сфати како општото е присутно во поединечното. За да дојдеме до познанието на идеите треба да се служиме со дијалектиката како метод, од една страна, на систематско делење на поимите и спојување на поделеното а, од друга, како умеење да се поставуваат прашања и на нив да се даваат правилни одговори.

Душата има три дела: чувствен, волев и разумен. Овие делови се наоѓаат во различна пропорција во секоја душа. Таа, душата, е бесмртна и различна од телото на кое, кога ќе се слее со него му дава живот, а кога ќе го напушти настапува смрт. Таа се сели од едно тело во друго, од едно суштество во друго за да на крајот како непоправлива се урне во Тартар (темна бездна според грчката митологија). На секој дел од душата му одговара по една добродетел: умереност, храброст и мудрост, соодветно.

Исто така, Платон сметал дека знаењето е добро, а незнањето е зло. Тој бил противник на демократијата и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното, што Платон го придонел во философијата.

Наводи

  1. Диоген Лаертиј 3.4; p. 21, David Sedley, Plato's Cratylus, Cambridge University Press 2003; Seneca, Epistulae, VI, 58, 30: illi nomen latitudo pectoris fecerat.
  2. „Plato“. Encyclopaedia Britannica. 2002.
  3. Process and Reality p. 39
  4. Irwin, T. H., "The Platonic Corpus" in Fine, G. (ed.), The Oxford Handbook of Plato (Oxford University Press, 2011), pp. 63–64 and 68–70.

Надворешни врски