Трка околу Полска 2014 — 71. издание на велосипедската етапна тркаТрка околу Полска. Започнала на 3 август 2014 година во Гдањск, а завршила на 9 август 2014 година во Краков, по седум одржани етапи, вклучувајќи и еден индивидуален хронометар на завршната етапа, возен низ улиците на Краков. Претставувала дваесетта трка во сезоната на Светската турнеја.
Бидејќи Трката околу Полска е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски повикани и биле обврзани да испратат екипа. Заедно со Тим Полска — полската национална екипа — на две други екипи им биле дадени специјални покани и со тоа била создадена група од 21 екипа.
На етапата 2, Роман Мајкин, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Јаухен Хутарович (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.
На етапите 3 и 4, Жими Енжулвент, кој бил втор во пласманот за најактивен возач, ја носел сината маичка, бидејќи Петр Вакоч (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.