Воздух: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 4: Ред 4:
[[Категорија:Гасови]]
[[Категорија:Гасови]]
[[Категорија:Воздух| ]]
[[Категорија:Воздух| ]]
[[Категорија:Земјина атмосфера]]

Преработка од 01:51, 16 октомври 2015

Воздухот е гасовита материја составена претежно од азот (78%), кислород (21%); останатиот 1% го сочинуваат материи како јаглероден диоксид, водород, хелиум, водна пареа и други. Воздухот е неопходен за опстанок на животот на Земјата. Најважен елемент на воздухот за одржување на животот на Земјата е кислородот. Него го користат и растенијата и животните. Животните и човекот не можат да издржат без воздух повеќе од неколку минути. Растенијата, низ процесот фотосинтеза, се најголеми производители на кислород. Водните алги и фитопланктоните се исто така производители на кислород, но со помал интензитет. Уништувањето на шумите и загадувањето на воздухот и водите се фактори кои ја зголемуваат опасноста од намалување на кислородот.