Букефал: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с One picture in higher resolution |
Замена на Image:Napoli_BW_2013-05-16_16-24-01_DxO.jpg со Image:Napoli_BW_2013-05-16_16-24-01.jpg (од страна на CommonsDelinker поради: File renamed:). |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
{{Без извори|датум=ноември 2009}} |
||
[[Податотека:Napoli BW 2013-05-16 16-24-01 |
[[Податотека:Napoli BW 2013-05-16 16-24-01.jpg|thumb|200px|Александар и Букефал на мозаик прикажани во [[Битка кај Ис|битката кај Ис]]]] |
||
[[Податотека:Battle of Issus.jpg|thumb|200px|[[Битка кај Ис|Битката кај Ис]] во која Александар се борел против [[Дариј III]]. (Национален Музеј - [[Наполи]])]] |
[[Податотека:Battle of Issus.jpg|thumb|200px|[[Битка кај Ис|Битката кај Ис]] во која Александар се борел против [[Дариј III]]. (Национален Музеј - [[Наполи]])]] |
||
'''Букефал''' ([[грчки]]: Βουκέφαλος Букефалос) бил најмилиот коњ на [[Александар Македонски]]. Името преведено значи "Воловска глава". Според легендата, можел да го јавне само Александар. |
'''Букефал''' ([[грчки]]: Βουκέφαλος Букефалос) бил најмилиот коњ на [[Александар Македонски]]. Името преведено значи "Воловска глава". Според легендата, можел да го јавне само Александар. |
Преработка од 14:06, 22 септември 2015
Букефал (грчки: Βουκέφαλος Букефалос) бил најмилиот коњ на Александар Македонски. Името преведено значи "Воловска глава". Според легендата, можел да го јавне само Александар.
Букефал умрел за време на битката кај индиската река Хидасп, во 326 година п.н.е, на возраст од 30 години што е длабока старост за еден коњ дури и во денешно време. Александар, за спомен на него, на тоа место го основал градот Букефала (денес Џалалпур).
Според пишувањата на Плутарх
Букефал е опишан како голем црн коњ со голема бела ѕвезда на неговото чело. Имал сини очи и неговата раса била една од најиздржливите. Според легендата, Александар во тоа време (10-то годишник) бил единствениот на кого Букефал му се покорил. Коњот прво бил понуден на Филип II Македонски од страна на Филониј, трговец на коњи, за цена од 13 таланти, што биле многу пари во тоа време. Бидејќи никој неможел да го скроти коњот Филип се откажал од купувањето. Но Александар се понудил сам да плати за коњот доколку успее да го скроти. Тој приметил дека Букефал се плаши од својата сенка, па го свртел кон сонцето за да не може да ја гледа. Така коњот се смирил и Александар успеал да го јавне. Легендата зборува дека од тој момент Букефал и Александар биле неразделни и заедно учествувале во сите битки.