British Airways: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с Bot: Parsoid bug phab:T107675
Ред 166: Ред 166:
| 49.4
| 49.4
|}
|}

<nowiki></nowiki>


== Дестинации ==
== Дестинации ==

Преработка од 16:45, 20 септември 2015

British Airways
IATA ICAO Ознака
BA BAW
SHT
XMS
SPEEDBIRD
SHUTTLE
SANTA
Основан31 март 1974 (После спојувањето на BOAC и BEA)
ЈазлиАеродром Лондон Хитроу
Аеродром Лондон Гетвик
Програма за чести летачиExecutive Club
Premier (само со покано)
Аеродромски салонConcorde Room
Galleries First
Galleries Club
Galleries Arrivals
First Lounge
Terraces Lounge
Executive Club Lounge
Gate 1 Lounge
Chesapeake Club Lounge
Arrivals Lounge
СојузOneworld
Летала233 (+67 нарачки)
Одредишта147 во 75 земји (Март 2007)
ГеслоНадгради се со British Airways
СедиштеВатерсајд, Хармондсвортх, Лондон , Англија, Обединето Кралство
РаководствоWillie Walsh (Извршен Директор)
Мрежо местоhttp://www.britishairways.com

British Airways (Македонски: Бритиш Ервејз), е официјален национален авиопревозник на Велика Британија и една од најголемите авиокомпании во светот. Главни централи на авиокомпанијата се аеродромите: Лондон Хитроу и Лондон Гетвик. Групацијата British Airways беше формирана на 1 септември 1972 година од страна ан корпорациите BOAC и ВЕА. Овие две компании се здружија и ја формираа авиокомпанијта British Airways. Компанијата беше приватизирана во февруари 1987. Се прошири набрзо потоа со купувањето на авиокомпанијата British Caledonian во 1988 година. Формирањето на Virgin Atlantic од страна на Richard Branson, во 1984 година, значеше и започнување на тензични односи со British Airways, кои завршија во 1993 со формално извинување од страна на British Airways, за употреба на 'кампања со гнасни трикови' против Virgin. British Airways низ текот на годините се снабдуваше со авиони од Boeing, се до 1998 година кога се одлучи за нарачка на Airbus авиони. Во 2008 година, British Airways ја воведе својата ќерка - авиокомпанија OpenSkies која ќе ја користи на релации помеѓу поважните Европски центри и САД, во согласност со новиот договор за отворено небо. Засега единствениот авион во флотата на OpenSkies е авион од типот Боинг 757. British Airways се соочува со големи проблеми во изминативе години. Асоцијацијата на Европски Авиокомпании ја нарече British Airways, авиокомпанија со најголем процент на загубен багаж, двојно повеќе отколку просекот на другите авиокомпании. Тие се исто така една од најлошата авиокомпанија во класата на кратки/средни дестинации и беа рангирани на 17 место од 21 авиокомпанија. Најголемиот проблем на British Airways e нејзината база на аеродромот Хитроу во Лондон, кој е синоним на аеродром на задоцнувања и одложувања на летовите.

Историја

На 31 Март, 1924 година, четирите авиокомпании (Instone Air Line, Handley Page Transport, Daimler Airways и British Marine Air Navigation Co Ltd.), пионери на комерцијалната авијација во Велика Британија, се споија во една авиокомпанија наречена Imperial Airways. Во меѓувреме, одреден број на помали авиокомпании од Велика Британија започнаа со летови. Овие мали авиокомпании се споија во 1935 година за да ја направат оригиналната British Airways Ltd. Во 1939 година, Британската влада одлучува да ги национализира двете авиокомпании и да ја формира Британската Прекуокеанска Воздухопловна Корпорација (BOAC). После војната, ВОАС продолжува да оперира на прекуокеански дестинации, со исклучок на дестинациите во Јужна Америка, кои беа оперирани од страна на British South American Airways, која стана дел од корпорацијата во 1949 година. Дестинациите во Европа и Обединетото Кралство беа опслужувани од страна на British European Airways Corporation (BEA).

Приватизација

Сер Џон Кинг, подоцна Лорд Кинг, кој беше назначен за претседател во 1981 година, единствената задача му беше да ја припреми авиокомпанијата за приватизација. Кинг го вработи Колин Маршал како извршен директор во 1983 година. Кинг беше најзаслужен за пресвртот во авиокомпанијата и заспаниот џин кој трпеше многу загуби го претвори во една од најпрофитабилните авиокомпании во светот. Преку 23,000 вработени беа отпуштени во почетокот на 80-тите години од минатиот век, а во исто време флотата беше модернизирана. Националниот авиопревозник се појави на Лондонската берза во февруари 1987 година, од страна на Конзервативната влада.

Промени и подружници

Во текот на 90-тите години, British Airways стана најпрофитабилна авиокомпанија под слоганот "Најомилена светска компанија". Во 1992 година, ВА се одлучува да ја купи малата Германска авиокомпанија, Delta Air Transport, и ја преименува во Deutsche BA. Таа беше продадена во 2003 година, а за време на нејзиното раководење таа стана втора по големина авиокомпанија во Германија, веднаш зад Луфтханза. Во 1995 година, British Airways формира подружница во Тајван, наречена British Asia Airways, за да оперира на релацијата Лондон - Тајпеј. Поради политичкита чувствителност, авиокомпанијата го промени своето име.

Ерата на Боб Ејлинг

Во 1996 година, British Airways, со нивниот новоназначен извршен директор, Боб Ејлинг, влегоа во период на турбуленција. Се зголемување компетитивноста на пазарот, високите цени на нафта и силната фунта го намалија профитот. Менаџментот на компанијата и синдикатот се судрија меѓусебе, што придонесе за стотици милиони фунти загуба. Позитивната страна од раководењето на Ејлинг беше заштедата од 750 милиони фунти како и воведувањето на подружницата Go Fly во 1998 година. Оваа подружница беше наменета за секторот со нискобуџетни компании. После четири години на успешно управување со авиокомпанијата, Go Fly беше продадена на британска инвеститори кои потоа се здружија со EasyJet: Ејлинг исто така откажа неколку нарачки на Боинг 747, на сметка на зголемување на нарачката на Боинг 777 и разционализација на флотата за кратки дестинации со нарачка на авиони од Ербас А320 фамилијата.

Ерата на Род Едингтон

Во 1999 година, British Airways пријави намалување на профитот за цели 50%, најлоша сезона по приватизацијата. Во март 2000 година, Боб Ејлинг беше отстранет од позицијата на извршен директор. British Airways го назначи Род Едингтон за негов заменик, во мај истата година. Едингтон продолжи со намалувањето на бројот на вработени. На 8 септември 2004 година, British Airways објави дека ги продава 18.5% од акциите кои го има во Австралиската авиокомпанија Qantas, но ќе продолжи да лета на дестинацијата Лондон - Сиднеј. Од трансакцијата, авиокомпанијата доби околу 425 милиони фунти, кои послужија како добра финансиска инјекција за да се намалат задолжувањата. Во 2005, по пензионирањето на Род Елингтон, улогата на извршен директор ја превзеде дотогашниот извршен директор на Air Lingus, Вили Волш.

Ерата на Вили Волш

Во септември 2005 година, новиот извршен директор на British Airways, донесе одлука за промени во управувањето на компанијата, со што би се заштедиле околу 300 милиони фунти, колку што чини инвестицијата за терминалот 5. Тој ги стави на продажба двете подружници на British Airways, "BA Connect" и "Flybe", со мала забелешка дека компанијата задрша 15% од акциите на Flybe, по нејзината продажба. Од 2004 година, па наваму, British Airways нуди полн аранжман на летовите низ Британија (вклучува бесплатни храна и пијалоци) како одговор на ниските цени на нискобуџетните компании. Авиокомпанијата ја доби наградата Skytrax авиокомпанија на годината за 2006 година

Терминал 5

новиот дом на British Airways

Терминалот 5 беше изграден ексклузивно за British Airways, со вкупна инвестиција од 4.3 билиони фунти и официјално отворен од Кралицата Елизабета II на 14 март 2008. Официјално во употреба беше пуштен на 27 Март, 2008 година, а веднаш со отворањето службите на терминалот се соочија со сериозни проблеми. Во првите 5 дена на работа, беше направен извештај кој велеше дека 28,000 парчиња багаж беа изгубени, како и 300 лета беа откажани. И покрај големите проблеми на почетокот, новиот терминал со текот на времето се усоврши и работи во согласност со сите прописи. Точноста со времето на заминување и пристигање на авионите се подобрува.

Финансиски извешта

British Airways Financial Performance
Крај на година Број на патници Обрт (£м) Бруто Добивка/Загуба (£м) Нето Добивка/Загуба (£м) Добивка на една акција
31 март 2008 33,161,000 8,753 883 696 59.0
31 март 2007 33,068,000 8,492 611 438 25.5
31 март 2006 32,432,000 8,213 616 464 40.4
31 март 2006 35,634,000 8,515 620 467 40.4
31 март 2005 35,717,000 7,772 513 392 35.2
31 март 2004 36,103,000 7,560 230 130 12.1
31 март 2003 38,019,000 7,688 135 72 6.7
31 март 2002 40,004,000 8,340 (200) (142) (13.2)
31 март 2001 36,221,000 9,278 150 114 10.5
31 март 2000 36,346,000 8,940 5 (21) (2.0)
31 март 1999 37,090,000 8,915 225 206 19.5
31 март 1998 34,377,000 8,642 580 460 44.7
31 март 1997 33,440,000 8,359 640 553 55.7
31 март 1996 32,272,000 7,760 585 473 49.4


Дестинации

Погледни опширно: Дестинации на British Airways и Дестинации на подружниците на British Airways.

Флота

Airbus A319-100
Airbus A320-200
Airbus A321-200
Boeing 737-500
Boeing 747-400
Boeing 757-200
Boeing 767-300
Boeing 777-200


Со исклучок на Боинг 707 и Боинг 747, авиокомпанијата беше формирано со исклучиво авиони произведени во Велика Британија. Во текот на 80-тите години на минатиот век, во флотата влегоа и авионите од типот Боинг 737 и Боинг 757, проследени со Боинг 747, Боинг 767 и Боинг 777 во 90-тите години. И покрај тоа што оперира со голем број на авиони произведени од Боинг, British Airways кон крајот на 80-тите години започна да вклучува и авиони од авиопроизводителите McDonnell Douglas и Airbus. Во септември 2007 година, авиокомпанијата направн нарачка на 12 Airbus A380 авиони, плус додатни 7 опции за истиот тип на авиони. Заклучно со 31 март 2008 година, флотата на British Airways се состои од овие авиони:

Флота на British Airways
Авион Вкупно Патници
(Прва/Бизнис/Напредно Економска/Економска)
Дестинации Забелечки
Airbus A318 (2 нарачки[1]) 32 Лондон Сити до Њујорк Кенеди
Airbus A319 33 132 Лондон Хитроу до Европа и Обединето Кралство
Лондон Гетвик до Европа и Обединето Кралство
14 ќе бидат пренесени на аеродромот Лондон Гетвик како замене за 737-300 & 737-500 во 2009
Airbus A320 25
(19 нарачки)
149
150
156
Лондон Хитроу до Европа и Обединето Кралство
Airbus A321 11
194 Лондон Хитроу до Европа и Обединето Кралство
Airbus A380-800 (12 нарачки)
(7 options)
Лондон Хитроу до Њујорк, Лос Анѓелес, Бангкок, хонг Конг и Сиднеј Влез во сообраќај: 2012
Boeing
737-300
5 126 Лондон Гетвик до Европа и Обединето Кралство Излез од сообраќај: 2009
Замена: Airbus A319
Boeing 737-400 19 147 Лондон Гетвик до Европа и Обединето Кралство Излез од сообраќај: 2009
Замена: Airbus A319 / Airbus A320
Boeing
737-500
9 110 Лондон Гетвик до Европа и Обединето Кралство Излез од сообраќај: 2009
Замена: Airbus A319
Boeing 747-400 57 291 (14/70/30/177)
299 (14/70/30/185)
337 (14/52/36/235)
351 (14/38/36/263)
Лондон Хитроу до Африка, Азија, Австралија, Северна и Јужна Америка 20 да бидат исклучени од сообраќај помеѓу 2011 и 2014
Замена: Airbus A380
Boeing 757-200 11 180 Лондон Хитроу до Европа 6 авиони ќе бидат пренесени на подружницата 'OpenSkies' до крајот на 2009 година
Излез од сервис: 2012
Замена: Airbus A321
Boeing 767-300ER 21 173 (-/24/24/125)
252 (252)
Лондон Хитроу и Манчестер до Африка, Карибите, Европа и Северна Америка Излез од сервер: 2010
Замена: Boeing 787
Boeing 777-200 3 229 (14/48/40/127) Лондон Хитроу до Африка, Азија и Северна Америка
Boeing 777-200ER 39
(4 нарачки)
(4 опции)
280 (-/40/24/216)
224 (14/48/40/122)
290 (-/38/40/212)
Лондон Гетвик и Лондон Хитроу до Африка, Азија, Австралија, Кариби и Северна Америка Прв Корисник
Boeing 777-300ER 0
(6 нарачки)
(4 опции)
Влез во употреба: 2010
Boeing 787-8 (8 нарачки)
(16 опции)
(10 права за фамилијата 787)
Влез во употреба: 2010
Се очекува мало задоцнување
Заменува 767-300ER
Boeing 787-9 (16 нарачки)
(16 опции)
(10 права за фамилијата 787)
Влез во употребаe: 2010
Заменува 767-300ER

Наводи

  1. British Airways buys two Airbus A318s for London City Airport services