Линукс: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 5: Ред 5:


{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Linux| ]]
[[Категорија:Линукс| ]]
[[Категорија:Слободни оперативни системи]]
[[Категорија:Слободни оперативни системи]]

Преработка од 19:39, 19 септември 2015

Оваа статија се однесува на оперативниот систем ГНУ/Линукс. За јадрото Линукс, видете Линукс (јадро).
Такс, маскотата на Линукс
ubuntu

Линукс (Linux) — јадро за оперативен систем. Започнат е како хоби проект на Линус Торвалдс во 1991, а со помош на огромен број програмери од целиот свет, денес е еден од најпознатите примери за Слободен софтвер. Терминот Линукс се однесува стриктно на Линукс кернелот и системи кои користат Линукс јадрото. Во повеќето традиционални Линукс систем е ГНУ/Линукс, кој е всушност комбинација на Линукс кернелот и ГНУ алатките. Оттаму, фер и правилно e користењето на терминот „ГНУ/Линукс“ во контекст на оперативниот систем во целост. Постојат повеќе од 300 различни дистрибуции на ГНУ/Линукс. На почетокот Линукс бил развиван и користен од страна на ентузијасти. Од тогаш па наваму како алтернатива на неслободните Unix и Microsoft Windows, Линукс ја има добиено поддршката на неколку од мамутите во индустријата за информатичка технологија како што се IBM и Hewlett-Packard. Линукс исто така станува сè попопуларен како оперативен систем за работни станици (работна површина). Аналитичарите го препишуваат овој успех на независноста од компаниите, ниската цена за имплементација, безбедноста и стабилноста.