Јаболкница (новела): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
Ред 15: Ред 15:
{{наводи}}
{{наводи}}


[[Категорија: Англиска литература]]
[[Категорија:Англиска книжевност]]
[[Категорија: Дела на Џон Голсворди]]
[[Категорија: Дела на Џон Голсворди]]
[[Категорија: Изданија на Кочо Рацин]]
[[Категорија: Изданија на Кочо Рацин]]

Преработка од 18:27, 15 септември 2015

Јаболкница (англиски: The Apple Tree) е новела од англискиот писател Џон Голсворди. Таа била напишана во селото Манатон, каде што авторот ја поминал младоста.[1] Расказот е објавен на македонски јазик, во превод на Томе Момировски, како дел од книгата „Јаболкница“, објавена во 1963 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“.

Содржина

На денот на својата сребрена свадба, Френк и Стела Ешерст со автомобилот се упатуваат кон морското место Торки, каде што првпат се запознале, со намера да ја прослават годишнината. На едно место, тие застануваат за да ручаат, а Стела се оддалечува за да го наслика пејзажот. Чекајќи ја, Френк забележува еден неозначен, скромен гроб. Разгледувајќи ја околината, тој се присетува дека токму тоа е местото на кое во младоста му се случил еден значаен настан. Така, тој започнува да се сеќава...
На први мај, завршувајќи го колеџот, Френк и неговиот другар Роберт Гартон пеш заминале на прошетка. Поради повреда на коленото, Френк не можел да продолжи понатаму, па биле принудени да побараат место кадешто ќе преноќат. Тогаш, низ ливадата поминала убава девојка, која им кажала дека живее на блиската фарма. Тројцата пристигнале на фармата, која била сопственост на тетката на девојката, која се викала Меган Девид. Таму, Френк останал подолго време, лекувајќи го коленото и меѓу него и Меган се родила љубов. Една ноќ, тие се договориле да се најдат крај старата јаболкница и таму Френк ѝ ветил на Меган дека ќе ја одведе во Лондон, кадешто ќе се ожени за неа.
Утредента, тој заминал во блискиот град Торки со намера да купи нова облека за Меган, планирајќи изутрината да избегаат во Лондон. Меѓутоа, таму го сретнал својот стар познаник Фил Хелидеј, кој бил дојден на одмор со своите три сестри. Френк останал со нив во хотелот, а во меѓувреме бил привлечен од неговата сестра Стела. Истовремено, тој бил обземен од мислите за Меган, прашувајќи се како би било најдобро да постапи: од една страна, знаел дека тоа е само моментна страст и дека неговиот брак со Меган и животот во Лондон не би имале смисла, зашто таа била млада, селска девојка, која не би се снашла во градот; од друга страна, тој ја сакал и чувствувал обврска кон неа, бидејќи знаел дека таа го чека.
Еден ден, Френк тргнал на излет со семејството Хелидеј, но патем ја видел Меган, која дошла во Торки да го бара, загледувајќи се во лицата на минувачите. Френк тргнал по неа, но наместо да ја стигне, отишол на морскиот брег, растргнат од противречни чувства. На крајот, тој решил дека е подобро ако ја остави Меган и така, заминал сам во Лондон, каде подоцна се оженил со Меган.
Завршувајќи ги спомените, Френк се упатува кон фармата и доаѓа до старата јаболкница. Враќајќи се назад, тој среќава еден стар човек, кој му кажува дека во гробот е закопана една млада девојка, која извршило самоубиство поради невозвратената љубов. Така, Френк ја дознава судбината на Меган: откако тој не се вратил на фармата, таа била потиштена и еден ден, со јаболков цвет во косата, се удавила во вирот во близината на јаболкницата. Иако нејзината желба била да биде закопана до дрвото што ја потсетувало на нејзината љубов, сепак, селскиот поп не го дозволил тоа и така ја закопале крај патот. Слушајќи ја оваа приказна, Френк паднал на земјата, облеан во солзи.[2]

Наводи

  1. „Белешка за писaтелот“, во: Џон Голсворди, Јаболкница, Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 118.
  2. „Белешка за писателот“, во: Џон Голсворди, Јаболкница, Скопје: Кочо Рацин, 1963, стр. 118.