Алфред Н'Диаје: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 46: Ред 46:
[[Категорија:Фудбалери од Премиер Лига]]
[[Категорија:Фудбалери од Премиер Лига]]
[[Категорија:Фудбалери на Бурсаспор]]
[[Категорија:Фудбалери на Бурсаспор]]
[[Категорија:Фудбалери на Сандерленд А.Ф.К.]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд]]

Преработка од 21:06, 14 септември 2015

Алфред Н'Диаје
Лични податоци
Роден на 6 март 1990(1990-03-06)(34 г.)
Роден во Париз, Франција
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција дефанзивен халф
Клупски податоци
Сегашен клуб Ескишехиспор
Број 4
Младинска кариера
Нанси
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 Нанси 61 (0)
2011–2013 Бурсаспор 51 (3)
2013– Сандерленд 12 (0)
2010Ескишехиспор (позајмен) 0 (0)
Репрезентација
2001–2003 Франција 19 14 (1)
2003-2007 Франција 21 7 (0)
2004- Франција 0 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 21 септември 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 6 септември 2011

Алфред Н'Диаје (6 март 1990, Париз) е француски фудбалер со сенегалско потекло кој во моментов игра за Ескишехиспор. Тој е подеднакво вешти во играта на две позиции како централен одбранбен играч и како дефанзивен играч од средниот ред.

Фудбалска кариера

Почетоци

Алфред ја започнал својата кариера во анонимниот клуб УС Вандевр во градот Вандевр-ле-Нанси. На возраст од 14 години, тој се преселил во еден кварт во Нанси близу до стадионот на истоимената екипа за да може да ја продолжи својата кариера играјќи за најголемиот клуб во регионот. По пристигнувањето, Алфред поминувал низ многу проблеми во почетокот, но набрзо станал забележлив по неговата втора сезона во академијата. Во 2006 година, тој го потпишал својот прв професионален договор.

Нанси

Н'Диаје го направил своето деби за тимот во текот на сезоната 2007-08 во Лига купот, на возраст од 17, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Фредерик Бјанкалани во поразот од 0-3 против Ленс. Тоа било и неговиот единствен настап таа сезона, по што тој бил вратен назад во тимот на резервистите, и му помогнал на младинскиот тим на Нанси едвај да избегне испаѓање.

По таа сезона, Н'Диаје заработил промоција во сениорскиот тим на Нанси за сезоната 2008-09. Тој го зел дресот со број 29 и го носел на своето деби во лигата во првиот натпревар од сезоната против Лил, во кој се појавил како замена а мечот завршил без голови. Два месеци подоцна, тој ја добил неговата прва шанса да биде стартер во еден натпревар од лигата, против ПСЖ во ремито 1-1. Неговите добри перформанси му даваат можност постојано да биде стартер во тимот, па така тој ги одиграл комплетните 90 минути во изненадувачката победа од 3-0 на Нанси над Марсеј на Велодром.

Бурсаспор

На 1 јули 2011 година, Ненси потврди на својата веб страница дека клубот постигнал договор со турскиот клуб Бурсаспор за трансфер на Н'Диаје. Договорот бил финализиран на 3 јули за наводна сума од 2.000.000 €.

Сандерленд

На 9 јануари 2013 година, англискиот премиерлигаш Сандерленд најави дека го комплетирал трансферот на Алфред Н'Диаје за пријавена сума од € 4.700.000. На 12 јануари 2013 година, Н'Диаје го направил своето деби за Сандерленд на Stadium of Light во натпревар против Вест Хем Јунајтед во кој неговиот тим забележил победа со 3-0. Тој влегол во игра како замена за Адам Џонсон и за малку не го постигнал својот прв гол речиси со својот прв допир со топката во англискиот фудбал откако неговиот шут оддалечина поминал само неколку сантиметри крај голот. Својот деби старт за Сандерленд, Н'Диаје го имал на гостувањето кај Виган, во кој тој одработил фантастична асистенција која искористил Стивен Флечер во уште еден триумф на црните мачки овојпат со 3-1.

Надворешни врски