Алопатричка видообразба: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Bjankuloski06 ја премести страницата Алопатричка специјација на Алопатричка видообразба
(нема разлика)

Преработка од 13:57, 6 септември 2015

Споредба на видовите на природна специјација.

Во процесот на образување на нови видови - специјацијата, најефикасни се географските изолациони фактори како што се реките, морињата, езерата, високите планини, пустините и слично. Ваквиот вид на специјација се означува како географска или алопатричка специјација.


Алопатричките видови од една популација настануваат кога меѓу одделни делови на популацијата се создаваат различни географски бариери.


Пример за ваква алопатричка специјација е со островите на Јадранското море, кои настанале со покачувањето на нивото на водата. При тоа, на нив останале изолирани делови од популациите на голем број животни и растенија. Меѓу нив се и неколку видови гуштери кои дивергентно еволуирале во подвидови, кај кои постапно настанувала и репродуктивна изолација на одделни острови. Слично е и со примерот на дождовниците кои се развиле по повеќе видови поради други географски бариери.