Васил Тоциновски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Избришав факти кои не се докажани.
сакам да објавам фотографија на Васил Тоциновски
Ред 1: Ред 1:
<gallery>
Пример.jpg|Опис1
</gallery>
'''Васил Тоциновски''' (роден на {{роден на|22|август|1946}} во с. {{роден во|Стојаково}}, Гевгелиско) е македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач. Тој е еден од најплодните современи македонски автори. Пишува проза и поезија, како за деца така и за возрасни. Уредник е на списанието за литература и култура „Современост“ од [[Скопје]].
'''Васил Тоциновски''' (роден на {{роден на|22|август|1946}} во с. {{роден во|Стојаково}}, Гевгелиско) е македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач. Тој е еден од најплодните современи македонски автори. Пишува проза и поезија, како за деца така и за возрасни. Уредник е на списанието за литература и култура „Современост“ од [[Скопје]].



Преработка од 21:42, 11 август 2015

Васил Тоциновски (роден на 22 август 1946 во с. Стојаково, Гевгелиско) е македонски писател, есеист, критичар, книжевен историчар и преведувач. Тој е еден од најплодните современи македонски автори. Пишува проза и поезија, како за деца така и за возрасни. Уредник е на списанието за литература и култура „Современост“ од Скопје.

Пред македонската и светската јавност е познат повеќе како научен работник, истражувач на македонската литературна историја. Во тој правец, има големи заслуги во откривањето на животната судбина и литературното дело на „дводомните писатели“ од македонско потекло, т.е. Македонците кои живееле и твореле во туѓа јазична средина.

Добитник на наградите: „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Крсте Мисирков“, „Димитар Митрев“, „Ванѓа Чашуле“, „Девети Ноември“ на град Велес, на Културно-просветната заедница на Македонија и на Авторско-правната агенција на Македонија.


Творештво

  • „Тајна во сонот“ (поезија, 1972)
  • „Настан во автобусот“ (хуморески, 1974)
  • „Птици во кругот“ (раскази, 1978)
  • „Отворена врата“ (поезија, 1979)
  • „Моќ на поетската реч“ (книжевноисториски студии, 1980)
  • „Ден за игра“ (поезија, 1981)
  • „Свилена буба“ (хуморески, 1982)
  • „Гласот што се чека“ (раскази, 1983)
  • „Криенка“ (поезија за деца, 1985)
  • „Отвори четири очи“ (раскази за деца, 1986)
  • „Живот и сцена“ (монографија, 1987)
  • „Светлина и текови“ (книжевноисториски студии, 1987)
  • „Мегдан за игра“ (роман за деца и млади, 1989)
  • „Зборот куршум и динамит“ (монографија, 1990)
  • „Поет изгнаник“ (монографија, 1990)
  • „Златокосото дете“ (роман за деца, 1992)
  • „Трета казна“ (раскази, 1993)
  • „Збор на времето“ (есеи и критики, 1993)
  • „Жаров бунтар и буревесник“ (монографија, 1994)
  • „Низ книжевниот континуитет“ (книжевно-историски студии, 1996)
  • „Коле Неделковски“ (монографија, 1997)
  • „Трагачи по вистината“ (книжевно-историски студии, 1998)
  • „Тројца кружочници“ (студии, 1998)
  • „Судбини на откорнатикот“ (книжевно-историски студии, 1998).

Наводи

Предлошка:Никулец за биографија