Филипик Вардан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 39: Ред 39:


На крајот на [[мај]] [[713]] година Опсикијските војници се побуниле во [[Тракија]]. Некои од нивните офицери успеале да влезат во царската палата и да го ослепат Филипик на [[3 јуни]] [[713]] година. Тој бил наследен за кратко од својот главен секретар Артемиј, кој бил прогласен за император под името [[Анастасиј II (владетел)|Анастасиј II]].
На крајот на [[мај]] [[713]] година Опсикијските војници се побуниле во [[Тракија]]. Некои од нивните офицери успеале да влезат во царската палата и да го ослепат Филипик на [[3 јуни]] [[713]] година. Тој бил наследен за кратко од својот главен секретар Артемиј, кој бил прогласен за император под името [[Анастасиј II (владетел)|Анастасиј II]].

== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}

== Надворешни врски==
{{Commons category|Philippicus|position=left

{{Шаблон:Византиски владетели}}
{{Шаблон:Византиски владетели}}


Ред 46: Ред 51:
[[Категорија:Римски императорски конзули]]
[[Категорија:Римски императорски конзули]]
[[Категорија:Починати во 713 година]]
[[Категорија:Починати во 713 година]]
[[Категорија:Дваесетгодишна анархија]]

Преработка од 12:17, 5 август 2015

Филипик
Византиски император
На престол711– 3 јуни 713
ПретходникЈустинијан II
НаследникАнастасиј II
Починал(а)713
ТаткоНикифор

Филипик Вардан (грчки: Φιλιππικός Βαρδάνης) бил византиски император кој владеел во периодот од 711 до 713 година.

Филипик бил син на аристократот Никифор, кој бил од ерменско потекло.[1]. Потпирајќи се на поддршката на монотелистката партија, тој покажал претензии кон тронот при избувнувањето на првото големо востание против Јустинијан II. Тоа довело до негово заточение во Кефалонија од Тибериј III Апсимар и потоа до неговото второ заточение, по наредба на Јустинијан II во Херсон. Таму Вардан го прифатил името Филипик и успешно ги потикнал жителите на бунт со помош на Хазарите. Бунтовниците го опсаднале Константинопол и Јустинијан II побегнал (набргу потоа бил убиен од политички причини, неспособен да собере приврзаници во провинциите). Филипик на тој начин се искачил на тронот.

Меѓу првите негови дејствија биле соборувањето на Кир Цариградски и негова замена со Јован VI Цариградски, член на неговата секта и повикувањето кон conciliabulum на источните епископи. Филипик ги поништил каноните на Шестиот Вселенски собор како убеден монотелист. Во одговор на тоа Римската црква одбила да го признае новиот император и патријархот.

Во меѓувреме, бугарскиот хан Тервел пристигнал пред ѕидините на Константинопол во 712 година. Кога Филипик ја префрлил армијата за да го контролира Балканот, Омејадскиот калифат на чело со Ал-Валид I започнал напади против слабата заштита во Мала Азија.

На крајот на мај 713 година Опсикијските војници се побуниле во Тракија. Некои од нивните офицери успеале да влезат во царската палата и да го ослепат Филипик на 3 јуни 713 година. Тој бил наследен за кратко од својот главен секретар Артемиј, кој бил прогласен за император под името Анастасиј II.

Наводи

  1. Charanis, Peter (1959). „Ethnic Changes in the Byzantine Empire in the Seventh Century“. Dumbarton Oaks Papers. Dumbarton Oaks. 13: 23–44. doi:10.2307/1291127. JSTOR 1291127.

Надворешни врски

{{Commons category|Philippicus|position=left