Михаил VI Вринга: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 16: Ред 16:
|death_place =
|death_place =
|predecessor =[[Теодора Порфирогенита]]
|predecessor =[[Теодора Порфирогенита]]
|successor =[[Исак I Комнен]]
|successor =[[Исак I Комнин]]
|spouse =
|spouse =
|house =
|house =
Ред 29: Ред 29:


==Владеење==
==Владеење==
Подготвен да ги исполни сите желби на владеачката цивилна странка Михаил бил глув за барањата на воените кругови и ја одбил депутацијата којашто ја предводеле истакнатите генерали [[Исак I Комнен|Исак Комнен]] и Катакалон Кекавмен. Озлобените дигнале востание против цариградската влада. Во едно [[Пафлагонија|пафлагонско]] село Исак Комнен на [[8 јули]] [[1057]]г. бил прогласен за цар. Приврзаници му пристигнале сите делови на [[Мала Азија]] и набрзо Исак со својата војска допрел до [[Никеја]]. Војската што цариградската влада ја испратила против него претрпела пораз. Михаил VI морал да стапи во преговори со својот противник и му понудил преку пратеништвото што го предводеле [[Константин III Цариградски|Константин Лихуд]] и Михаил Псел, титула на [[Цезар (титула)|цезар]] и место на престолонаследник. Ваквите концесии само ги охрабриле неговите непријатели. Сега и во [[Цариград]] се кренала опозицијата и му подала рака на Исак Комнен. Пресудна улога одиграла [[Цариградска патријаршија|Црквата]] како трета сила и најважен чинител покрај двете сопернички [[Аристократија|аристократски]] групи. Патријархот [[Михаил I Цариградски|Михаил Керулариј]] се поставил на чело на опозицијата, [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]] станала центар на агитација против владата. Михаил VI бил присилен да го напушти престолот и да се закалуѓери. На [[1 септември]] [[1057]]г. Исак Комнен влегол во Цариград и од рацете на патријархот Михаил ја примил царската круна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.</ref>
Подготвен да ги исполни сите желби на владеачката цивилна странка Михаил бил глув за барањата на воените кругови и ја одбил депутацијата којашто ја предводеле истакнатите генерали [[Исак I Комнин|Исак Комнин]] и Катакалон Кекавмен. Озлобените дигнале востание против цариградската влада. Во едно [[Пафлагонија|пафлагонско]] село Исак Комнин на [[8 јули]] [[1057]]г. бил прогласен за цар. Приврзаници му пристигнале сите делови на [[Мала Азија]] и набрзо Исак со својата војска допрел до [[Никеја]]. Војската што цариградската влада ја испратила против него претрпела пораз. Михаил VI морал да стапи во преговори со својот противник и му понудил преку пратеништвото што го предводеле [[Константин III Цариградски|Константин Лихуд]] и Михаил Псел, титула на [[Цезар (титула)|цезар]] и место на престолонаследник. Ваквите концесии само ги охрабриле неговите непријатели. Сега и во [[Цариград]] се кренала опозицијата и му подала рака на Исак Комнин. Пресудна улога одиграла [[Цариградска патријаршија|Црквата]] како трета сила и најважен чинител покрај двете сопернички [[Аристократија|аристократски]] групи. Патријархот [[Михаил I Цариградски|Михаил Керулариј]] се поставил на чело на опозицијата, [[Света Софија - Истанбул|Света Софија]] станала центар на агитација против владата. Михаил VI бил присилен да го напушти престолот и да се закалуѓери. На [[1 септември]] [[1057]]г. Исак Комнин влегол во Цариград и од рацете на патријархот Михаил ја примил царската круна.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 17:55, 3 август 2015

Михаил VI Вринга
Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας
Император на Источното римско царство
Златен тетартерон од Михаиловото владеење.
Византиски император
На престол1056 – 1057
ПретходникТеодора Порфирогенита
НаследникИсак I Комнин
Починал(а)1059

Михаил VI Вринга, наречен уште Стратиотик (Воениот, Воинствениот) или Геронтас (Стариот) (грчки: Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας, ?г. - 1059г.), бил византиски император кој владеел од 1056г. до 1057г.

Станување цар

Царот Константин IX Мономах умрел на 11 јануари 1055 година. Власта уште еднаш ја презела царицата Теодора. Таа била последна претставничка на македонскиот царски дом и со нејзината смрт, на почетокот на септември во 1056г., исчезнала оваа славна династиј. За свој наследник Теодора, на смртниот одар го одредила Михаил кој бил чиновник веќе во години, кој се чини порано вршел должност на логотет стратиотик и поради тоа тој го носел прекарот Стратиотик. Според оценката на Псел тој чеовек бил „помалку способен да раководи одошто да биде биде раководен“. Неговото доаѓање на престолот значело вистински триумф на цивилното благородништво. Членовите на сенатот биле опсипани со почести и дарови.[1]

Владеење

Подготвен да ги исполни сите желби на владеачката цивилна странка Михаил бил глув за барањата на воените кругови и ја одбил депутацијата којашто ја предводеле истакнатите генерали Исак Комнин и Катакалон Кекавмен. Озлобените дигнале востание против цариградската влада. Во едно пафлагонско село Исак Комнин на 8 јули 1057г. бил прогласен за цар. Приврзаници му пристигнале сите делови на Мала Азија и набрзо Исак со својата војска допрел до Никеја. Војската што цариградската влада ја испратила против него претрпела пораз. Михаил VI морал да стапи во преговори со својот противник и му понудил преку пратеништвото што го предводеле Константин Лихуд и Михаил Псел, титула на цезар и место на престолонаследник. Ваквите концесии само ги охрабриле неговите непријатели. Сега и во Цариград се кренала опозицијата и му подала рака на Исак Комнин. Пресудна улога одиграла Црквата како трета сила и најважен чинител покрај двете сопернички аристократски групи. Патријархот Михаил Керулариј се поставил на чело на опозицијата, Света Софија станала центар на агитација против владата. Михаил VI бил присилен да го напушти престолот и да се закалуѓери. На 1 септември 1057г. Исак Комнин влегол во Цариград и од рацете на патријархот Михаил ја примил царската круна.[2]

Наводи

  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.