Јустинијан II: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26: Ред 26:
Додека бил во егзил, градот Картагина и остатокот од провинциите во Африка биле освоените од Арапите, кои продолжувале да се закануваат и по источната граница. Поради поразите и неуспесите, императорите останувале закратко на власт - по некое Леонтиј исто така бил соборен, а престолот бил зафатен од Тибериј III. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Константинопол, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со хан Тервел. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.

== Второ управување ==

Откако Јустинијан II Ринотмет го освоил главниот град и повторно го зазел престолот, тој се одмаздил на суров начин на своите противници, и тоа поранешните цареви Тибериј и Леонтиј, кои биле обезглавени јавно на хиподромот, а патријархот Калиник е ослепен и прогонет.

За поддршката бугарскиот хан Тервел бил богато награден. Тервел бил првиот невизантиец, кој ја добил титулата Кесарија (Цезар). Тој освен тоа го добива управувањето на областа Загора (североисточна Тракија), како и големо количество пари, злато, сребро и други скапоцености.
{{Шаблон:Византиски владетели}}
{{Шаблон:Византиски владетели}}

Преработка од 22:09, 31 јули 2015

Јустинијан II (грчки: Ιουστινιανός Β΄, латински: Iustinianus II), ( 668 во Константинопол - 11 декември 711 во Константинопол) бил византиски император кој владеел во периодот од 685 до 695 и од 705 до 711 година.

Јустинијан бил син на Константин IV Погонат. Останува во историјата познат со прекарот Ринотмет (грчки ὁ Ῥινότμητος - птсечен нос). Во неговиот прв брак со Евдокија ја добил ќерката Анастасија, додека од неговиот втор брак со Теодора имале син Тибериј.

Со неговата смрт бил ставен крај на Ираклиевата династија.

Прво управување

Јустинијан II стапил на престолот во 685 година кога имал 16 години. Карактеристично за него била големата суровост и деспотизам кои наскоро го направиле објект на омраза од страна на населението.

Во 688-690 година Византија водела два кратки конфликти со Бугарија, прекршувајќи го мировниот договор од 681 година. Византијците успеале да заробат значителен број Словени од Македонија. Јустинијан II ги преселил заробените Словени во Мала Азија и образувал од нив одред од 30 илјади луѓе.

Во 692 година Јустинијан го нарушил мирот со Арапите, но бил поразен од војските на Абд-Алмалик во Киликија. Поразот претставувал и последица од измамата на дел од доведените Словени. Тогаш Јустинијан наредил да се убијат близина Никомедија и оние Словени, кои му останале верни. Резултат од поразот било губењето на јужна Ерменија, каде застанал Симбатиј.

Омразата на народот се зголемила особено поради злоупотребите и уцените на јустинијановите омилени луѓе - Теодот и Стефан, од кои првиот бил министер за финансии (ό γενικός λογοθέτης), а Стефан сакелариј на царот.

Едно од поголемите настани во црковниот живот бил црковниот собор во 692 година познат како Трулски собор, но самите одлуки не биле признаени од папата Сергиј. Обидите на Јустинијан II да го принуди папата да ги прифати одлуките останале неуспешни.

Соборување и заточение

Непопуларноста на Јустинијан II била искористена од војсководецот Леонтиј. Во 695 година, тој успеал да побегне од затвор, каде бил чуван по наредба на Јустинијан, по кое успеал да го зароби на Јустинијан и наредил да му го преселат носот и јазикот, поради кое Јустинијан подоцна бил наречен Ринотмет. Соборениот император бил испратен на заточение во Крим. Стефан и Теодот биле егзекутирани. Фолис на Јустинијан Ринотмет

Соборувањето на Јустинијан II не довело до подобрување на внатрешната и надворешната состојба на империјата, напротив, следувал 20-годишен период на немири и нестабилност и истиот завршил по повторното зазимање на престолот од страна на Јустинијан.

Додека бил во егзил, градот Картагина и остатокот од провинциите во Африка биле освоените од Арапите, кои продолжувале да се закануваат и по источната граница. Поради поразите и неуспесите, императорите останувале закратко на власт - по некое Леонтиј исто така бил соборен, а престолот бил зафатен од Тибериј III. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Константинопол, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со хан Тервел. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.

Второ управување