Михаил VI Вринга: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox royalty |император |name =Михаил VI |full name =Михаил VI Вринга<br />Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγ...
 
Ред 26: Ред 26:


==Станување цар==
==Станување цар==
Царпт [[Константин IX Мономах]] умрел на [[11 јануари]] [[1055]] година. Власта уште еднаш ја презела царицата [[Теодора Порфирогенита|Теодора]]. Таа била последна претставничка на [[Македонска династија|македонскиот царски дом]] и со нејзината смрт, на почетокот на [[септември]] во [[1056]]г., исчезнала оваа славна династиј. За свој наследник Теодора, на смртниот одар го одредила Михаил кој бил чиновник веќе во години, кој се чини порано вршел должност на логотет стратиотик и поради тоа тој го носел прекарот Стратиотик. Според оценката на Псел тој чеовек бил „помалку способен да раководи одошто да биде биде раководен“. Неговото доаѓање на престолот значело вистински триумф на цивилното благородништво. Членовите на сенатот биле опсипани со почести и дарови.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.</ref>
Царот [[Константин IX Мономах]] умрел на [[11 јануари]] [[1055]] година. Власта уште еднаш ја презела царицата [[Теодора Порфирогенита|Теодора]]. Таа била последна претставничка на [[Македонска династија|македонскиот царски дом]] и со нејзината смрт, на почетокот на [[септември]] во [[1056]]г., исчезнала оваа славна династиј. За свој наследник Теодора, на смртниот одар го одредила Михаил кој бил чиновник веќе во години, кој се чини порано вршел должност на логотет стратиотик и поради тоа тој го носел прекарот Стратиотик. Според оценката на Псел тој чеовек бил „помалку способен да раководи одошто да биде биде раководен“. Неговото доаѓање на престолот значело вистински триумф на цивилното благородништво. Членовите на сенатот биле опсипани со почести и дарови.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.</ref>


==Владеење==
==Владеење==

Преработка од 01:59, 29 јули 2015

Михаил VI
Император на Источното римско царство
Златен тетартерон од Михаиловото владеење.
Византиски император
На престол1056 – 1057
ПретходникТеодора Порфирогенита
НаследникИсак I Комнен
Полно име
Михаил VI Вринга
Μιχαήλ ΣΤ΄ Βρίγγας (грчки)

Михаил VI Вринга, наречен уште Стратиотик (Воениот, Воинствениот) или Геронтас (Стариот) (?г. - 1059г.), бил византиски император кој владеел од 1056г. до 1057г.

Станување цар

Царот Константин IX Мономах умрел на 11 јануари 1055 година. Власта уште еднаш ја презела царицата Теодора. Таа била последна претставничка на македонскиот царски дом и со нејзината смрт, на почетокот на септември во 1056г., исчезнала оваа славна династиј. За свој наследник Теодора, на смртниот одар го одредила Михаил кој бил чиновник веќе во години, кој се чини порано вршел должност на логотет стратиотик и поради тоа тој го носел прекарот Стратиотик. Според оценката на Псел тој чеовек бил „помалку способен да раководи одошто да биде биде раководен“. Неговото доаѓање на престолот значело вистински триумф на цивилното благородништво. Членовите на сенатот биле опсипани со почести и дарови.[1]

Владеење

Подготвен да ги исполни сите желби на владеачката цивилна странка Михаил бил глув за барањата на воените кругови и ја одбил депутацијата којашто ја предводеле истакнатите генерали Исак Комнен и Катакалон Кекавмен. Озлобените дигнале востание против цариградската влада. Во едно пафлагонско село Исак Комнен на 8 јули 1057г. бил прогласен за цар. Приврзаници му пристигнале сите делови на Мала Азија и набрзо Исак со својата војска допрел до Никеја. Војската што цариградската влада ја испратила против него претрпела пораз. Михаил VI морал да стапи во преговори со својот противник и му понудил преку пратеништвото што го предводеле Константин Лихуд и Михаил Псел, титула на цезар и место на престолонаследник. Ваквите концесии само ги охрабриле неговите непријатели. Сега и во Цариград се кренала опозицијата и му подала рака на Исак Комнен. Пресудна улога одиграла Црквата како трета сила и најважен чинител покрај двете сопернички аристократски групи. Патријархот Михаил Керулариј се поставил на чело на опозицијата, Света Софија станала центар на агитација против владата. Михаил VI бил присилен да го напушти престолот и да се закалуѓери. На 1 септември 1057г. Исак Комнен влегол во Цариград и од рацете на патријархот Михаил ја примил царската круна.[2]

Наводи

  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 406.