Дороти Ричардсон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
Ред 17: Ред 17:
Ричардсон починала на 17 јуни 1957 во Бекенхем, Кент, на 85 годишна возраст.
Ричардсон починала на 17 јуни 1957 во Бекенхем, Кент, на 85 годишна возраст.


{{Нормативна контрола}}
{{DEFAULTSORT:Ричардсон, Дороти}}
{{DEFAULTSORT:Ричардсон, Дороти}}



Преработка од 18:29, 23 јули 2015

Дорoти Милер Ричардсон (17 мај 1873 - 17 јуни 1957) е првата писателка која објавила новела на Англиски јазик користејќи ја техниката што подоцна стана позната како тек на свеста. Нејзиниот тринаесет томен роман Аџилак е еден од најголемите дела на ХХ век во модернистичката и феминистичката литература на Англиски јазик.

Ран живот

Ричардсон е родена во Абингдон, Оксвордшир, во сиромашно семејство. Нејзината фамилија се преселила во Хин во градот Вортинг во 1880 и таму останале сè додека не се преселиле повторно во 1883 овој пат во Лондон. На седумнаесет годишна возраст била принудена сама да заработува за својот живот. Тоа го правела работејќи како учиелка-гувернета, најпрво во Хановер, потоа во северен Лондон, и на крај во приватен дом на село. Нејзината мајка извршува убиство за време на семеен одмор во Хастингс во 1895 што доведува до целосен распад на семејството. Ричардсон повторно се преселува во Лондон за да работи на улицата Харли како асистентка на заболекар.

Ричардсон боемот

Во Лондон Ричардсон започнува да се движи помеѓу авангардни социјалистички и уметнички кругови, вклучувајќи ја и групата Блумсбери. Таа започнала со објавување на преводи и хонорарно новинарство и на крај се откажа од својата работа како асистентка во стоматолошка ординација. Во 1917 се омажила со уметникот Алан Одл. Тој бил петнаесет години помлад од Ричардсон, вистински боем. Имал коса долга до половината која ја носел замотена околу главата. До смртта на Одл во 1948, двојката ги поминувала зимите во Корнвол а летата во Лондон.

Дела

Во нејзината кариера Ричардсон објавила голем број на есеи, поеми, кратки раскази, и разни статии. Како и да е, нејзиниот углед како писателка лежи цврсто во Аџилак. Првата од новелите за Аџилак, Шилести кровови (1915) е првиот англиски роман вокој е употребена техниката тек на свеста (Џојс веќе почна со пишување на Одисеј), иако Ричардсон самата го мразела терминот (употребен за прв пат од страна на Меј Синклар), претпочитајќи да го нарекува нејзиниот стил на пишување на внатрешен монолог споредувајќи ја свестта со дрво а не со река. Заслугата за развојот на оваа техника обично им се доделува на Џејмс Џојс и Вирџинија Вулф. Неуспехот да се препознае улогата на Ричардсон се должи на критичното занемарување на нејзините дела низ целиот нејзин живот. Фактот дека во Шилести кровови Ричардсон изразува воодушевување од Германската култура во време кога Велика Британија и Германија се во војна можно е да допринело (меѓу другите причини) до општ недостаток на препознавање на радикалното значење на книгата.

Ричардсон може исто така што се чита како феминистичка писателка, не затоа што отворено бара еднакви права за жените, туку бидејќи во нејзиното дело женските искуства се достоен предмет на литературата. Главниот лик во Аџилак, Мирјам, е жена која е во потрага на нејзиниот сопствен идентитет и која сосема јасно знае дека е озможно е да се дефинира во рамка која ја осмислиле мажи. Нејзиниот јазик, кршенњето на традиционалните правила за интерпункција, должината на реченица итн. се она што таа го нарекува енска проза, која јасно ја гледа како потреба за изразување на женското искуство.

Ричардсон починала на 17 јуни 1957 во Бекенхем, Кент, на 85 годишна возраст.