Емоција: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
Ред 85: Ред 85:


<!-- {{Нормативна контрола}}
<!-- {{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

Преработка од 08:22, 23 јули 2015

Емоциите се психички процеси што го изразуваат човековиот однос кон предметите, настаните и другите луѓе, но и неговиот однос кон самиот себе и кон сопствените постапки и доживувања. Емоциите ја определуваат и насочуваат човековата активност. Постои разлика меѓу поимите емоција и чувство. Емоциите се јавуваат и кај луѓето и кај животните, а чувствата се емоции што се јавуваат само кај луѓето. Тие се резултат од човековиот социјален живот.

Карактеристики на чувствата и емоциите

При појава на секое чувство и емоција во човекот се одвиваат голем број карактеристични промени: физиолошки, физички и промени во движењето.
1. Физиолошките промени се јавуваат во две фази; првата се нарекува фаза на емотивен шок (кога при ненадејно силно чувство ќе се стаписаме или занемеме), а втората се нарекува фаза на специфични промени (разлики кај различните емоции што се јавуваат во однос на физиолошките промени).
2. Физичките промени при емоциите се: карактеристични движења на телото, карактеристичен израз на лицето и карактеристични промени во говорот.
3. Промени во доживувањата се редовна придружна појава на емоциите и чувствата.

Видови чувства

Постојат многу видови чувства и, за полесно разбирање, се прават обиди за нивно категоризирање според критериуми.

I. Критериум — Каква важност имаат чувствата во животот на човекот Според овој критериум, чувствата можат да бидат примарни и секундарни. Примарни се оние чувства што се универзални за човековиот вид и што се биолошки важни за неговиот опстанок. Тоа се основните човекови вродени чувства (страв, тага, гнев, радост…). Секундарни се оние чувства што се создаваат по пат на учење. Тие претставуваат сложени комбинации од основните чувства и се нарекуваат сложени чувства (љубов, љубомора, пријателство…).

Примарни или основни чувства Стравот е секогаш непријатен и проследен со напнатост, грижа и вознемиреност. Изворот може да биде во надворешната средина и од внатрешната то есть во човекот. Гневот е најчесто предизвикан од ситуации во кои се јавува пречка при остварувањето на некоја намера. Радоста е секогаш пријатна емоција. Радоста се јавува кога човекот успева да ја реализира целта што многу и упорно ја посакувал. Тагата е непријатна емоција. Се јавува кога човек ќе изгуби некого или нешто што му било многу блиско, кое многу го ценел и кон кое многу се стремел.


Две фази на примарните емоции

Разликуваме две фази на емоците. Првата е фаза на шок, а втората е хронична фаза. Фазата на шок е акутна фаза, таа претставува некој вид психички удар, во неа не знаеме за каква емоција се работи, зашто во оваа фаза сите емоции се слични. Втората, хроничната фаза трае подолго време и дури во неа емоцијата го добива својот квалитет така што знаеме за каков вид на емоција се работи. Првата фаза или емоционалниот шок се манифестира во извесна обезглавеност, зачуденост. Интелектуална блокада. Некоја непријатна вест предизвикува емоционален шок. Во таква состојба интелектуалниот живот се сведува на минимум, некои поединци паѓаат во несвест, вниманието целосно е отсутно. Некои филозофи и писатели зборуваат за големите последици на емоционалниот шок. Така, Кант зборува за «слепило на афектот», Шекспир за «заматување на афектот» а некои за «кратко лудило». При сведочење во судот, тие лица не се секаваат речиси ништо од тоа што се случувало во состојбата на емоционалниот шок. Емоционалниот шок го придружуваат силни моторни појави. Тие се состојат во различни движења со мимики, со гестикулации, со викања. Тие се слични кај сите видови емоции, бидејки сите движења во оваа фаза се неадаптибилни, во шокот нозете се сечат), не може да се разбере нивната смисла. Субјектот спаѓа на пониско ниво на однесување (во гневот се покажуваат заби). Во хроничната фаза, емоцијата го добива својот квалитет, и тука знеме за која емоција се работи — за бес, за жалост итн. Тука нема збрка ниту пак застој во мислите, ниту расфрлени моторни реакци, субјектите не паѓаат во несвест. Се враќа присебноста и со неа интелектуалните способности. Во периодот на преминот од емоционалниот шок кон хроничната фаза, во зависност од степенот на изразеност на емоцијата можеме да разликуваме кај секоја емоција, пасивен и активен вид.


Радост Пасивен вид — човекот покажува извесно блаженство, смиреност, неподвижен е, како да е «тепан со радоста», постои извесна интелектуална и моторна инерција. Активен вид — човекот е многу активен, многу подвижен, скока, вика, многу зборува, пее, многу брзо мисли итн.

Гнев Пасивен вид — човекот сам се јади, ги стега тупаниците (ама в џеб), интелектуалниот живот е сведен на неколку навредливи зборови. Активен вид — човекот врши разновидни физички движења кои имаат тенденција за нешто да урне, да скрши итн. На интелектуален план е активен, но пред се псовката му е во устата.

Страв Пасивен вид —човекот е прикован, нозете му се отсечени, се тресе, го обвива ладна пот. Во духовен поглед, тој е инхибиран, мислите му се сопрени. Активен вид — човекот бега, ги совладува пречките, идеите доагаат брзо.


Секундарни или сложени чувства Сложените чувства се нарекуваат и социјални чувства. Најпознати чувства се моралните, интелектуалните и естетските. Морални чувства се оние што го изградуваат човековиот однос кон нормите и правилата на однесување што владеат во дадената општествена средина. Најважни морални чувства се: хуманизам, колективизам, патриотизам итн. Интелектуални чувства се оние што човекот ги развива во процесот на умствената дејност (заинтересираност, љубопитност, критичност, сомневање). Естетски чувства се оние што се јавуваат во активноста на човекот при доживувањето на нешто особено убаво.

II. Критериум — Каков е интензитетот и траењето на чувствата? Сопред тоа колку се интензивни и колку траат, чувствата можат да бидат: расположенија, афекти, страсти и сентименти. Расположенија се чувства со слаб интензитет. Афекти се случни чувства со кратко траење. Се карактеризира со губење контрола. Страсти се чувства со голем интензитет и долго траење. Ја изразуваат човековата емотивна приврзаност кон нешто и нејзините интереси. Можат да бидат позитивни (страст кон литература, музика, уметност) и негативни (страст кон коцкање, алкохол, пушење). Сентименти се трајни, многу сложени и научени чувства.

III. Критериум — Каква манифестна активност ги придржува чувствата?
1. чувства што предизвикуваат желба да пристапиме кон објектот
2. чувства што предизвикуваат желба да отстапиме
3. чувства што предизвикуваат желба да се спротивставиме.

IV. Критериум — Како се насочени чувствата?
1. насочени кон себе (гордост, срам)
2. насочени кон други луѓе (љубов, љубомора, завист)

==

Наслов

Наслов на врска ==

Развој на чувствата

Од големиот број чувства што ги поседува човекот, едни се создаваат по пат на наследство и созревање, а други по пат на учење во текот на социјализација.

Емотивна зрелост и емотивни нарушувања

Човекот има можност да постигне емотивна зрелост кога неговите чувства нормално се развиваат во текот на неговиот живот. Карактеристики:
1. Соодветност на чувствата – тажниот настан предизвикува тага
2. Контрола на чувствата – зрелиот човек управува со чувствата
3. Богатство на чувствата – поседува многу чувства

Контрола на чувствата

За да го сочува своето ментално и физичко здравје, човекот треба да научи како да ги контролира чувствата.

  1. Соочување со чувството – за да може да управува со чувствата, човекот мора и да признае дека постојат. Кога младиот човек ќе се вцрви, мора за тоа да е свесен и да ја бара причината
  2. Одбегнување ситуации што предизвикуваат силна емоција – човек да не се изложува на ситуации кои се непријатни за него.
  3. Ангажирање со активност – вишокот енергија треба да се насочи или искористи за полезна активност.
  4. Оптимизам и хумор – човек се брани од непријатните чувства со откривање на ведрата и смешна страна на непријатниот настан (секое зло има свое добро).
  5. Физичка релаксација – вежбите доведуваат до чувствена релаксација (јога, медитација)