Средно камено време: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
embed {{Нормативна контрола}} with Wikidata information
Ред 29: Ред 29:


<!--ВАЖНО: Не додавај овде {{Нормативна контрола}}
<!--ВАЖНО: Не додавај овде {{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}
{{Нормативна контрола}}

Преработка од 22:41, 21 јули 2015

Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време

Мезолит (средно камено време) — поим со кој Х.М. Веструп во 1872 г. го означил периодот на ловечко-собирачките заедници и нивната материјална култура од крајот на леденото доба или плеистоценот (10 000 год. п.н.е.), до појавата на земјоделството, т.е. неолитот, во раниот и среден холоцен. Овој период понекогаш се означува и со термините епипалеолит и протонеолит.

Ги вклучува сите културите коишто хронолошки може да се сместат помеѓу културите на доцниот палеолит и неолитот. Истражувањата вршени во последните дваесеттина години го покажуваат тоа дека мезолитот и не мора да биде општо прифатена етапа во развитокот на човештвото. Мезолитната етапа пред се се однесува за Северна и Средна Европа. Долната граница која се определува со геоклиматски критериуми е поврзана со границата плеистоцен/холоцен, додека горната граница на мезолитот се определува со економскиот репер - појавата на производствена економика во следната етапа од праисторијатанеолитот.

Самото стопанство во мезолитот претставува веќе познат начин на економија, како што е присвојувањето, со една мала разлика, што тука ловот, собирањето и риболовот се поврзани пред се со експлоатација на шумските ресурси и водените басени. Тоа доведува и до промена во начинот на ловење, па оттука и до промена на големината на орудијата и начинот на нивното добивање.

Технолошките иновации во материјалната култура се состојат во целосна или делумна микролитизација и геометризација на големиот број камени делкани индустрии, што се огледува во појавата на нови типови на камено и коскено оружје и орудија од рог (секири, мотики, српови, јадици, мрежи, стапици), садови, (керамика), транспорт (скии, [[Санка|санки]).Меѓу другото исто така почнува и масовно да се употребува и лакот.

Почнуваат да се појавуваат и некои облици на култивирање и доместикација на одредени растителни (цералии) и животински врсти (куче). Ваквите заедници понекогаш се нарекуваат и протонеолитски заради карактеристиките кои подоцна ќе се исполат.

Сега веќе времето на големите ловечки заедници од палеолитот е поминато. Во мезолитот ловот се распаѓа кога одделни ловци ловеле на начин којшто е поблизок до тој на американските трапери. Мезолитот е сврзан и со обидите на палеолитските групи од Северна и Средна Европа да се приспособат кон новите услови на живот што настапиле со затоплувањето на климата кон крајот на плеистоценот и почетокот на холоценот. Тоа биле групи кои пред се биле доста конзервативни во својот развиток и живееле претежно во шумска средина.

Во некои делови од Европскиот континент коишто не биле зафатени со последното заледување, не постојат големи климатски промени помеѓу плеистоценоти холоценот, па следствено на тоа се случува да одделни палеолитски групи опстанат како такви се до неолитот.

Во мезолитот на Европа воглавном преовладуваат две култури именувани по епонимните локалитети во Франција, а тоа се тарденоазиен и кастелновиен. Тарденуазиенот е мезолитска култура која се развива од средината на бореалот до средината на атлантикот (~средина на 7 до средина на 6 милениум пред н.е.) опфаќајќи го пред се регионот на континентална Европа. Тука спаѓаат Франција, Белгија, Холандија, Швајцарија, Германија и Шведска, каде тој се јавува во повеќе регионални фациеси и представува супстрат на повеќето доцнопалеолитски култури во регионот на западна и средна Европа.

Погреб Théviec на - Музејот на Тулуз