Василиј I Македонецот: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21: Ред 21:


===Надворешна политика===
===Надворешна политика===
[[Источно римско царство|Византиското]] влијание во западниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] ослабело за време на иконокластичката криза. Изгледа дека во првата половина на [[IX век]], [[Далмација|далматинските]] градови и [[Словени|словенските]] племиња во приморјето и внатрешноста ја раскинале врската со Византија. Тогаш настанала [[Рашка|српската држава]] под Властимир. Меѓутоа, на приморските области на [[Јадранско море|Јадранот]] им се заканувала нова опасност од страна на Арабјаните од [[Сицилија]], а оваа опасност можела да ја отстрани само Византија. Кога арабјанската флота, по нападот на [[Будва]] и [[Котор]], во [[867]]г. го опседнала [[Дубровник]], опседнатиот град за помош се обратил во [[Цариград]]. Доаѓањето на силна византиска флота ги принудило Арабјаните да ја дигнат опсадата, која траела цели 15 месеци, и да се повлечат во своите сицијански бази. Тоа го зацврстило византискиот авторитет и придонело за обновување на византискиот суверенитет на источниот дел на Јадранот. Секако наскоро после тоа е организирана темата [[Далмација (тема)|Далмација]], која ги опфаќала далматинските градови и острови. Далматинските градови фактички повеќе зависеле од словенската заштита отколку од Цариград. Тие им плаќале давачки на словенските племиња, додека нивните мошне скромни плаќања на царскиот стратег имале само симболичен карактер. Од друга страна, и самите тие словенски племиња ги признавале византиските врховни права и биле должни на Царството да му даваат воена помош. Византиското влијание на Балканот значително зајакнало, а тоа за последица го имало брзото ширење на [[Христијанство|христијанството]]. Тогаш Србија и српските приморски земји од Византија го примиле христијанството, па дури и во [[Хрватска]], византиското влијание го потиснало влијанието на [[Франкија]] и на римската црква. Нов и силен поттик, на крајот, добила и византиската мисионерска работа на Балканот, посебно во [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и во [[Македонија (регион)|Македонија]], со доаѓањето на [[Св. Методиј Солунски|Методивиевите]] ученици. Со својот словенски проповед и со просветната работа, Методивиевите следбеници цврсто го втемелиле христијанството и византиската култура во јужнословеските земји. Така била воспоставена историски природната положба: додека Моравија и припаднала на [[Папска држава|римската сфера]] на влијание, јужнословенските земји дошле под влијание на Византија.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 288-289. </ref>
[[Источно римско царство|Византиското]] влијание во западниот дел на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] ослабело за време на иконокластичката криза. Изгледа дека во првата половина на [[IX век]], [[Далмација|далматинските]] градови и [[Словени|словенските]] племиња во приморјето и внатрешноста ја раскинале врската со Византија. Тогаш настанала [[Рашка|српската држава]] под Властимир. Меѓутоа, на приморските области на [[Јадранско море|Јадранот]] им се заканувала нова опасност од страна на Арабјаните од [[Сицилија]], а оваа опасност можела да ја отстрани само Византија. Кога арабјанската флота, по нападот на [[Будва]] и [[Котор]], во [[867]]г. го опседнала [[Дубровник]], опседнатиот град за помош се обратил во [[Цариград]]. Доаѓањето на силна византиска флота ги принудило Арабјаните да ја дигнат опсадата, која траела цели 15 месеци, и да се повлечат во своите сицијански бази. Тоа го зацврстило византискиот авторитет и придонело за обновување на византискиот суверенитет на источниот дел на Јадранот. Секако наскоро после тоа е организирана темата [[Далмација (тема)|Далмација]], која ги опфаќала далматинските градови и острови. Далматинските градови фактички повеќе зависеле од словенската заштита отколку од Цариград. Тие им плаќале давачки на словенските племиња, додека нивните мошне скромни плаќања на царскиот стратег имале само симболичен карактер. Од друга страна, и самите тие словенски племиња ги признавале византиските врховни права и биле должни на Царството да му даваат воена помош. Византиското влијание на Балканот значително зајакнало, а тоа за последица го имало брзото ширење на [[Христијанство|христијанството]]. Тогаш Србија и српските приморски земји од Византија го примиле христијанството, па дури и во [[Хрватска]], византиското влијание го потиснало влијанието на [[Франкија]] и на римската црква. Нов и силен поттик, на крајот, добила и византиската мисионерска работа на Балканот, посебно во [[Прво бугарско царство|Бугарија]] и во [[Македонија (регион)|Македонија]], со доаѓањето на [[Св. Методиј Солунски|Методивиевите]] ученици. Со својот словенски проповед и со просветната работа, Методивиевите следбеници цврсто го втемелиле христијанството и византиската култура во јужнословеските земји. Така била воспоставена историски природната положба: додека Моравија и припаднала на [[Папска држава|римската сфера]] на влијание, јужнословенските земји дошле под влијание на Византија.

Откако ги одбила арабјанските напади на далматинскиот брег и откако го ослободила Дубровник од арабјанската опсада, Византија ја пренела својата активност во јужна [[Италија]]. Василиј I намерувал против навлегувањето на сицилијанските Арабјани да преземе заедничка акција со [[Источна Франкија|германскиот]] цар и [[папа]]та, што била и главната причина за неговата пријателска политика спрема Рим. Меѓутоа, на Сицилија не било постигнато ништо. Арабјаните, напротив, во 870г. ја зазеле [[Малта]] и со тоа уште повеќе ја зацврстиле својата позиција во [[Средоземно море|Средоземното море]]. Навистина, [[Лудвиг II (Источно Франкски крал)|Лудвиг II]] во [[871]]г. го зазел [[Бари]], но за Византија, која останала со празни раце, тоа претставивало само ново разочарување. Односите меѓу византискиот и германскиот цар силно се заостриле: Василиј, кој пред тоа пристанал на брак на својот најстар син со Лудвиговата ќерка, на својот бивш сојузник сега му префрлал за нелојално држење и му го одрекувал правото на носење на титулата на [[римски цар|римскиот цар]].

Идните години главното внимание Византија го посветила на борбите на Исток, каде што павликијанците, крстарејќи по целата [[Мала Азија]], и задавале се поголеми грижи. Во [[872]]г. царската војска однела над нив решавачка победа, ја урнала нивната главна тврдина Тефрика и ја победила нивната војска во жестоката битка, во која паднал и Хризохир, водачот на павликијанците. Оваа победа овозможила натамошно пробивање на Византијците на Исток. Веќе во [[873]]г. Василиј се пробил во [[Еуфрат|еуфратската]] област и ги засел Запетра и Самосата. Но својата главна цел царот не ја постигнал, бидејќи при обидот да ја освои Мелитина претрпел забележлив пораз. Меѓутоа, и покрај тоа што Василиј и овој пат како и при подоцнежните походи во еуфратската и таурската област, морал да се задоволи само со делумни успеси, останува фактот дека всушност со тоа започнало систематското напредување на Византија на источната граница. Слабеењето на [[Арапски калифат|Арабјанското царство]] го овозможило и издигнувањето на [[Ерменија]]. Како византискиот цар, така и калифот, на ерменскиот владетел Ашота I му ја признале кралската титула. Во Ерменија започнала епоха на полет под династија Багратиди.

Во Италија, исто така, византиската позиција се подобрила. Кнезот од [[Беневенто (кнежевство)|Беневенто]] се дигнал против Лудвиг II и се ставил под византиски протекторат ([[873]]г.), а по Лудвиговата смрт и Бари му ја отворил капијата на византискиот стратег (кон крајот на 876г.). Византија успеалада ги одбие и новите нападина Арабјаните на бреговите на Далмација и [[Грција (регион)|Грција]], па привремено дури го запоседнала и [[Кипар]]. Навистина, Арабјаните и натаму имале превласт на Средоземното Море, и Византија наскоро добила силен удар на Сицилија: на 21 мај 878, по долг, огорчен отпор, паднала [[Сиракуза]]. Дотогаш поголемо значење имало јакнењето на византиските позиции на јужноиталијанското копно. Под водство на истакнатиот војсководач Никифор Фока и овде започнала силна и успешна византиска офанзива. Јужна Италија повторно дошла под византиска власт. Покрај малите, меѓусебно несложните италијански државички, Византија единствено претставувала посилен политички чинител, па дури и самиот [[Рим]], загрозен од постојаните арапски напади на италијанскиот брег, морал да побара заштита од византискиот цар. Со оваа ситуација се објаснува и попустливиот став што папството тогаш го зазело кон Византија во црковните прашања.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 289-292. </ref>


== Извори ==
== Извори ==

Преработка од 02:36, 21 јули 2015

Василиј I Македонецот, неговиот син Константин и неговата втора жена
Василиј I Македонецот
Роден Визатија, тема Македонија

Василиј Први, наречен уште Македонецот, (околу 811- 29 август 886 год.) е византиски император кој е родоначалник на лозата на Македонците. По потекло Василиј е Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словенско-ерменска, која стотина години живеела во Адријанопол (сега Едрене), и поради тоа што е роден во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија - династија на Македонците - „Македонос“[1][2][3]

Потекло, ран живот и патот до царската власт

Василиј по потекло бил од темата Македонија и израснал во крајна беда. Барајќи среќа, дошол во Цариград и тука благодарение на својата голема физичка сила, станал коњушар на царскиот двор. Со тоа започнало неговото необично издигнување, за кое имал да им заблагодари како на своите способности, така и на царевата ќуд. Му станал интимен пријател на Михаил III и маж на неговата некогашна љубовница Евдокија Ингерина. Со железна енергија, не запирајќи се пред ништо, тој се стремел кон највисоката власт. Поради тоа дошол во судар со цезарот Варда, но Михаил III толку подлегнал на влијанието на својот љубимец што без двоумење го жртвувал вујкото. Со прелага и кривоклетство Василиј и Михаил III го намамиле големиот државник во клопка: при походот на Крит, кога за време на одмор цезарот седел на престолот до својот на својот внук од сестра, василиј го нападнал од зад плеќи и го убил со сопствена рака на 21 април 866г. Наградата била круна на совладетел што Михаил III му ја подарил по враќањето во Цариград, на 26 мај 866г. Сега Василиј добил од Михаил III се она што овој можел да му даде. Последниот чин на крвавата трагедија е забрзан со тоа што Михаил III, како што бил ќудлив и непоуздан, почнал да го менува расположението кон својот совладетел. Ноќта меѓу 23 и 24 септември 867г., по дворската гозба, Василиј и неговите пријатели го убиле пијаниот цар во неговата ложница.[4]

Политика и владеење

Обезбедување на идната власт на своите синови

Мрачни биле патиштата кои го довеле Василиј I (владеел од 867-886), основачот на т.н. Македонска династија, на цариградскиот престол. За што поцврсто да ја врзе царската круна за своето семејство, Василиј I веќе на 6 јануари 869г. го крунисал за совладетел својот постар син Константин, а една година потоа и вториот син Лав, а околу 879г. по прераната смрт на Константин, и третиот - Александар, додека најмладиот Стефан, станал свештеник, и подоцна за време на владата на својот брат Лав VI, го зазел патријаршискиот престол престол. Царевиот првенец и љубимец Константин бил син на неговата прва жена „Македонката“ Марија. Лав Александар и Стефан биле синови на Евдокија Ингерина, последните двајца се родени дури по доаѓањето на Василиј на престолот.[5]

Црковни прашања

Како повеќето византиски владетели, Василиј I многу се занимавал со црковните прашања. Неговата црковна политика во почетокот била спротивна на Вардината и Михаиловата. Веднаш по доаѓањето на престолот тој го испратил патријархот Фотиј во манастир и го вратил Игнатиј на патријаршискиот престол и стапил во контакт со Рим. Во присуство на легатот Адријан II во 869/70 бил одржан собор во Цариград, кој го осудил и го кескомуницирал Фотиј. Меѓутоа меѓу царот и папските легати дошло до разидување во едно начелно важно прашање, бидејќи нивните сфаќања за јурисдикцијата на римската црква не биле истоветени: додека легатите сметале дека Фотиевото прашање било конечно решено со некогашната папина пресуда која требало само да се потврди, на царот му било до тоа прашање прашањето уште еднаш да се претресе и конечната одлука да се донесе на Цариградскиот собор со кого тој претседавал. Покрај тоа, соборот имал еден епилог на кого Рим не му се надевал. Соборските седници веќе биле заклучени кога во Цариград пристигнале пратениците на бугарскиот кнез. Соборот повторно се состанал и пред него е изнесено прашањето: дали бугарската црква треба да и припадне под римската или под цариградската патријаршија. Надежите што кнез Борис ги полагал во соработка со Рим имено, не се исполниле. Врската со Рим нималку не го приближила до неговата неговата основна цел: создавање самостојна бугарска црква. Борис во два наврата предлагал кандидати за поглавар на бугарската црква, но двајцата биле одбиени од Рим. Тоа била заднината на појавата на бугарските пратеници на Цариградскиот собор и на прашањата што ги поставиле за решавање. И покрај протестите на римските легати, со арбитража на претставниците на источните патријаршии прашањето било решено, како што можело и да се очекува, во корист на на византиската црква. Византија извлекла поука од неодамнешните настани и сега се покажала попустлива: на царев налог, патријархот Игнатиј го ракоположил архиепископот на Бугарија и повеќе епископи. Бугарската црква ги признала врховните права на цариградскиот патријарх, но добила извесна автономија и во византиската хиерархија нејзиниот архиепископ зазел повисок ранг отколку другите византиски архиепископи и митрополити. Така бугарскиот кнез со вешто искористување на римско-византиското соперништво, ја постигнал својата цел, а Византија повторно за себе ја придобила Бугарија. Оттогаш, и покрај сите протести на Рим, Бугарија останала во крилото на византиската култура. Но со тоа било разнишано пријателството со Рим кон кое се стремел Василиј и за што го жртвувал Фотиј. Всушност, за задачите на Византија во словенските земји Василиј имал исти сфаќања како и Фотиј, кого го отфрлил, како и Варда, кого го убил. Борбата околу Бугарија тој ја продолжил сосема во нивниот дух и ја добил, на крајот. Ја продолжил и мисионерската дејност во Русија и работата на покрстувањето на Словените во западниот дел на Балканскиот Полуостров, а според тоа и на ширење на културното и политичкото влијание на Византија во тие области.[6]

Надворешна политика

Византиското влијание во западниот дел на Балканскиот Полуостров ослабело за време на иконокластичката криза. Изгледа дека во првата половина на IX век, далматинските градови и словенските племиња во приморјето и внатрешноста ја раскинале врската со Византија. Тогаш настанала српската држава под Властимир. Меѓутоа, на приморските области на Јадранот им се заканувала нова опасност од страна на Арабјаните од Сицилија, а оваа опасност можела да ја отстрани само Византија. Кога арабјанската флота, по нападот на Будва и Котор, во 867г. го опседнала Дубровник, опседнатиот град за помош се обратил во Цариград. Доаѓањето на силна византиска флота ги принудило Арабјаните да ја дигнат опсадата, која траела цели 15 месеци, и да се повлечат во своите сицијански бази. Тоа го зацврстило византискиот авторитет и придонело за обновување на византискиот суверенитет на источниот дел на Јадранот. Секако наскоро после тоа е организирана темата Далмација, која ги опфаќала далматинските градови и острови. Далматинските градови фактички повеќе зависеле од словенската заштита отколку од Цариград. Тие им плаќале давачки на словенските племиња, додека нивните мошне скромни плаќања на царскиот стратег имале само симболичен карактер. Од друга страна, и самите тие словенски племиња ги признавале византиските врховни права и биле должни на Царството да му даваат воена помош. Византиското влијание на Балканот значително зајакнало, а тоа за последица го имало брзото ширење на христијанството. Тогаш Србија и српските приморски земји од Византија го примиле христијанството, па дури и во Хрватска, византиското влијание го потиснало влијанието на Франкија и на римската црква. Нов и силен поттик, на крајот, добила и византиската мисионерска работа на Балканот, посебно во Бугарија и во Македонија, со доаѓањето на Методивиевите ученици. Со својот словенски проповед и со просветната работа, Методивиевите следбеници цврсто го втемелиле христијанството и византиската култура во јужнословеските земји. Така била воспоставена историски природната положба: додека Моравија и припаднала на римската сфера на влијание, јужнословенските земји дошле под влијание на Византија.

Откако ги одбила арабјанските напади на далматинскиот брег и откако го ослободила Дубровник од арабјанската опсада, Византија ја пренела својата активност во јужна Италија. Василиј I намерувал против навлегувањето на сицилијанските Арабјани да преземе заедничка акција со германскиот цар и папата, што била и главната причина за неговата пријателска политика спрема Рим. Меѓутоа, на Сицилија не било постигнато ништо. Арабјаните, напротив, во 870г. ја зазеле Малта и со тоа уште повеќе ја зацврстиле својата позиција во Средоземното море. Навистина, Лудвиг II во 871г. го зазел Бари, но за Византија, која останала со празни раце, тоа претставивало само ново разочарување. Односите меѓу византискиот и германскиот цар силно се заостриле: Василиј, кој пред тоа пристанал на брак на својот најстар син со Лудвиговата ќерка, на својот бивш сојузник сега му префрлал за нелојално држење и му го одрекувал правото на носење на титулата на римскиот цар.

Идните години главното внимание Византија го посветила на борбите на Исток, каде што павликијанците, крстарејќи по целата Мала Азија, и задавале се поголеми грижи. Во 872г. царската војска однела над нив решавачка победа, ја урнала нивната главна тврдина Тефрика и ја победила нивната војска во жестоката битка, во која паднал и Хризохир, водачот на павликијанците. Оваа победа овозможила натамошно пробивање на Византијците на Исток. Веќе во 873г. Василиј се пробил во еуфратската област и ги засел Запетра и Самосата. Но својата главна цел царот не ја постигнал, бидејќи при обидот да ја освои Мелитина претрпел забележлив пораз. Меѓутоа, и покрај тоа што Василиј и овој пат како и при подоцнежните походи во еуфратската и таурската област, морал да се задоволи само со делумни успеси, останува фактот дека всушност со тоа започнало систематското напредување на Византија на источната граница. Слабеењето на Арабјанското царство го овозможило и издигнувањето на Ерменија. Како византискиот цар, така и калифот, на ерменскиот владетел Ашота I му ја признале кралската титула. Во Ерменија започнала епоха на полет под династија Багратиди.

Во Италија, исто така, византиската позиција се подобрила. Кнезот од Беневенто се дигнал против Лудвиг II и се ставил под византиски протекторат (873г.), а по Лудвиговата смрт и Бари му ја отворил капијата на византискиот стратег (кон крајот на 876г.). Византија успеалада ги одбие и новите нападина Арабјаните на бреговите на Далмација и Грција, па привремено дури го запоседнала и Кипар. Навистина, Арабјаните и натаму имале превласт на Средоземното Море, и Византија наскоро добила силен удар на Сицилија: на 21 мај 878, по долг, огорчен отпор, паднала Сиракуза. Дотогаш поголемо значење имало јакнењето на византиските позиции на јужноиталијанското копно. Под водство на истакнатиот војсководач Никифор Фока и овде започнала силна и успешна византиска офанзива. Јужна Италија повторно дошла под византиска власт. Покрај малите, меѓусебно несложните италијански државички, Византија единствено претставувала посилен политички чинител, па дури и самиот Рим, загрозен од постојаните арапски напади на италијанскиот брег, морал да побара заштита од византискиот цар. Со оваа ситуација се објаснува и попустливиот став што папството тогаш го зазело кон Византија во црковните прашања.[7]

Извори

  1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155
  2. "Basil I." Encyclopedia Britannica. 2005.
  3. Извадоци од меѓународната конференција ЕРМЕНСКИ КОНСТАНТИНОПОЛ организирана од Р.Г. Хованисијан, УКЛА, 19-20 мај, 2001, УНИВЕРЗИТЕТ НА КАЛИФОРНИЈА, ЛОС АНЏЕЛЕС, АУДИТОРИУМ ДИКСОН.
  4. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 284-285.
  5. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 286.
  6. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 287-288.
  7. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 289-292.