Теодосиј I: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16: Ред 16:
По катастрофалната [[Битка кај Адријанопол (378)|битка кај Адријанопол]] во август [[378]] година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император [[Валенс]] загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите [[Готи]]. Самата престолнина [[Константинопол]] била ставена под голема закана.
По катастрофалната [[Битка кај Адријанопол (378)|битка кај Адријанопол]] во август [[378]] година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император [[Валенс]] загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите [[Готи]]. Самата престолнина [[Константинопол]] била ставена под голема закана.


== Уравување==
== Упавување==
Инфилтрирањето на [[Готите]] во [[Тракија]], по крупната победа против источниот император Валенс кај Адријанопол, значително ја променило ситуацијата во империјата.
Инфилтрирањето на [[Готите]] во [[Тракија]], по крупната победа против источниот император Валенс кај Адријанопол, значително ја променило ситуацијата во империјата.


Ред 22: Ред 22:


Теодосиј I успеал со огромна генијалност да се справи со готската опасност. Теодосиј започнал преговори за мир со готските водачи. Главно средство на политиката на Теодосиј I станало склучувањето на т.н.. ''foedus'', договори, според кои дојденците стануваат федерати - ги задржуваат својата автономија и закони, но се обврзани да служат на империјата како помошни војници. По завршувањето на Готската војна во [[382]] година, варварските племиња официјално добиле право да останат во земјите помеѓу [[Дунав]] и [[Стара Планина]]. Варварските контингенти го пополниле недостигот на римски волонтери во легии, но како резултат на тоа, во периодот до околу средината на [[5 век]] готските федерати го сочинувале поголемиот дел од армијата на Источната империја.
Теодосиј I успеал со огромна генијалност да се справи со готската опасност. Теодосиј започнал преговори за мир со готските водачи. Главно средство на политиката на Теодосиј I станало склучувањето на т.н.. ''foedus'', договори, според кои дојденците стануваат федерати - ги задржуваат својата автономија и закони, но се обврзани да служат на империјата како помошни војници. По завршувањето на Готската војна во [[382]] година, варварските племиња официјално добиле право да останат во земјите помеѓу [[Дунав]] и [[Стара Планина]]. Варварските контингенти го пополниле недостигот на римски волонтери во легии, но како резултат на тоа, во периодот до околу средината на [[5 век]] готските федерати го сочинувале поголемиот дел од армијата на Источната империја.

Во 387 година, новиот западен император Валентинијан II, по бегството од Италија поради узурпаторот Максим, го востановил императорското седиште во Солун. Тоа било проследено со трансферирање на седиштето на префектурата Илирик од [[Милано]] во [[Солун]]. Воено-политичкиот сојуз помеѓу Теодосиј и [[Валентинијан II]], склучен во Солун, летото 387 г., резултирал со санкционирање на перманентниот трансфер на префектурата Илирик во политичките граници на источната империја.

Инволвирањето во средувањето на работите на Западот на Теодосиј му обезбедило доминатна позиција во Империјата. Меѓутоа, несредената воена ситуација на [[Балкан]]от, како и крупното востание што избило во Солун (390 г.), го оневозможиле да го ефектуира договореното формално издвојување на префектурата Илирик од Италија. Крвавиот масакр врз солуњаните на кој Теодосиј се решил во април 390 г., што резултирало со 7.000 жртви, го довел императорот до директна конфронтација со миланскиот епископ Амбросио, кој застанал во одбрана на интересите на Западната црква. Новонастанатата состојба го навела Теодосиј да прифати помирлив однос со Западната црква, како и да пристапи кон решителни акции за разрешување на готскиот проблем на Балканот. Предвремената смрт на Теодосиј (395 г.) резултирала со дефинитивна поделба на Империјата на Источна (Византија) и Западна Римска Империја, која била ефектуирана со распределбата на власта помеѓу малолетните синови [[Хонориј]] и [[Аркадиј]].

== Наслов ==


{{Шаблон:Римски императори}}
{{Шаблон:Римски императори}}

Преработка од 15:17, 17 јули 2015

Теодосиј I
Роден 347
Шпанија
Починал 395
Милано, денешна Италија

Теодосиј I (латински: Flavius ​​Theodosius, грчки: Θεοδόσιος Α '), познат како Теодосиј Велики, бил римски император во периодот од 379 до 395 година. Тој е најдобро познат по наметнувањето на христијанската религија и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски император кој владеел со целата Римска империја, откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на 395 година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.

Роден во 347 година во градот се наоѓа во денешната област Сеговија, Шпанија, во аристократско христијанско семејство, Теодосиј од млад станал голем следбеник на православното христијанство. Татко му Флавиј Теодосиј е брилијантен војвода, постигнал голем број успеси на бојното поле во Британија, Мавританија и Дунавската граница. Младиот Теодосиј се појавил за прв пат под команда на неговиот татко во 374 година каде бил назначен за дук на Мизија. Во времето кога неговиот татко бил погубен по наредба на императорот Грацијан во 376 година, идниот император Теодосиј се повлекол од функцијата и живеел во својата родна провинција.

По катастрофалната битка кај Адријанопол во август 378 година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император Валенс загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите Готи. Самата престолнина Константинопол била ставена под голема закана.

Упавување

Инфилтрирањето на Готите во Тракија, по крупната победа против источниот император Валенс кај Адријанопол, значително ја променило ситуацијата во империјата.

Во функција на поефективно менаџирање на готскиот проблем, западниот император Грацијан (367–383) за нов источен император го назначил Теодосиј I (379–395). За таа цел, покрај источниот дел од империјата, на Теодосиј привремено му била доверена и формалната воено-административна одговорност за целата префектура Илирик. Својата воено-политичка и идеолошка активност од самиот почеток Теодосиј ја фокусирал врз Балканот, промовирајќи го Солун во привремено императорско седиште (379 г.). Истовремено во Солун било трансферирано и седиштето на префектурата Илирик од Сирмиум. По првичниот успех во воениот ангажман против Готите на Балканот, пролетта 380 г., Теодосиј претрпел понижувачки пораз. Есента истата година заболениот император во Солун лично бил покрстен од епископот Ахолиј. Ваквиот чин бил комплементарен со Теодосиевиот едикт публикуван во Солун (февруари 380 г.), што претставувало промоција на доминацијата на Никејската догма во Империјата. По повлекувањето на Теодосиј во Константинопол (ноември 380 г.), одговорноста во разрешувањето на готската криза и во администрирањето со префектурата Илирик ја презел западниот император, во согласност со претходниот договор.

Теодосиј I успеал со огромна генијалност да се справи со готската опасност. Теодосиј започнал преговори за мир со готските водачи. Главно средство на политиката на Теодосиј I станало склучувањето на т.н.. foedus, договори, според кои дојденците стануваат федерати - ги задржуваат својата автономија и закони, но се обврзани да служат на империјата како помошни војници. По завршувањето на Готската војна во 382 година, варварските племиња официјално добиле право да останат во земјите помеѓу Дунав и Стара Планина. Варварските контингенти го пополниле недостигот на римски волонтери во легии, но како резултат на тоа, во периодот до околу средината на 5 век готските федерати го сочинувале поголемиот дел од армијата на Источната империја.

Во 387 година, новиот западен император Валентинијан II, по бегството од Италија поради узурпаторот Максим, го востановил императорското седиште во Солун. Тоа било проследено со трансферирање на седиштето на префектурата Илирик од Милано во Солун. Воено-политичкиот сојуз помеѓу Теодосиј и Валентинијан II, склучен во Солун, летото 387 г., резултирал со санкционирање на перманентниот трансфер на префектурата Илирик во политичките граници на источната империја.

Инволвирањето во средувањето на работите на Западот на Теодосиј му обезбедило доминатна позиција во Империјата. Меѓутоа, несредената воена ситуација на Балканот, како и крупното востание што избило во Солун (390 г.), го оневозможиле да го ефектуира договореното формално издвојување на префектурата Илирик од Италија. Крвавиот масакр врз солуњаните на кој Теодосиј се решил во април 390 г., што резултирало со 7.000 жртви, го довел императорот до директна конфронтација со миланскиот епископ Амбросио, кој застанал во одбрана на интересите на Западната црква. Новонастанатата состојба го навела Теодосиј да прифати помирлив однос со Западната црква, како и да пристапи кон решителни акции за разрешување на готскиот проблем на Балканот. Предвремената смрт на Теодосиј (395 г.) резултирала со дефинитивна поделба на Империјата на Источна (Византија) и Западна Римска Империја, која била ефектуирана со распределбата на власта помеѓу малолетните синови Хонориј и Аркадиј.

Наслов