ФК Осогово (Кочани): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2: Ред 2:
име = ФК Осогово|
име = ФК Осогово|
лого = [[Податотека:Osogovokocani.gif|120px|Амблемот на ФК Осогово]] |
лого = [[Податотека:Osogovokocani.gif|120px|Амблемот на ФК Осогово]] |
целосно име = ФК Осогово Кочани|
целосно име = Фудбалски клуб Осогово Кочани|
прекар = Жетвари |
прекар = Жетвари |
основан = [[1924]]|
основан = [[1924]]|
терен = [[Стадион Никола Мантов]] |
терен = [[Стадион Никола Мантов]] |
капацитет = 5.000 |
капацитет = 5.000 |
претседател = Славе Симеонов |
претседател = Атанас Кусевски |
тренер = Крсте Крстев |
тренер = Крсте Крстев |
лига = [[Трета македонска фудбалска лига|Трета македонска лига Исток]] |
лига = [[Трета македонска фудбалска лига|Трета македонска лига - Исток]] |
сезона = 2013/2014 |
сезона = 2014/2015 |
позиција = 3<small>ти</small>|
позиција = 6<small>ти</small>|
шема_лр1=|шема_т1=_bluesidestripecollar|шема_др1= |
шема_лр1=|шема_т1=_bluesidestripecollar|шема_др1= |
леварака1=FFFF33|тело1=FFFF33|деснарака1=FFFF33|шорцеви1=0077FF|чорапи1=0077FF|
леварака1=FFFF33|тело1=FFFF33|деснарака1=FFFF33|шорцеви1=0077FF|чорапи1=0077FF|
Ред 17: Ред 17:
леварака2=0077FF|тело2=0077FF|деснарака2=0077FF|шорцеви2=FFFF33|чорапи2=FFFF33|
леварака2=0077FF|тело2=0077FF|деснарака2=0077FF|шорцеви2=FFFF33|чорапи2=FFFF33|
}}
}}
'''ФК Осогово''' е [[Република Македонија|македонски]] [[фудбал]]ски клуб од [[Кочани]], оформен во 1924 година <ref>[http://fkosogovomk.awardspace.com/istorija.htm ФК Осогово - официјална веб страница]</ref>, а во 1950 година го добива сегашниот назив. Клупски бои се жолто-сината, а клубот настапува на стадионот [[Стадион Никола Мантов|“Никола Мантов“]] кој има капацитет од 5.000 гледачи.
'''ФК Осогово''' е [[Република Македонија|македонски]] [[фудбал]]ски клуб од [[Кочани]], оформен во 1924 година <ref>[http://fkosogovomk.awardspace.com/istorija.htm ФК Осогово - официјална веб страница]</ref>, а во 1950 година го добива сегашниот назив. Клупски бои се жолто-сината, а клубот настапува на [[Стадион Никола Мантов|Стадионот Никола Мантов]] кој има капацитет од 5,000 гледачи.


== Историја ==
== Историја ==
Историјата на фудбалот во Кочани започна во далечната 1924 година кога во градот е донесена првата фудбалска топка и е формиран првиот фудбалски клуб.
Историјата на фудбалот во Кочани започнала во далечната 1924 година кога во градот била донесена првата фудбалска топка и бил формиран првиот фудбалски клуб.


Првата фудбалска топка во Кочани ја донел Томе Ванѓелов во 1924 год. (тогашен претседател на општината Кочани), а веднаш потоа бил формиран и првиот фудбалски клуб “Султан Тепе“. Името неколкупати било менувано.ФК Витез, Хајдук за на крај да го добие името Осогово.
Првата фудбалска топка во Кочани ја донел Томе Ванѓелов во 1924 год. (тогашен претседател на општината Кочани), а веднаш потоа бил формиран и првиот фудбалски клуб “Султан Тепе“. Името неколкупати било менувано.ФК Витез, Хајдук за на крај да го добие името Осогово.

Преработка од 00:01, 4 јули 2015

ФК Осогово
Амблемот на ФК Осогово
Целосно име Фудбалски клуб Осогово Кочани
Прекар(и) Жетвари
Основан 1924
Распаднат
Стадион Стадион Никола Мантов
Капацитет 5.000
Претседател Атанас Кусевски
Тренер Крсте Крстев
Лига Трета македонска лига - Исток
2014/2015 6ти
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Екипни бои
Домашен дрес
Гостински дрес

ФК Осогово е македонски фудбалски клуб од Кочани, оформен во 1924 година [1], а во 1950 година го добива сегашниот назив. Клупски бои се жолто-сината, а клубот настапува на Стадионот Никола Мантов кој има капацитет од 5,000 гледачи.

Историја

Историјата на фудбалот во Кочани започнала во далечната 1924 година кога во градот била донесена првата фудбалска топка и бил формиран првиот фудбалски клуб.

Првата фудбалска топка во Кочани ја донел Томе Ванѓелов во 1924 год. (тогашен претседател на општината Кочани), а веднаш потоа бил формиран и првиот фудбалски клуб “Султан Тепе“. Името неколкупати било менувано.ФК Витез, Хајдук за на крај да го добие името Осогово.

За фудбалот во Кочани зборуваат старите кочанци: “Игравме фудбал и пред 1924 година и тоа на улица со топка направена од партали. Минувачите подзастануваа, гледајќи како ние младите трчаме по еден тркалезен предмет што потскокнуваше пред нашите нозе и со повремено кревање на рацете ќе викневме: Гоол! Тие со чудење нè гледаа, некој од нив дури и ќе се прекрстеше гледајќи ги младите, испотени до гола кожа“.

Оттогаш фудбалот во Кочани почнал да се игра поорганизирано, со соседните градови, со кожена топка, со обележено игралиште, дресови, судија итн. За развојот на фудбалот во Кочани многу придонела изградбата на железничката пруга и првиот воз во Кочани на 1 јули 1926 година.

Најголемиот успех што го постигнала младинската екипа на Осогово е 1958 г. на Младинското фудбалско првенство на Македонија. И како победник екипата на "Осогово" учествувала во првенството на Југославија за млади. Првенството на Југославија тогаш се одржало во две групи: едната група играла во Шибеник и ја предводела "Црвена ѕвезда" од Белград, а втората играла во Белград предводена од "Партизан". Во оваа група покрај "Партизан" играле уште младите екипи на прволигашот од Загреб, "Динамо", прволигашот од Титоград, "Будуќност" и младите на "Осогово" од Кочани, член на Штипската потсојузна лига.

Овде фудбалерите на "Осогово" се претставиле во две различни изданија. Поради ненавремено известување од ФСМ за почетокот на натпреварите, управата на клубот не можела да резервира билети за вагоните за спиење, па младинците на "Осогово" целиот пат од Скопје до Белград го поминале стоејќи. Непроспиената ноќ во возот, претпладневното одење низ Белград барајќи го местото каде требало да бидат сместени предизвикало замор кај младинците на "Осогово". Во дуелот со големиот "Партизан" изгубилe со 13:0.

Вториот ден "Осогово" се сретнал со "Динамо" од Загреб, и тогаш веќе одморените младинци заиграле како што знаат, и големиот противник бил победен со 3:1. За треттиот меч со "Будуќност", на "Осогово" му одговарал и нерешен резултат па тренерот така и ја поставил играта. Натпреварот завршил 0:0, со што "Осогово" завршил втор во групата, оставајќи ги зад себе праволигашите "Динамо" (Загреб) и "Будуќност" (Титоград).

Подоцна "Осогово" влегува во Македонската лига каде покажува значајни резултати. Во 1988/89 година настапува во Меѓурепубличката лига. Натпреварувачката 1991/1992 г. "Осогово" се натпреварува во Третата сојузна лига и завршува на 9-то место.

Во првата натпреварувачка сезона во самостојна Република Македонија, "Осогово" е во средишниот дел од табелата. Понатаму следуваа слаби резултат, па во првенството 1995/1996 г. "Осогово" ја напушта Првата македонска лига.

Најголем успех на кочанскиот младински фудбал по осамостојувањето на Македонија е во 1996 г. кога "Осогово" во Скопје ја победува "Саса" со 2:0, со што го освојува Младинскиот куп на Македонија.

Потоа следуваат лоши игри, клупски превирања, промени на стручни штабови, недисциплина, препукувања меѓу спортските работници и како разултат на сето ова, "Осогово" полека, но сигурно тоне. Ја напушта Првата лига, а кратко време потоа и Втората лига. 2004/2005 година "Осогово" се најде во најнизок ранг од републичко натпреварување. По испаѓањето од Втората македонска лига, замира фудбалскиот интерес во градот.

Денес "Осогово" ги консoлидира своите редови. Има млад, искусен стручен штаб, докажан тренер, и што е најважно млади, талентирани играчи од кои се очекува во иднина со континуирани подготовки да го понесат товарот на екипата и да го вратат клубот во највисокиот ранг на натпреварувања.

Состав на тимот

Екипата во 2008 година

голмани

  • Петар Лазаров
  • Игор Данев
  • Мишел Горгиев

одбрана

  • Драги Здравков
  • Ване Митев
  • Ивица Јаневски
  • Сашко Манчовски
  • Ангел Дамевски
  • Стеванчо Цветанов
  • Дени Манчовски

среден ред

  • Мирче Натков
  • Никола Постоловски
  • Зоран Шуманов
  • Бажо Коцев
  • Перо Данилов
  • Никола Карафилов

напад

  • Иван Митров
  • Драган Паунов
  • Драган Паунов
  • Ангелчо Арсов


Тренер

  • Крсте Крстев

Надворешни врски

Наводи