Дирк Новицки: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 18: Ред 18:
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Новицки, Дирк}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Новицки, Дирк}}


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Германски кошаркари]]
[[Категорија:Германски кошаркари]]
[[Категорија:НБА кошаркари]]
[[Категорија:НБА кошаркари]]

Преработка од 02:21, 21 јуни 2015

Дирк Новицки

Дирк Вернер Новицки (роден на 19 јуни 1978 во Вирцбург, Германија) е германски професионален кошаркар кој настапува за тимот на Далас Маверикс во НБА лигата. Висок е 213 цм и тежи 111 кг. Кариерата ја започнува играјќи во локалниот кошаркарски клуб ДЈК Вирцбург. Новицки е селектиран како 9 пик од страна на тимот на Милвоки Бакс во 1998 НБА Драфтот. Истиот ден беше трејдуван во тимот на Далас Маверикс каде игра и до денешен ден.[1]

Новицки е единаесеткратен учесник на Ол-стар натпреварите и четири пати е избран во првиот тим на НБА. Тој е единствениот Европеец кој ја има освоено МВП наградата за најкорисен играч во сезоната 2006-2007. Негов најголем дострел со тимот на Далас Маверикс се случил во сезоната 2010/2011, кога ја освоил шампионската титула во големото НБА Финале каде Мавси триумфираа над екипата на Мајами Хит со 4-2 во серијата. Новицки беше прогласен за најкорисен играч на финалната серија.

Забележителни успеси има постигнато и со репрезентацијата на Германија. На Светското кошаркарско првенство во 2002, Германија го освоила третото место, а Новицки беше прогласен за МВП на турнирот. Три години подоцна во 2005 на Европското кошаркарско првенство со Германија беше поразен во финалето од Грција, a како утешна награда го доби МВП трофејот и на ова натпреварување.

Наводи

  1. Дирк Новицки – Биографија, nba.com, проверено на 6 јануари, 2008

Надворешни врски