Невработеност: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 14: Ред 14:
{{Економија-никулец}}
{{Економија-никулец}}


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Невработеност| ]]
[[Категорија:Невработеност| ]]
[[Категорија:Економски проблеми]]
[[Категорија:Економски проблеми]]

Преработка од 02:10, 21 јуни 2015

Процентулна застапеност на невработеноста ширум светот.

Невработеност (или безработица) — социјално-економска појава, при кое дел од активната работна сила во определена држава или регион бара работа но истата не можа да ја пронајде. Како невработени според законот се сметаат оние работници кои имаат навршено шеснаесет години, кои се способни за работа и самите сакаат да работат, но немаат каде.

Процентот за пресметување на бројот на невработените се пресметува кога вкупниот број на невработените работници ќе се подели со бројот на населението кое е способно за работа и тоа од 16 до 65 години. Постојат повеќе типови на невработеност: моментална, структурна, циклична, класична и техничка.

Невработеноста во Европската Унија

Според „Евростат“, во јануари 2015 година, стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 9,8%, што претставувало опаѓање во споредба со јануари 2014 година, кога таа изнесувала 10,6%. Притоа, во јануари 2015 година, вкупно 23.815.000 луѓе во ЕУ биле невработени, од кои 18 милиони во Еврозоната. Најниска стапка на невработеност во ЕУ имале Германија (4,7%) и Австрија (4,8%), а невработеноста била највисока во Шпанија (23,4%) и во Грција (25,8%).[1]

Невработеноста во Македонија

Според податоците на Заводот за статистика, во последното тримесечје на 2014 година имало 265.370 невработени лица, односно стапката на невработеност изнесувала 27,6%. Притоа, од вкупниот број невработени, 158.383 биле мажи, додека 106.986 биле жени. Невработеноста во Македонија бележела тренд на намалување во текот на 2014 година: во првиот квартал на 2014 година, стапката на невработеност изнесувала 28,4%, во вториот квартал паднала на 28,2%, а во третиот квартал изнесувала 27,9%. На почетокот на 2013 година, стапката на невработеност била 29%.[2] Во март 2015 година, во Агенцијата за вработување биле регистрирани вкупно 126.161 невработено лице, а 98.401 биле регистрирани како „други лица што бараат работа“.[3]

Наводи

  1. „Се намалува невработеноста во ЕУ“, Утрински весник, година XVI, број 4724, вторник, 3 март 2015, стр. 9.
  2. „Македонија со стапка на невработеност од 27,6%“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 6.
  3. Александра Филиповска, „Македонија има над 100.000 невработени, кои не сакаат да работат или не веднаш“, Дневник, година XIX, број 5754, сабота, 30 април 2015, стр. 8-9.