Пиринејски Полуостров: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 72: Ред 72:
* [[Ибери]]
* [[Ибери]]


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Пиринејски Полуостров| ]]
[[Категорија:Пиринејски Полуостров| ]]
[[Категорија:Јужна Европа]]
[[Категорија:Јужна Европа]]

Преработка од 22:11, 20 јуни 2015

Карта на Пиринејскиот Полуостров и неговата местоположба во Европа.
Сателитска слика на Пиринејскиот Полуостров.
Географија
МестоЗападна Европа
Координати43°N 4°W / 43° СГШ; 4° ЗГД / 43; -4
Површина581.471,1 км2
Највисока точкаМуласен
Управување
Најголема населбаАндора ла Велја
Најголема населба населбаГибралтар
Најголема населбаЛисабон
Најголема населбаМадрид
Најголема населбаФон-Роме-Одејо-Вија
Демографија
Демонимпиринејски
Население~53 милиони
Етнички групиАндорци, Гибралтарци, Португалци, Шпанци

Пиринејскиот Полуостров (или Ибериски Полуостров, од шпан. и пор. Península Ibérica) е сместен на крајниот југозападен дел од Европа. На југ и на исток излегува на Средоземното Море, а на север и запад на Атлантскиот Океан. Пиринеите го формираат североисточниот дел од полуостровот, поврзувајќи го со остатокот од Европа. Кај Гибралтар на југ, Пиринејскиот Полуостров се приближува до Африка.

Плуостровот го добил името од планинскиот венец Пиринеи што се протегаат ни него. Другото име „Ибериски Полуостров“ води потекло од стариот народ Ибери кој живеел на полуостровот во антиката.

Држави и територии

  • Шпанија, зазема најголем дел од Иберија
  • Португалија, го зазема западниот дел
  • Андора, мала минорна државичка која се граничи со Франција и Шпанија
  • Гибралтар, британска територија која се наоѓа во најјужниот дел

Јазици

Предримски јазици

На Пиринејскиот Полуостров пред римското владеење се говореле следиве јазици:

Историја

Во 711 година маварската умајадска војска од Северна Африка направила инвазија на визиготска Христијанска Шпанија. Под водство на нивниот водач Тарик ибн-Зијад, тие влегле преку Гибралтар на 30 април, 711 г, и го потчиниле поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров под исламска власт цели осум години. Ал-Андалус (Арапски: الإندلوس) е Арапското име на Пиринејскиот Полуостров дадено од Муслиманските освојувачи.

Во средновековието, полуостровот бил дом на повеќе мали државички. Како и да е, овие држави се зголемувале на сметка на други, се до завршувањето на Наполеонските војни (вклучувајќи ја и Полуостровската војна) во 1815. Тогаш бил создаден тоа што денес е и современиот Пиринејски Полуостров, кој се состои од Шпанија, Португалија (без островите Сеута и Мелилја), територијата Гибралтар и Андора.

Поврзано