Архив: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Архив''' е установа во кој трајно се чува и стручно се обработува архивскиот матери...
(нема разлика)

Преработка од 13:21, 20 јуни 2015

Архив е установа во кој трајно се чува и стручно се обработува архивскиот материјал и се дава на користење.

Во 19 век, па потоа и во 20 век се создавани првите дефиниции за архивот. Во текот на овие два века настанале (4)гледишта за архивот:Според потеклото , според содржината на архивскиот материјал, според видот на организацијата, според целта. Според овие дефиниции архивот е збир од списи и други документи кои настанале при работата на физички и правни лица во нивната деловна или празна работа, а кои се определени да бидат трајно чувани на едно место како извори и докази за минатото. Во таа смисла, архивот треба да ги содржи сите напишани историски извори во форма на оригинали или копии, како и друг вид ракописи и печатен материјал. Архивот претставува устнова на акумулација на сведоштва кои со векови се создавале и кои денес се создаваат со работата на државните, културно-образовните, стопанските и други органи, организации, институции, поединци. Архивот претставува огромен трезор на архивска документација која говори за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот развој на една држава, кои на корисниците им дава изворни и објективни информации за минатото.