Пештера: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Removing Link FA template (handled by wikidata) - The interwiki article is not featured
Ред 30: Ред 30:
[[Категорија:Геоморфологија]]
[[Категорија:Геоморфологија]]
[[Категорија:Типови на археолошки локалитети]]
[[Категорија:Типови на археолошки локалитети]]

{{Link FA|pt}}

Преработка од 08:03, 24 март 2015

Пештера
Пештера

Пештера претставува подземна шуплина во која не допира или незначително допира дневна светлина со претежно хоризонтално протегање во внатрешноста на карбонатните терени. Настануваат со комбинирано дејство на механичката и хемиската ерозија на подземните водни текови кои денес или некогаш протекувале низ нив и се состојат од пештерски канали и сали.[1]

Пештерски делови

  • Пештерски канал претставува дел од пештерската шуплина, со скоро праволиниско протегање, чија должина неколку пати ја надминува неговата ширина и висина. Во зависност од големината и формата на каналот во еден пештерски систем, се разликуваат главен, спореден и слеп канал. Лесно прооден пештерски канал се нарекува ходник или галерија.
  • Пештерска сала е поголемо проширување во пештера: ширина и висина од неколку метри до неколку десетина метри. Обично се наоѓа на места каде се спојуваат неколку пештерски канали, а може да настане со рушење на таваницата или поедини катови на пештерски канали. Се смета дека некои сали се формирани со корозија (хемиска, карстна ерозија) на мешана вода при спојување на два или повеќе подземни текови.

На таваниците во пештерските канали или сали често се среќаваат вертикални канали - оџаци кои во висина се стеснуваат и завршуваат.[2]

Видови

Проста пештера се состои од еден канал или подземна просторија, додека сложена се состои од повеќе канали и сали (пештерски систем). Каналите на една пештера можат да бидат распореден и во повеќе нивоа. Во тој случај станува збор за катни (етажни) пештери, чии најниски канали се најмлади и по правило со најактивна хидрографска функција, додека највисоките се надвор од хидрографска функција.

Во зависност од тоа дали во нив постои речен тек се делат на суви (фосилни) и речни (активни) пештери. Речните пештери се наоѓаат во активна фаза на изградување и во зависност од хидрографската функција се делат на понорски, кои претсавуваат понири на површинските водотеци и сифонски од кои избива вода на површината (карстни извори). Според режимот на подземниот тек речните пештери се делат на постојани и периодични. Сувите пештери претставуваат фосилни пештери кои се наоѓаат надвор од секаква хидрографска функција и нивната натамошна еволуција е поврзана за дејството на водата прокапница и уривањето на карпестиот материјал од таваниците.

Со процесот на рушење на таваниците пештерите постепено се уништуваат и како завршна фаза во еволуцијата на речните пештери остануваат прерасти – лаковидни делови во вид на природни мостови и прозорци – заостанати делови од пештерските канали при целосно уништување на пештерите.

Поврзано

Наводи