Географија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Removing Link FA template (handled by wikidata) - The interwiki article is not featured
Ред 23: Ред 23:


[[Категорија:Географија|*]]
[[Категорија:Географија|*]]

{{Link FA|lmo}}
{{Link FA|sl}}

Преработка од 06:20, 24 март 2015

Физичка географска карта на Земјата.

Географија (земјопис, од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) — описна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна. Исто така, географијата ја опишува и проучува разместеноста на природните богатства, растителниот и животинскиот свет на Земјата.

Човекот отсекогаш се интересирал за светот околу себе. Токму тоа е и причината што зачетоците на географијата како наука се појавиле уште во античко време. Обично таа се развивала со развојот на трговијата и морепловството, а уште поинтензивно се развива подоцна, во времето на големите географски откритија. Во антиката, многу народи ја развивале географијата, како старите Грци, Арапите, старите Римјани и други. Од последниве, најистакнати географи биле Птоломеј и Страбон. Птоломеј е и еден од првите географи кои ја опишале територијата на Македонија.

Во најопшта смисла, географијата се дели на општа и регионална (посебна). Навлегувајќи во различните сфери од нејзиното проучување, условило нејзина поделба на повеќе географски дисциплини, како што се:

и други дисциплини.

Надворешни врски

Институт за географија-ПМФ Скопје