Даутица: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37: Ред 37:


==Планинарење==
==Планинарење==
На планината Даутица има поголем број на планинарски патеки кои во моментов се обележуваат. Постојат повеќе можностите за планинарење и прошетки од трите планинарски домови: [[Планинарски дом „Чеплес“|Чеплес]], [[Папрадиште]] и [[Стровија]]. Позната е планинарската патека на која редовно се одржува пролетниот марш од селото [[Рилево]] преку [[Манастир „Св. Преображение“|Манастирот над Зрзе]] до планинарскиот дом во [[Стровија]]. Други патеки и можности за прошетки се посетата на водопадите помеѓу планинарските домови Чеплес и Папрадиште, од каде што пак може да се посетат местностите Куртовица и Плавник - која е особено прекрасна со разни рсини и виолетови цвеќиња во месецот мај. Во тек се подготовки за обележување на планинарска патека од домот во Папрадиште преку пределот Перчулица во [[Порече]], а исто така активно се работи на продолжување на патеката на трансферзалата „Македон“ до [[Стровија]], со што таа преку Даутица и Солунска Глава ќе биде целосно поврзана од Прилепско сѐ до Скопско и [[Скопје]].
На планината Даутица има поголем број на планинарски патеки кои во моментов се обележуваат. Постојат повеќе можностите за планинарење и прошетки од трите планинарски домови: [[Планинарски дом „Чеплес“|Чеплес]], [[Папрадиште]] и [[Стровија]]. Позната е планинарската патека на која редовно се одржува пролетниот марш од селото [[Рилево]] преку [[Манастир „Св. Преображение“ - Зрзе|Манастирот над Зрзе]] до планинарскиот дом во [[Стровија]]. Други патеки и можности за прошетки се посетата на водопадите помеѓу планинарските домови Чеплес и Папрадиште, од каде што пак може да се посетат местностите Куртовица и Плавник - која е особено прекрасна со разни рсини и виолетови цвеќиња во месецот мај. Во тек се подготовки за обележување на планинарска патека од домот во Папрадиште преку пределот Перчулица во [[Порече]], а исто така активно се работи на продолжување на патеката на трансферзалата „Македон“ до [[Стровија]], со што таа преку Даутица и Солунска Глава ќе биде целосно поврзана од Прилепско сѐ до Скопско и [[Скопје]].


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 10:36, 17 март 2015

Даутица
Поглед на источните падини на Даутица
Највисока точка
Надм. вис.2074 (почеток 2423) м [1]
Географија
Даутица на карта
МестоМакедонија Македонија
Матичен венецЈакупица (Мокра)

Даутица е висока планина која се наоѓа во средишниот дел на Македонија, дел од најголемиот планински масив Мокра.

Природни одлики

Поглед на манастирот Зрзе на падините на Даутица

Планината Даутица се наоѓа во средишниот дел на Македонија и претставува пределна граница помеѓу Пелагонија и Прилепското поле на исток, Порече на запад и долината на Бабуна во Велешко на североисток. Таа претставува единствена и крајна јужна огранка на најголемиот македонски планински масив Мокра или Јакупица. Се протега по речиси меридијански правец север-југ со мало отклонување и завртување кон исток. Даутица започнува да се протега од пределот Перчулица висок 2423 метри кој се наоѓа под местноста Солунско Поле веднаш под Солунска Глава кој е највисокиот врв на целиот планински масив на Мокра. Продолжува да се протега во јужен правец снижувајќи се до врвовите Јалоарник (1685 м.н.в.), Момина Чука (1569 м.н.в.) и Чардак (1652 м.н.в.) од каде што се искачува до самиот и воедно најиздаден нејзин планински врв Бел Камен кој е висок 2074 метри. Оттука продолжува кон југ со мало свртување кон исток спуштајќи се по врвовите Клепало (1624 м.н.в.), Јалорник (1453 м.н.в.) и Баби (1275 м.н.в.) над Зрзевскиот манастир „Св. Преображение“ сѐ до Прилепското Поле во Пелагонија. Даутица е планина со варовнички состав на карпите поради што таа изобилува со многу силни, издашни и бистри извори на вода какви што се: Беличките над с.Белица, Плавник, Бела Вода, Китановски Извор, Чавкарник, Стеванов Извор, силниот извор Врело над манастирот во Зрзе и др. На нејзините падини има и повеќе пештери меѓу кои и најпознатите Змејовица (над Крапа), Пешна, Гулабарница, Јаловарник и др. Падините за застапени со густа дабова шума, а во помала мерка и буки, бор и нискостеблести грмушки. Билото под сртот е богато со пасишта.

Детален опис и изглед

Глетка од пределот на Даутица над с.Рилево

Правецот на протегање и на Даутица, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година го опишал и Ѓорче Петров, кој запишал дека таа се спушта од врвот Јакупица право на југ и го заградува од запад Прилепското Поле. За нејзиното место на спојување со Караџица ја одредил местноста Боро Поле над селото Белица во Порече. Во деталниот опис Ѓорче Петров вели дека од јазолот Мокра или поправо кажано од Јакупица на местото каде што југозападната падина и се нарекува Морава Планина, право кон југ се спушта високата планина Даутица, која што го заградува од северозапад Прилепското Поле и со својот јужен крај се поврзува со Крушевската Планина и Стрмол[2]. На почетокот таа е висока колку и блиската Салакова Планина, а на југ постепено се снижува и завршува наспроти едно подгорие на Крушевската Планина, Бушева Чешма и Стрмол. Од нив таа се одделува со превојот Барбарас по кој што минува патот од Прилеп за Кичево. Даутица е висока, многу широка и масивна планина: таа го исполнува пространството меѓу долината на р. Треска и Прилепското Поле. Билото во почетокот и претставува многу широка и тапа возвишеност, надолу станува потесно, но сѐ уште е тапо, плоснато и рамно. Единствените врвови се безимениот врв над с. Крапа, кој што се издигнува не многу над општата плоснатост и врвот Мовнатец над село Маргари – и двата се голи тапи возвишенија, коишто дури немаат изглед на врвови. Падините по изгледот и карактерот значително се разликуваат една од друга: источната падина по целото свое протегање стрмно се издигнува над Прилепското Поле, а западната е многу налегната и како што се снижува постепено во вид на налегната неиспресечена плоснатост, така завршува над самата Треска во Порече[3]. Голата, карпеста и грозна како краставо тело на изглед, западна падина на Даутица и сличните последни отлоги над р.Треска, образуваат доста привлечна и живописна спротставеност со преку речните каменести, темни со страшен изглед и стрмен испуст планини и нивните испусти во Порече, како и во соседниот Стрмол. На почетокот Даутица е гола, карпеста и бело-сива, на изглед сосема слична на Салакова Планина. Исто така изглед и карактер има целата нејзина падина, шумите се сѐ уште зачувани на многу места. Билото и западната падина се богати со пасишта, кои остануваат речиси без полза за околното население. По западната падина недалеку од билото и од скопските планини е с.Крапа, во чии што бачила се прави прочуената „Крапска намаз“ (масло), која што многу скапо се цени во Битола и Прилеп. Даутица е варовничка планина и како таква е болата со внатрешни празнини и пештери, празни или полни со вода во вид на езера[4]. Од првиот вид позната е сталактитната пештера кај манастирот Слепче. Од вториот вид е „езерото“ над с.Гостиражни.

Потекло на името

Меѓу населението постои предание за потеклото на името на Даутица во кое се вели дека доаѓа според личното име на еден нејзин дамнешен жител и стопан. Преданието вели дека планината го добила името според Даут кој со своето семејство се населил во (некогашното) село Чеплес на овој дел на планината Јакупица[5]

Планинарење

На планината Даутица има поголем број на планинарски патеки кои во моментов се обележуваат. Постојат повеќе можностите за планинарење и прошетки од трите планинарски домови: Чеплес, Папрадиште и Стровија. Позната е планинарската патека на која редовно се одржува пролетниот марш од селото Рилево преку Манастирот над Зрзе до планинарскиот дом во Стровија. Други патеки и можности за прошетки се посетата на водопадите помеѓу планинарските домови Чеплес и Папрадиште, од каде што пак може да се посетат местностите Куртовица и Плавник - која е особено прекрасна со разни рсини и виолетови цвеќиња во месецот мај. Во тек се подготовки за обележување на планинарска патека од домот во Папрадиште преку пределот Перчулица во Порече, а исто така активно се работи на продолжување на патеката на трансферзалата „Македон“ до Стровија, со што таа преку Даутица и Солунска Глава ќе биде целосно поврзана од Прилепско сѐ до Скопско и Скопје.

Наводи

  1. Топографска карта: лист Скопје (731), размер 1:100 000, Военогеографски институт, 1987
  2. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.80
  3. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.80
  4. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.81
  5. - Visit Pelagonia - Планини