Стефан Душан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Ред 45: Ред 45:


Во меѓувреме српската војска започнала со освојувањата на Албанија. Во 1342-1343 година биле освоени: Кроја, Берат, Авлона, и Канина, а Драч останал под власт на Анжујците. Во Македонија биле освоени Лерин, Костур, и Воден а кон српската држава бил приклучен и Мелник како и териториите што ги држал Хреља. Во октомври 1345 год. се предал и Сер. Потоа биле заземени Драма и Филиполис,а исто така и крајбрежјето на Хрисопољ ( Кавала). По ова Стефан Душан се решил да го освои целото Византиско царство. „ Веднаш по заземањето на Сер се потпишал на една грчка повелба за блискиот манастир св. Јован Крстител на Микенската Гора како крал на Србија и Романија“<ref>Окт. 6854 (1354) Sathas Bibi graeca I 234-239</ref>. Истата година српскиот државен собор го прогласил Стефан за цар. Српската титула гласила цар на Србите и Грците, а во латинските и грчките преводи император на Србија и Романија. На 16 април 1346 год. во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и бугарскиот патријах Симеон. „Кралицата Елена била крунисана за царица, а синот Урош за крал“<ref>Увод у законик цара Стефана изд. Новаковиќа стр. 4</ref>. Во уводот кон својот Законик Стефан Душан изјавува дека е: „благоверни цар всем Срблем и Грком и странам Блгарским“,<ref>Стојан Новаковић, Законик Стефана Душана цара србског. У Београду 1898, стр. 3.</ref> Во една грамота издадена во Мелник во 1350 г. Душан се титулирал: „цар Стефан на Срби, Грци и Бугари“. <ref>Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 708.</ref> Во друга грамота дадена 1347 г. на Хилендарскиот Манастир, Душан се потпишува: „Стефан во Христа Бога благоверни цар и самосдржец на Србите, Грците и Бугарите“. <ref>Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 417.</ref>
Во меѓувреме српската војска започнала со освојувањата на Албанија. Во 1342-1343 година биле освоени: Кроја, Берат, Авлона, и Канина, а Драч останал под власт на Анжујците. Во Македонија биле освоени Лерин, Костур, и Воден а кон српската држава бил приклучен и Мелник како и териториите што ги држал Хреља. Во октомври 1345 год. се предал и Сер. Потоа биле заземени Драма и Филиполис,а исто така и крајбрежјето на Хрисопољ ( Кавала). По ова Стефан Душан се решил да го освои целото Византиско царство. „ Веднаш по заземањето на Сер се потпишал на една грчка повелба за блискиот манастир св. Јован Крстител на Микенската Гора како крал на Србија и Романија“<ref>Окт. 6854 (1354) Sathas Bibi graeca I 234-239</ref>. Истата година српскиот државен собор го прогласил Стефан за цар. Српската титула гласила цар на Србите и Грците, а во латинските и грчките преводи император на Србија и Романија. На 16 април 1346 год. во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и бугарскиот патријах Симеон. „Кралицата Елена била крунисана за царица, а синот Урош за крал“<ref>Увод у законик цара Стефана изд. Новаковиќа стр. 4</ref>. Во уводот кон својот Законик Стефан Душан изјавува дека е: „благоверни цар всем Срблем и Грком и странам Блгарским“,<ref>Стојан Новаковић, Законик Стефана Душана цара србског. У Београду 1898, стр. 3.</ref> Во една грамота издадена во Мелник во 1350 г. Душан се титулирал: „цар Стефан на Срби, Грци и Бугари“. <ref>Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 708.</ref> Во друга грамота дадена 1347 г. на Хилендарскиот Манастир, Душан се потпишува: „Стефан во Христа Бога благоверни цар и самосдржец на Србите, Грците и Бугарите“. <ref>Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 417.</ref>
[[File:Krunisanje cara Dušana.jpg|thumb|left|200px|Крунисувањето на цар Душан]]
[[File:Coronation of Emperor Dušan, in "The Slavonic Epic" (1926).jpg|thumb|left|200px|Крунисувањето на цар Душан]]


== Последните освојувања на Стефан Душан ==
== Последните освојувања на Стефан Душан ==

Преработка од 01:58, 31 декември 2014

Стефан Душан
Крал на Србија
На престол8 септември 1331 – 16 април 1346
ПретходникСтефан Дечански
Император на Србите и Ромеите
На престол16 април 1346 – 20 декември 1355
НаследникСтефан Урош V
Почивалиште
СопружникЕлена од Бугарија
Полно име
Стефан Урош IV Немањиќ
ДинастијаДинастија Немањиќ
ТаткоСтефан Дечански
МајкаТеодора Смилец

Стефан Душан бил српски цар кој поради незадоволство од владеењето на татко му, во 1331 година го симнал од престолот и станал нов владетел на Српската држава. Успеал да ја освои цела Македонија, делови од Епир, Тесалија и Централна Грција, и со тоа Србија станала најголемата феудална држава на Балканот во тоа време. Во 1346 година поради почитта што ја имал кон Охридска архиепископија се прокрамирал за цар на „Србите и Ромеите“ во Скопје и го издал познатиот Душанов законик. Царот Душан ја подигнал Српската црква на степен на патријаршија. По смртта на Душан во 1355 него го наследува син му Урош, а српската држава почнува да слабее.

Прогласувањето на Душан за крал

Стефан Душан бил роден околу 1308 год. Детството го поминал во прогонство во Царигард,каде што живеел со неговиот ослепен татко и со мајка му Теодора, која била ќерка на бугарскиот цар Смилец. На тринаесет

годишна возраст станал совладетел на неговиот татко Стефан Дечански. На 22 годишна возраст бил избран за српски крал. Пред да почне со освојувањата Стефан Душан морал да ја среди ситуацијата во државата. „ А ако некој сака да чуе за оној што владее со Рашка,за синот на слепиот, ќе знае дека иако е помал по тело и помлад, сепак со својата навистина нечуена отровна злоба и дрска волја,своите стари ги превишува и надминува“[1]. Тој најпрвин го отстранил од власт неговиот татко Стефан Дечански кој се наоѓал во Петрич а потоа бил заробен и испрстен во Звеќанин каде што наскоро бил задавен. Така Стефан Душан се прогласил за крал на 8 септември 1331 година.

Душановото царство

Средување на внатрешната состојба

Во пролетта 1332 год. избувнал бунт на феудалците во Зета под водство на Богоја и Димитриј Сум кој претходно му помогнал на Душан да ја освои власта. На страна на востаниците застанал барскиот епископ Гиј Адам кој го повикувал францускиот крал да ја нападне Србија и да им помогне на Латините и католичките Албанци. Востанието се проширило и во Албанија и на крајот било задушено. Истата година тој склопил сојуз со Бугарија и се оженил со бугарската принцеза Елена сестра на Иван Александар. За момент се откажал од српското право врз Хум и оваа прашање го оставил за подоцна. Во 1333 година издал повелба во која на Дубровчаните им ги отстапил Стон и Пелешец како и приморјето и островот Посредница на устието на Неретва кој им бил многу важен на Дубровчаните. Тие најпрвин му исплатиле 8000 перпери, а потоа се обврзале да му плаќаат данок на Душан 500 перпери годишен данок. Со помош на Дубровчаните ги средил односите со Босна. Откако ги средил внатешните прилики и односите со Бугарија Душан решил да започне војна против Византија за освојување на нови територии. Неговите освојувања претставуваат продолжение на оние што ги водел кралот Милутин. „Споменот за него како мудар и моќен владетел останал да живее долго после него“[2]. Биле освојени Македонија, Албанија, Епир и Тесалија, кои биле заземени благодарени на граѓанските војни кои се воделе во Византија. Душан ги искористил непријателствата меѓу Унгарците и Венецијанците за превласт на јадранското крајбрежје. Бил во добри односи со Венецијанците и им помагал во борба против Анжујците.

Првата етапа од освојувањата кон Византија

Додека Стефан Душан се подготвувал за војна против Византија во Србија избегал византискиот војсководач Сиргијан кој бил син на еден кумански кнез и некоја Гркинка и бил обвинет за завера. Тој му ги понудил своите услуги на српскиот крал. Во пролета 1334 год. Стефан Душан започнал офанзива на југ, кон Македонија. Византијците имале погранични тврдини спрема Србија. Тоа биле: Сер, Мелник, Струмица, Прилеп, Охрид, Кроја, Берат, и Валона. Целта на овие тврдини биле да ги штитат областите кое биле претежно населени со Словени, Власи и Албанци. Српската граница спрема Византија започнувала јужно од Леш и обваќала градовите Пирот, Дебар, и Полог, како и Кичево, Велес, Просек, Штип и завршувала јужно од Велбужд (Ќустендил). Биле освоени Прилеп, Охрид и Струмица, а Сиргијан ги освоил Костур и некои утрвдувања во негова близина. Во опасност од српски освојувања се нашол и градот Солун во чија околина се појавиле српски војски. Византискиот император Андроник III Палеолог дошол со војска пред градот. Еден дел од жителите на Солун биле спремни да ги отворат портите на градот. Намесникот на Лерин Сфранц Палеолог со знаење на императорот преминува на страна на Србите. Тој на брегот на реката Галико успеал да го убие Сиргијан. „Сиргијан кој што умирал, го донеле во српскиот табор, каде што Стефан Душан како пријател го оплакувал и свечено го погребал“[3]. Со тоа Византијците успеале да ги подобрат своите позиции во борбата против Србите. Смрта на Сиргијан ги пореметила српските планови. Стефан Душан се откажал од идејата за заземање на Солун. На 26 август 1334 год. се одржала средба меѓу Стефан Душан и Андроник III каде што бил постигнат мировен договор. Со овој договор Србите од совоенте територии ги задржале само Струмица и Прилеп. Како надокнада за изгубениот Просек Србите го добиле новоизградениот град Гинекокастрон кој што се наоѓал во Солунското поле. „Гинекастрон со јака кула, која била толку утврдена, што градот би го одбранила и женска посада“[4]. На Србите и се заканила опасност од Унгарците. Нивниот крал Карло Роберт (1308-1342) сакал да ја нападне Србија.

Војната со Унгарија

По склучувањето мир со Византија Стефан Душан ги насочил своите сили кон одбрана на српската граница со Унгарија. Унгарскиот крал Карло Роберт ја искористил зафатеноста на Србија во војната со Византија и во летото 1335 година навлегол во северните делови на Србија, кои претходно биле под владение на {Стефан Драгутин}. Стефан Душан тргнал со војска кон манастирот Жича потпомогнат од Византискиот император Андроник III. Благодарение на ова била отстанета унгарската опасност. „Карло се повлекол преку Сава,божем поради помошта на византиските чети кои за тоа српскиот крал богато ги наградил“[5]. Унгарската војска морала да се повлече преку Сава. Во овие судири учествувал и босанскиот бан на унгарска страна но неговите војсководци Руѓер и Милтен преминале на страна на Србите. Србите ја освоиле Мачва која што Унгарците ја освоиле во 1319 година. Војната со Унгарија продолжила и во наредните две години. Дејствијата претежно се одвивале на српско-унгарската граница. Но сепак таа војна била од второстепено значење бидејќи Душан имал намера да ги продолжи освојувањата на југ кон Византија. На 12 април 1336 год. преку Дубровник во Србија дошле пратеници на австрискиот кнез Отон кои ги испратил германскиот витез Палман кој бил водач на наемниците во српската служба.Станувало збор за женидба на српскиот крал со принцезата Елисавета која била ќерка на покојниот германски крал Фридрих убавиот. Принцезата била згрозена од планот за нејзина мажачка со Душан и се разболела и умрела на 23 октомври 1336 год. Ова довело до заладување на односите меѓу Душан и царицата Елена но таа во меѓувреме му го родила синот Урош 1337 год.

Цар Стефан Душан со семејството

Втората етапа од освојувањата кон Византија

Византискиот император Андроник III Палеолог успеал да ја обнови византиската власт во копнена Грција, односно Тесалија каде што умрел обласниот господар севастократорот Стефан Гавриопол кој што бил потомок на лозата на Ангелите. Во 1336 год. успеал да ја воспостави својата власт над Тесалија. Дошло до измена на етничкиот состав на населението. Започнало спуштање на Власите во рамничарските предели и селење на Албанците на југ. Андроник сакал сојуз со Србите заради војната ви Епир. Станувало збор за територија под власт на Анжујците каде што живееле Албанци кои се колебале помеѓу Србите Франките и Византијците. Неколкумина Албански балгородници му ветувале на напулскиот крал Роберт дека ке се одмедтнат од српскиот крал доколку неговата војска дојде во Албанија. Ова било поврзано со настаните во Берат и Валона каде што албанските сточари опустошувале византиски градови и тврдини. Меѓутоа уште истата 1337 година драчкиот капетан Гијем де Сенсеверино бил заробен од страна на кнезот Танусиј Топиј кој што бил господар на областа меѓу реките Мата и Шкумби. Поради ова императорот Андроник превзел поход прротив Албанците при што им одзел поголем дел од стадата и на жителите на тие градови им ја надокнадил штетата. На седумдневниот состанок во Радовиш биле потврдени добрите односи меѓу Србија и Византија. Пријателските односи меѓу Србија и Византија траеле до смрта на императорот Андроник во јуни 1341 год. На византискиот престол застанал малолетниот син на Андроник Јован V Палеолог (1341-1391). Во византиските владеачки кругови дошло до несогласување околу тоа кој треба да биде регент на малолетниот цар. Како резултат на тоа дошло до нова граѓанска војна во Византија. Ова му одело во прилог на кралот Стефан Душан. За регент на малолетниот цар била избрана неговата мајка Ана Савојска, која била подржувана од Алексиј Апокавт кој бил по потекло од мала Азија. Со тоа не се сложил Јован Кантакузин кој бил истакнат византиски феудалец и најверен соработник на императорот Андроник. Против него билоа создадена опозиција на чело со Алексиј Апокавк и цариградскиот патијарх Јован Калекас.

Лозата на Неманиќите, Фреска во манастирот Високи Дечани.

Тогаш Стефан Душан со своја војска дошол пред Солун,но тамошниот византиски адмирал Јован Гавалс го убедил да не прави ништо. Бугарскиот цар Иван Александар нападнал на Сливен кој што се наоѓал на јужната граница у побарал да му се предаде неговиот противник Страцимир Шишман, и застанал на страна на императорот Јован Палеолог, со чија сестра бил оженет неговиот син Михаил Асен. Под притисок на опозицијата Јован Кантакузин морал да се повлече во Тракија и во октомври 1341 год. се прогласил за цар во тврдината Димотика на реката Марица. Така започнала новата граѓанска војна во Византија (1341-1347). Во војските и на едната и на другата страна имало турски платеници. Јован Кантакузин останал само со 2000 приврзци и побарал помош од Србија. Во јули 1342 год. тој се состанал со кралот Душан во Приштина каде што бил склучен сојуз за заедничка борба против византиската власт. Било договорено секој да ги задржи териториите што ќе ги освои. „Царот, по неговиот совет, тргнувајќи малку погоре, лесно ја премина реката и се состана со Оливер. Тој му пристапи на царот како на господар и му искажа секаква почит. Го одвел дома и три дена со целата војска пријателски го гоштевал“[6]. Кантакузин се обидел да го заземе Солун но без успех. Сојузот со Јован Кантакузин му овозможил на Душан да ги продолжи освојувањата. Го опседнал Воден кој што бил важна точка на патот од Солун до Охрид. По склучување на договорот во Приштина тие двајца заедно го нападнале Сер. Ова операција ја предводеле Оливер и Вратко. Населението на Сер не сакало да се предаде. Во српскиот табор се појавила болест од која умреле 1500 војници. Тоа било причина Канатакузин да го напуштат голем број негови луѓе. Му останале верни околу 500војници. Во меѓувреме Стефан Душан ги зазел Воден, Струмица и Мелник. Кантакузин ја зазел Тесалија. Во овој период во Епир пристигнала царицата Ана. Таа му ги нудела на Душан сите византиски градови западно од Крстопол и Филипополис а за возврат да и ја даде главата на Кантакузин. Но Душан не го прифатил предлогот. Во пролетта 1343 год војските на Душан и Кантакузин се појавиле повторно пред Сер. Апокавк со своја флота од 70 бродови дошол на брегот на Струма сакајки со посредство на Хреља да преговара со Душан. Но до оваа средба не дошло. Наскоро починал и Хреља. Населението На Сер и понатаму одбивало да се предаде. Пратеникот на Кантакузин кој ги повикувал да се предадат бил убиен. Царицата Ана побарала помош од Венецијанците за борба со Турците. Во меѓувреме Кантакузин го зазел Бер. Стефан Душан го повикал Кантакузин да дојде во неговиот двор за да се договорат за војна со Унгарците но тој не сакал да дојде на српскиот двор. Душан се договорил со царицата Ана, при што неговиот син Урош бил свршен сестрата на Јован Палеолог.

Прогласувањето на Душан за цар во Скопје

Во меѓувреме српската војска започнала со освојувањата на Албанија. Во 1342-1343 година биле освоени: Кроја, Берат, Авлона, и Канина, а Драч останал под власт на Анжујците. Во Македонија биле освоени Лерин, Костур, и Воден а кон српската држава бил приклучен и Мелник како и териториите што ги држал Хреља. Во октомври 1345 год. се предал и Сер. Потоа биле заземени Драма и Филиполис,а исто така и крајбрежјето на Хрисопољ ( Кавала). По ова Стефан Душан се решил да го освои целото Византиско царство. „ Веднаш по заземањето на Сер се потпишал на една грчка повелба за блискиот манастир св. Јован Крстител на Микенската Гора како крал на Србија и Романија“[7]. Истата година српскиот државен собор го прогласил Стефан за цар. Српската титула гласила цар на Србите и Грците, а во латинските и грчките преводи император на Србија и Романија. На 16 април 1346 год. во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и бугарскиот патријах Симеон. „Кралицата Елена била крунисана за царица, а синот Урош за крал“[8]. Во уводот кон својот Законик Стефан Душан изјавува дека е: „благоверни цар всем Срблем и Грком и странам Блгарским“,[9] Во една грамота издадена во Мелник во 1350 г. Душан се титулирал: „цар Стефан на Срби, Грци и Бугари“. [10] Во друга грамота дадена 1347 г. на Хилендарскиот Манастир, Душан се потпишува: „Стефан во Христа Бога благоверни цар и самосдржец на Србите, Грците и Бугарите“. [11]

Крунисувањето на цар Душан

Последните освојувања на Стефан Душан

Византијците биле зафатени со граѓанската војна и не биле во состојба да протестираат поради узурпацијата на византиската царска титула од страна на стефан Душан. „Поминале неколку години, додека патријархот Калист да го анатемиса новиот цар и неканонскиот нов патријарх“[12]. Еден месец по крунисувањето за цар се крунисал и Јован Кантакузин во Адрианопол. Тој влегол во Цариград на 3 февруари 1347 Јован Кантакузин стигнал во Цариград. Постигнал договор со царот Јован Палеолог со кој Јован Палеолог се оженил со ќерката на Јован Кантакузин.

Ситуацијата на север

Новата ситуација му создала прилики на Душан да се позанимава со состојбите на север. Новиот унгарски крал Лудвиг I ги запоседнал Бачва, Белград и Голубец. Против Лудвиг бил и босанскиот бан Стефан II кој во јули 1343 год. преговар со Далматинските градови кои биле под заштита на Венеција за одбрана на Босна, Хрватска и Далмација. Лудвиг во 1345 год. ги зазел Книн и Задар. Царот Стефан Душан им нудел на Венецијанците воена помош за борба против Задар, но тие ја одбиле оваа понуда. Во летото 1346 година бил склопен мир меѓу Стефан Душан и Лудвиг. Внукот од брат на далматинскиот бан Младен III Шубиќ се оженил со Елена сестрата на царот Душан. Во август 1348 год. бил склопен мир меѓу Унгарците и Венеција. Босанскиот бан откако слушнал за мирот меѓу Србите и Унгарците се исплашил дека ке остане сам и го опседнал Задар и барал посредување од Венеција. Царот Душан им одговорил на Венецијанците дека може да има мир ако тие му го отстапат Захумје.

Сплетките со Византија и неговата смрт

Во 1348 умрел од чума византискиот намесник на Тесалија и Епир. Тоа го искористил Душан и влегол со војска во Епир и ги запоседнал Јанина, Арта и останати градови се до териториите под власт на Анжујците. Албанците кои биле непријателски настроени спрема Византијците служеле во редовите на српската војска. Српскиот војсководец Прељуб ја завзел цела Тесалија. Кон крајот на 1348 год. тој стигнал до околината на градот Птелеа на западниот брег на заливот Воло. Венецијанците се понудиле за посредници со цел да се постигне мир меѓу Византија и Србија. Но царот Душан не сакал мир со Византија туку сакал да ги придобие Венецијанците за сојузници во војната со Византија. Тој им нудел на Венецијанците да им го отстапи епирското деспотсво или Ѓеновскиот град Перу. Венецијанците одбивале да стапат во сојуз со Србите против Византија. Тие веќе биле во војна со Ѓенова заради трговија на Црно Море и сакале да постигнат мир со Србите и Босанците. Царот Душан во 1350 год. тргнал со војска против Босна. Стигнал до Неретва и го освоил градот Нов и тргнал према Цетина. Византијците започнале нова офанзива. Србите се повлекле. Босанците повторно запоседнале градови во Захумје. Босанскиот кнез Вук Вукославиќ го зазел градот Нов. Набрзо потоа умрел банот Стефан и на негово место дошол Твртко I. Византијците превзеле нов поход во Македонија. Обласните господари формално ја признавале византиската власт, но и понатаму останувале независни. Тие му се заканувале на Кантакузин дека ке им ги отворат градските капии на Србите, а на царот Душан му порачувале да не војува против нив бидејќи тие се одметнале од византискиот император. Меѓу нив дошло до раскол. Алексиј Метохит го викнал на помош Кантакузин а Андрија Палеолог Србите. Јован Кантакузин со одред од византиски и турски војници упаднал во српските области. Најпрвин бил нападнат градот Бер. Српските војници кои го бранеле градот биле принудени да се предадат. Кантакузин тргнал со војска во Воден. Српските војници кои го бранеле градот му се предале. Му се предале и помали градови како Остров и Нотија. Кантакузин оттаму тргнал преку Сервија за Тесалија. Тука имало 3 тврдини кои Прељуб со свои 500 војници успеал да ги одбрани и со тоа успеал да ја сочува Тесалија. Кантакузин се вратил во Солун. Царот Душан со своја војска дошол пред Солун. Започнале преговори меѓу Србите и Византијците. Душан како услов за мир барал да се врати границата од пред војната. Кантакузин барал на Византија да им се вратат Тесалија и Епир, а за возврат да им ги остави на Србите внатрешноста на Македонија со градовите Сер, Мелник, Струмица и Костир. Душан се сложил со тоа. Меѓутоа во таборот на Србите дошле претставници на Византиските власти кои барале сојуз за борбата против Кантакузин. Душан прифатил и го раскинал мирот со Кантакузин. Царот Душан ги завзел Воден и Бер. Царот Душан склучил сојуз со Османлискиот султан Орхан нудејќи му ја својата ќерка на еден од Орхановите синови. Царот Душан го наговарал императорот Јован Палеолог да започне војна против Кантакузин. Јован Палеолог сакал да се разведе од царицатата Елена и да се ожени со сестрата на српската царица. Кога за ова дознал Кантакузин ја испрстил царицата Ана во Солун за да ги спречи овие планови. Дошло до нова граѓанска војна во 1352 год. На Балканот за засилила опасност од Турците Османлии предводени од синот на Орхан Сулејман. Византискиот император ги повикал на помош Бугарите и Србите. Неколку илјади српси и бугарски војници се појавиле кај Димотика. Во битката кај Димотика Турците ги поразиле сојузничките српски, византиски и бугарски војски. Дошло до смената на византискиот престол. За нов император бил избран Матија. По поразот на Србите кај Димотика Царот Душан размислувал за војна против Турците. Папата му дал подршка на Душан да војува против Турците. Но наместо тоа избило војна меѓу Србија и Унгарија. Кралот Лудвиг бил во Белград каде што бил царот Душан во јуни 1354 год. Во редовите на унгарската војска се појвила некоја зараза и тие морале да се повлечат. Во пролетта 1355 царот Душан одржал државен собор во Крушишта на југ од Костур. Соборот бил прекинат бидејќи папата го потикнувал унгарскиот крал Лудвиг да за почне нова војна со Србите. Во мај 1355 год. бил постигнат мир меѓу Србија и Унгарија. Во септември 1355 год. Млетќаните и нуделе на кнегињата Елена да ги купат Клис и Скрадина. За овие територии бил заинтересиран и унгарскиот крал Лудвиг потпомаган од Босанците. Царот Душан поставил воена посада во овие два града. Тој не го дочекал крајот на овие настани бидејќи умрел на 20 декември 1355 год. Бил погребан во Архангелскиот манастир кај Призрен.

Гробот на цар Душан во манастирот св. Арахангели во Призрен

Наводи

  1. Сп. Ј. Белчовски, Гијом Адам упатство за патување во Светата земја, 1932 год
  2. Lo imperator Stefano el qual to salvio sengor et posente упатство на дубровничките пратеници на босанскиот крал од 10 јуни 1403 год.
  3. Сфранц како награда бил унапреден
  4. План известија арх. Инст. IV (1989) 31
  5. Данило 227 и д. Kantakezionos II, сар. 25. О односима измеѓу Србије и Унгарске 1331-1355
  6. Византиски извори за историју народа Југославије, Том VI, Beograd 1986, 384-402
  7. Окт. 6854 (1354) Sathas Bibi graeca I 234-239
  8. Увод у законик цара Стефана изд. Новаковиќа стр. 4
  9. Стојан Новаковић, Законик Стефана Душана цара србског. У Београду 1898, стр. 3.
  10. Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 708.
  11. Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912, стр. 417.
  12. Биографие срп. Архепископ. и патријарха Данило 381

Литература

  • Јиричек К., „Политичка историја Срба“
  • „Историја народа Југославије“ том 1, (1953)., Школска књига Загреб.
  • Острогорски Г.(1992)., „Историја на Византија“, Скопје.
  • Петровски Б. (2010)., „Историја на балканските земји во XIV-XV век“, Скопје

Надворешни врски

Предлошка:Link GA