Среднодолногермански јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 13 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q505674 (translate me)
с Бришење на "Extent_of_the_Hansa.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на [[commons:User:Natuur12|Natuur...
Ред 14: Ред 14:
|region = [[Балтичко Море|јужнобалтичко]] приморје, југоисточно [[Северно Море|северноморско]] приморје
|region = [[Балтичко Море|јужнобалтичко]] приморје, југоисточно [[Северно Море|северноморско]] приморје
|extinct = изумрел, претворајќи се во [[долногермански јазик|денешниот долногермански]]; заменет од современиот [[горногермански јазици|горногермански]] [[германски јазик|стандард]]
|extinct = изумрел, претворајќи се во [[долногермански јазик|денешниот долногермански]]; заменет од современиот [[горногермански јазици|горногермански]] [[германски јазик|стандард]]
|map = Extent of the Hansa.jpg
|map =
|mapcaption = Северна Европа во 1400 г. Прикажан е сојузот [[Ханза]]
|mapcaption = Северна Европа во 1400 г. Прикажан е сојузот [[Ханза]]
|lingua=[http://www.linguasphere.info/spip.php?rubrique1018649 52-ACB-ca]
|lingua=[http://www.linguasphere.info/spip.php?rubrique1018649 52-ACB-ca]

Преработка од 16:54, 28 декември 2014

Среден долногермански
Niederdeutsch
Изговорˈniːdɐˌdɔʏtʃ
Застапен војужнобалтичко приморје, југоисточно северноморско приморје
Изумренизумрел, претворајќи се во денешниот долногермански; заменет од современиот горногермански стандард
Јазично семејство
Дијалекти
Писмолатиница (варијанта „фрактура“)
Јазични кодови
ISO 639-3
gml — долногермански (генер.)
Linguasphere52-ACB-ca

Средниот долногермански јазик (герм. Mittelniederdeutsche Sprache, изворно: Niederdeutsch) e јазик кој потекнувал од старосаксонскиот (т.е. стариот долногермански) и е предок на современиот долногермански јазик. Имал голема важност како службен јазик (лингва франка) на големиот стопански сојуз наречен „Ханза“. Се говорел од околу 1100 до 1600 г.

Сродни јазици

Соседни јазици на средниот долногермански во дијалектен континуум на западногерманските јазици биле среднохоланскиот на запад и средниот горногермански на југ, кој потоа бил заменет со нововековниот горногермански.

Средниот долногермански е извор на голем број на заемки во нордиските јазици, што се должи на близките трговски врски помеѓу народите во Ханзата. Како таков, се смета за најголем извор на заемки во континенталните скандинавски јазици и естонскиот јазик.

Историја

Средниот долногермански претставувал лингва франка на Ханзата, и се говорел во сите краишта околу Северното и Балтичкото Море. Извор на јазикот било наречјето во градот Либек. Со тек на време правописот почнал да се стандардизира, но јазикот ne доживеал кодификација.

Важноста на јазикот и неговото влијание се забележува и денес по многуте заемки навлезени во скандинавските, балтофинските и балтичките јазици, како и во стандардниот германски и англискиот јазик.

Во доцното средновековие средниот долногермански го изгубил својот престиж за сметка на нововековниот горногермански. Ова елитно наречје најпрвин се јавило во писменото општење и книжевноста, а потоа и во самиот говор на високите класи. Причините за оваа промена е опаѓањето на моќта и влијанието на Ханзата, проследено од политичката несамостојност на северна Германија и културната предоминантност на средна и јужна Германија со доаѓањето на протестантската реформација и Лутеровата Библија.

Книжевност

Поврзано


Предлошка:Германска фонологија