Кралска академија на науките (Шведска): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 14: Ред 14:
}}
}}


[[Податотека:KVA.JPG|мини|десно|Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм]]
[[Податотека:KVA.JPG|мини|десно|250п|Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм]]
'''Кралска академија на науките''' ({{lang-sv|Kungliga Vetenskapsakademien}}, ''KVA'') — една од [[Кралски академии во Шведска|кралските академии]] во [[Шведска]]. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува [[наука|науките]], пред сè [[природни науки|природните науки]] и [[математика]]та.
'''Кралска академија на науките''' ({{lang-sv|Kungliga Vetenskapsakademien}}, ''KVA'') — една од [[Кралски академии во Шведска|кралските академии]] во [[Шведска]]. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува [[наука|науките]], пред сè [[природни науки|природните науки]] и [[математика]]та.



Преработка од 21:53, 8 октомври 2014

Кралска академија на науките
Kungliga Vetenskapsakademien
Геслоatt främja vetenskaperna och stärka deras inflytande i samhället
(да се поттикнат науките и да се зајакне нивното влијание во општеството)
Основана2 јуни 1739
СедиштеСтокхолм, Шведска
Членство1600 академици
175 странски членови
ПретседателСванте Линдквист
Постојан секретарСтафан Нормарк
Мреж. местоkva.se
Зградата на Кралската академија на науките во Стокхолм

Кралска академија на науките (шведски: Kungliga Vetenskapsakademien, KVA) — една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките, пред сè природните науки и математиката.

Академијата е основана на 2 јуни 1739 г. од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.[1]

Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала (основано во 1719 г.), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, кадешто биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво во Лондон и Кралската академија на науките во Париз.

Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди:

и државни награди:[7]

Пишани изданија

Kongl. Svenska Vetenskaps-Academiens handlingar, том XI (1750).

Ова се тековните научни списанија на академијата:

  • Ambio (1972-)
  • Acta Mathematica (1882-)
  • Arkiv för matematik (1949-; од 1903 до 1949 под друг наслов, каде се опфаќале и физиката и астрономијата)
  • Acta Zoologica (1920-)
  • Levnadsteckningar över Vetenskapsakademiens ledamöter (1869-) - биографии на починати академици
  • Physica Scripta (1970-) - заедно со Норвешката академија на науките и книжевноста
  • Porträttmatrikel (1971-) - портрети на тековни членови
  • Zoologica Scripta (1972-) - заедно со Норвешка академија на науките и книжевноста
  • ETAI (1997-)

Поврзано

Пресконференција во салата за седници на академијата

Наводи

Надворешни врски