Марио Ланца: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 75: Ред 75:


== Надворешни врски ==
== Надворешни врски ==
{{ризница|Mario Lamza}}
{{Commons}}
* [http://www.lanzalegend.com/ Ланца легенда] - Официјална страница за Марио Ланца {{en}}
* [http://www.lanzalegend.com/ Ланца легенда] - Официјална страница за Марио Ланца {{en}}
* {{imdb name|id=0487292|name=Марио Ланца}}
* {{imdb name|id=0487292|name=Марио Ланца}}
Ред 81: Ред 81:
* [http://www.bmls.co.uk/ Друштво на Марио Ланца на Британија] {{en}}
* [http://www.bmls.co.uk/ Друштво на Марио Ланца на Британија] {{en}}



{{DEFAULTSORT:Ланца, Марио}}
{{нормативна контрола|VIAF=59263552}}

{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ланца, Марио}}
[[Категорија:Американски оперски пејачи]]
[[Категорија:Американски оперски пејачи]]
[[Категорија:Оперски пејачи]]
[[Категорија:Оперски пејачи]]

Преработка од 14:28, 7 октомври 2014

Марио Ланца
Ланца во „Љубимецот на Њу Орлеанс“ (1950)
Роден(а)Алфред Арнолд Кокоца
31 јануари 1921(1921-01-31)
Филаделфија, САД
Починал(а)7 октомври 1959(1959-10-07) (возр. 38)
Рим, Италија
НационалностАмериканец
Занимањеоперски пејач, глумец
Активен период1942–1959

Марио Ланца (италијански: Mario Lanza; 31 јануари 19217 октомври 1959) — американски тенор и холивудска ѕвезда, мошне успешен во доцните 1940-ти и 1950-тите години. Некои сметаат дека неговиот глас му парира на оној на Енрико Карузо, кого Ланца го одиграл во филмот „Големиот Карузо“ (1951). Ланца можел да пее секаков вид на музика. Додека неговиот високоемотивен не бил добредојден кај сите критичари, Ланца уживал неизмерна популарност и неговите снимки и денес високо се вреднуваат.

Оперска кариера

Роден Алфредо Арнолд Кокоца во Филаделфија, Пенсилванија, бил изложен на опера и пеење уште од мали нозе, а на 16-годишна возраст неговиот талент бил воочлив. Татко му Антонио Кокоца се родил во Филињано, Италија и се преселил во Америка кога имал 16 години. Започнувајќи со локални оперски продукции во Филаделфија, Алфредо Кокоца подоцна бил приметен од диригентот Сергеј Кусевицки, кој му доделил полна стипендија на Беркширскиот музички фестивал во Тенглвуд во Масачусетс. Кусевицки подоцна му рекол на Ланца: „Имаш глас што се слуша еднаш на сто години“.

Дебитирал во операта како Фентон во „Веселите жени од Виндзор“ од Ото Николај, во Тенглвуд на 7 абгуст, 1942, откако учел кај диригентите Борис Голдовски и Леонард Бернштајн. Тука Кокоца го прифатил сценското име Марио Ланца, што е всушност машка верзија на мајчиното име. Изведбата била успех и Ланца се прославил како голем талент. Потоа Ноел Штраус од New York Times го поздравил 21-годишниот тенор со зборовите дека нему „во денешницата му се малкумина рамни по квалитет, топлина и моќ“.

Неговата оперска кариера прекинала со Втората Светска војна, кога бил испратен да служи во Специјалните служби во американската авијација. Се појавил во воените театарски програми On the Beam и „Крилата победа“ додека бил во авијацијата. Се појавил и во филмуваната верзија на второспоменатата (но како непрепознатлив член на хорот).

Продолжил со пеење во 1945 на радиопрограмата на CBS насловена како „Големи мигови во музиката“, каде се појавил шест пати, пеејќи разни арии. Потоа учел петнаесет месеци кај Енрико Розати, па тргнал на 86-концертна турнеја низ САД, Канада и Мексико помеѓу јули 1947 и мај 1948 заедно со Џорџ Лондон и Франсес Јинд. Во април 1948 пеел во улога на Пинкертон во „Мадама Батерфлај“ во Њу Орлеанс (диригент: Волтер Херберт) и со тоа се здобил со голема слава. На концертот на Холивуд Боул бил приметен од студиото МГМ, со кого потоа Ланца потпишал седумгодишен договор. Ова донело пресудни промени за кариерата на младиот пејач.

Филмска кариера

Марио Ланца во улога на Пинкертон со Кетрин Грејсон како Цио-Цио Сан во „Мадама Батерфлај“ во филмот „Љубимецот на Њу Орлеанс“ (1950)

Според договорот со МГМ, Ланца требал да се посвети на студиото шест месеци. Отпрвин Ланца успешно ја комбинирал филмската со оперската кариера, инзвонредно изведувајќи два пати во „Мадама Батерфлај“ за Оперското здружение на Њу Орлеанс во април 1948. Продолжил да изведува и на концерти, соло и како дел од триото Бел Канто со Џорџ Лондон и Франсес Јинд. Во мај 1949 почнал и да снима плочи во РКА Виктор. Меѓутоа, заради големиот успех во неговите први два филма, „Тој полноќен бакнеж“ и „Љубимецот на Њу Орлеанс“, како и заради успехот со плочите, неговата слава пораснала во огромна мера.

Во 1951 Ланца го одиграл Енрико Карузо во филмот „Големиот Карузо“, а со тоа Ланца и самиот филм повторно доживеале голем успех. Популарноста на Ланца истовремено го изложувала на критиките на некои музички критичари, меѓу кои и оние кои го фалеле до пред некоја година.

Во 1952, откога претходно ги снимил песните за филмот „Принцот-студент“, Ланца бил отпуштен од МГМ заради несогласувања со режисерот Кертис Бернхарт и неговото напуштање на студиото. МГМ одбиле да го сменат Бернхарт, и затоа улогата на Ланца ја презел Едмунд Пардом, кој гестикулирал на претходно снименото пеење на Ланца.

Депримиран заради отпуштањето, и со мошне нарушена самодоверба, Ланца се изолирал повеќе од една година, често барајќи излез во чашката. Во овој период Ланца станал речиси банкрот заради лошите инвестиции на неговиот поранешен менаџер, како и заради неговиот раскошен живот, и должел $250,000 во даноци.

Му се вратил активно на филмот во 1955 во „Серенада“. Меѓутоа и покрај неговата силна музичка содржина, филмот не бил успешен како претходните. Ланца потоа се преселил во Рим во мај 1957, каде работел на филмот „Седум рида на Рим“ и ѝ се вратил на изведбата во живо во низа успешни концерти низ Британија, Ирска и Европа. И покрај влошеното здравје, поради кое откажал неколку концерти, Ланца и понатаму добивал покани за оперски настапи, концертии филмови.

Тенорот Ричард Такер разговара со Марио Ланца во 1958 на неговото деби во Ковент Гарден

Доцна во август 1958, Ланца направил неколку оперски снимки во Римската опера за неговиот последен филм „За прв пат“. Тука дошол во контакт со уметничкиот директор на операта, Рикардо Витале, кој му понудил улога во „Паљачи“ во сезоната 1960/61. Меѓутоа истовремено тој заболел од разни боелсти, меѓу кои флебитис и акутен висок крвен притисок. Старите навики на прејадување, па нагла диета, заедно со неговите пијанки, дополнително му ги влошиле проблемите. Следната година, во арпил 1959, Ланца претрпел помал срцев удар, а потоа во август и двојна пневмонија. Умрел во Рим во октомври истата година на 38-годиншна возраст од белодробна емболија. Неговата вдовица Бети, се преселила назад во Холивуд со четирите деца, но пет емсеци подоцна земала барбитурати и со тоа се самоубила; помладиот син Марк умрел во 1993 од срцев удар на 37-годишна возраст.

Кусата кариера на Ланца се протегала во сферата на операта, радиото, концертите, плочите и филмовите. Тој бил првиот човек на РКА Виктор кој добил златен диск. Бил и првиот изведувач кој продал 2.5 милиони албуми. Се смета дека Ланца, како високовлијателен изведувач, им вдахнал инспирација на следните генерации на оперски пејачи како што се Пласидо Доминго, Лучијано Павароти, Лео Нучи и Хозе Карерас, како и оние на пејачите од различни позадини и влијанија како неговиот колега во РКА Виктор, Елвис Присли. Во 1994, тенорот Хозе Карерас му оддал признание и почит на Ланца во светска турнеја, велејќи за него: „Тоа што сум оперски пејач е благодарение на Марио Ланца“.

Филмографија

Марио Ланца во „Отело“ од Верди

Избрани снимки

Наводи

  • Cesari, Armando. Mario Lanza: An American Tragedy (Fort Worth: Baskerville, 2004). (ISBN 1-880909-66-9)
  • Callinicos, Constantine. "The Mario Lanza Story" (New York, NY, 1960). (Library of Congress Каталошки број: 60-12480)
  • Mannering, Derek. "Mario Lanza: Singing to the Gods" (Great Britain, 2001) (ISBN 0-7090-6876-X)
  • Lanza, Damon & Dolfi, Bob. "Be My Love: A Celebration of Mario Lanza" (Chicago, IL, 1999) (ISBN 1-56625-129-X)
  • Bessette, Roland L. "Mario Lanza: Tenor In Exile" (Portland, OR) (ISBN 1-57467-044-1)

Надворешни врски